Дури беше 3G мрежата тогаш му беше поарно на Телекабел и Телеком корисниците, сега тие телефони што немаат VoLTE нема да имаат па воопшто салам повици ќе му слегуваат директно на 2г што е доста лошо, а пак чим досега никој не потврди дека Телекабел има VoLTE ќе тераат на 2G повици.
За срамота од Телеком е ова што му го прават, а во други земји имаат VoLTE сите оператори без разлика виртуелни или мрежни.
Требаше да следи соопштение во однос на прекинот,.ама нема ништо од Телекабел, како на пример;
,, Почитувани корисници на мобилната телефонија, се извинуваме за настанатиот прекин на нашите мобилни услуги,
Нашиот оператор давател на мрежа ја исклучи 3G мрежата за секогаш што настана прекин на услугите. Ќе ве замолиме да наместите на вашите телефони во мобилни мрежи 4G/3G/2G за да можете да ги користите повиците кои за жал ќе одат преку 2G технологијата. За VoLTE услугата немаме постигнат договор со операторот давател, а со тоа за жал ви ги скратуваме можностите за чисти повици преку VoLTE услугата која ја има мрежниот оператор. Доколку имате било какви потешкотии контактирајте не на нашиот контакт број 074 747 474.
Ваш Телекабел"
Значи ме бидува да бидат и во менаџментот на Телекабел и да ви направам се за вас да видите задоволни, ама ќе биде и тоа во иднина ако сум упорен.