Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
2.235
Поени од реакции
6.377
Не е прв пат да не учествуваме, се има случено повеќе пати. И според мене треба, меѓу најстарите турнири у Европа е, солидно е организиран и Вардар како најтрофеен мора да учествува.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.970
Поени од реакции
9.614
Не се сложувам. Сите тие горенаведени дојдоа на помлади години и скепсата беше дека им беше прв предизвик посериозен. Овој има 27 години, ќе полни 28 годинава и ова му е прв предизвик во Европа. Да бил добар, бар во втора француска ќе играл некогаш во животот. Во репрезентација ќе играл постандардно.
Плус балканците се наш менталитет, лесно се вклопуваат.
Овое се чурук луѓе, од збор не се разбираат, само шутираат кога ќе им текне.
Pa nema veze toa, skepsa si e skepsa:)isto vikavme i za site ovie prethodno, pošo nemaš pojma koi se i toa e. Dali ke bide dobar za klubot ili ne. Dali ke pridonese so igrata ili nema. I što ako tipot e 27 godini, toa si se taman godini, ne mora ništo da znači. Ili te biva ili ne. Što ako e balkanec i trup? Nema veze. Balkanec beše i Gojkovič pa beše beter i od Bakar. Ne vikam deka ke se pogodi tipot, ama ne može da znaeme dur ne vidime.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.832
Поени од реакции
7.226
Ако бил планот да се носи некој квалитетен голман требаше уште пред неколку месеци да се заврши таа работа, до сега од балканскиве голмани што беа слободни на пазарот сите си најдоа клубови, Митревски и Ивиќ во Пелистер(вториот сигурно можеше кај нас да заврши), Иванишевиќ во Гепинген, Лесјак во Тримо Требње, Лука Кривокапиќ во Штутгарт, Шуњиќ во Сесон Рен.

Си играв малце трансфермаркет и ми се разви некоја теорија дека е можно со еден од овие двајца голмани да преговараме.:D
Првиот е Иван Пањан, хрватски голман, бранеше во Саран изминативе две сезони, оваа сезона испаднаа од прва француска лига и заминува од клубот, колку што можам да најдам информации сеуште нема потпишано за некој клуб.
Вториот е Мохамед Ел-Тајар, бранеше во Балинген, сезонава беа последни во Бундеслига и заминува од клубот, би било супер ако го собереме, сепак за него мислам дека ќе оди во некој друг бундеслигаш.

Се надевам само на крај нема некој ананомус голман да донесеме од арапските земји или некој Србин што цела кариера ја поминал во домашно првенство.
 
Последно уредено:
Член од
17 април 2024
Мислења
596
Поени од реакции
1.390
Pa nema veze toa, skepsa si e skepsa:)isto vikavme i za site ovie prethodno, pošo nemaš pojma koi se i toa e. Dali ke bide dobar za klubot ili ne. Dali ke pridonese so igrata ili nema. I što ako tipot e 27 godini, toa si se taman godini, ne mora ništo da znači. Ili te biva ili ne. Što ako e balkanec i trup? Nema veze. Balkanec beše i Gojkovič pa beše beter i od Bakar. Ne vikam deka ke se pogodi tipot, ama ne može da znaeme dur ne vidime.
Трупец како Гојковиќ мислам нема шанси некогаш да се повтори :vozbud:
 
Член од
23 мај 2024
Мислења
135
Поени од реакции
273
Ќе биде каша попара ако отиде Јасухира, засега не е договорен да остане.
Nie go baravme, ama wisla barase 40 000 e osteta, i skap ni bese bevme blisku ama dzabe, sega ni vie ni nie nema da go imame potpisa nadvor od evropa, kaj so ima pokje pari. Steta za takov igrac…
 
Член од
17 април 2024
Мислења
596
Поени од реакции
1.390
Па белким нема Танкосен сега стартен среден да ни игра упм...
 
Член од
23 март 2017
Мислења
391
Поени од реакции
707
Не е се така црно, го имаме и Гојковиќ :D
Цццц :( штета а кој викаше дека ако Јасухира си отиде имаме договорена замена, а замената е Танкоски ? Ај додека е време да го вратиме пак назад Мишевски на среден ….:(
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
305
Поени од реакции
1.702
Стрпете се, да го допијат вмровците кафето и ќе го направат Вардар повторно јак. Што би рекол @Kire Ultras, заврши зелената ера :icon_lol: Ама да не почне црната…

Ако денот по утрото се познава…
 
Така е ако 40.000 евра им се многу да платат за оштета на класа среден бек ондак се гледа колку сме или ќе бидеме сериозен клуб , а имаа повеќе од година дена да ја најдат таа смешна сума на пари ама битно Бакар и Гојко ги имаме уште у состав за следна сезона!?
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.748
Поени од реакции
6.479
Стрпете се, да го допијат вмровците кафето и ќе го направат Вардар повторно јак. Што би рекол @Kire Ultras, заврши зелената ера :icon_lol: Ама да не почне црната…

Ако денот по утрото се познава…
Види со јапонецот Вардар сака да го задржи но незнаеме колку пари бара Висла Плок и до каде е целата ситуација бидејки знаеме дека кај нас е на позајмица и не зависи све од нас.

Читам погоре информации дека веќе потпишал на друго место , па ако потпишал ке објавеше барем еден медиум , но реков проблем е тука и Висла Плок кој веројатно бараат многу пари така да ајде да почекаме.

Во врска со тоа што си ме тагнал за ситуацијата околу РК Вардар, ме терате пак да зборам за политика сега :D

Верувам вчера сите прочитавте дека се направи 2/3 мнозинство во влада , тоа што го пишав тука пред неколку денови дека најверојатно Борко ке биде новиот министер за спорт и сега тоа веќе се покажува како точно , околу Вардар да немате дилеми повторно ке бидеме јаки тоа ке биде 100 %

И јас ви реков , имајте малце трпение , уште ни влада не е изгласана и направена официјално а вие сакате преку ноќ Вардар да се крене , дајте му на Борко неколку месеци да ги најде сите можни спонзори и одиме на врвот , имајте трпение Вардар е во сигурни раце :)

Следно очекувам тука да дојдат битолчаните и да пишат како може Борко да биде министер за спорт и извршен директор на Вардар , бидејки ке биде во влада ке има две позиции и голема моќ ..
Сигурно знае Борко што прави , наредниве денови ке се знае и сигурно дали Борко ке биде новиот министер за спорт а такви се најавите бидејки е близок до оваа власт ..
 
Те сфаќам се што сакаш да кажеш, но не се залетувај(те) уште од сега со бомбастични шпекулации и пишувања. Го закопа Пелистер, а поголеми се шансите нас да ни избегаат повеќе играчи од нив. Сигурен сум дека имаш одредени извори и дека мислиш се најдобро, но реалноста е сосема поинаква.

На Пелистер ова им е врвот, парите им се тие и погоре тешко дека ќе мрднат, но и вакви какви што се се појаки од цела лига. Нас јапонецот ни е пола тим, без него што мислиш колкави ни се шансите за титула? Ние имаме многу повеќе дупки за крпење од нив, а ако си отиде и Јасухира тогаш и кратер останува да пополнуваме. Сериозен клуб плаќа 30-40.000 евра за него, а се ослободува од Гојковиќ, Мојковиќ и слични шарлатани кои имаат придонес во играта колку еден младинец. Сериозноста (парите) ќе ги видиме наскоро, односно со изборот на голман.

Никој не очекува клубот да се среди за две недели и да освои титула, но не ја палете непотребно ситуацијата уште толку со потценувачки постови, а после кога ќе се залепат дел од битолчаните одат сите теми во три лепе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom