- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.059
- Поени од реакции
- 6.540
Во светло на актуелните настани и војните во Украина, Палестина, Јемен, Конго, Судан, Мексико и други неодамна во друштво начнавме муабет за војната како феномен и дали и колку е составен дел од она што во недостаток на погоден израз би се нарекло "човечка природа". Имаше поделени мислења како војната била неизоставен дел од неа, други мислеа дека војната е тешка абоминација која постои само затоа што постојат паразити во човечка форма.
Имајќи предвид дека во моментов имало триесетина активни конфликти во светот (најмногу во Африка) се поставува прашање што е тоа што ги мотивира војниците и паравојниците да стават глава во торба за нечии интереси?
Кои би биле последиците од долготраен мир врз економијата, психата, културата и општествените процеси во светот?
Дали е можен мир и по која цена?
Колку тука игра улога култот кон смртта кој е присутен во многу култури, западни и источни, каде имаме величање на воини, војсководци и војни јунаци, нивно ставање на пиедестал на сметка на оние кои придонеле за подобар квалитет на живот за целиот свет. Ниту еден плоштад нема споменик на изумител или лекар кој измислил антибиотици, не постои улица именувана према ликот кој го исмислил коктелот Блади Мери или булевар по име на рандом сликар кој вовел нов жанр и нови техники на изразување.
Повремените споменувања на научници како Тесла се сведуваат на чукање во гради и ништо повеќе.
Па и на форумов, темите за војни се необично популарни! Зошто постои таква перцепција?