ако може некои поранешни пратеници кои после последните избори не се изберени за пратеници да добијат право на апанажа од 12 месеци, а истите мене колку што ми е познато им мируваше работното место во администрација додека беа пратеници?
Ајде оние пратеници кои не се вработени па и да земаат апанажа, ама како може да имаат право на апанажа ликови кои се вработени во јавен сектор во административен сектор во општините од каде што се и жители.
Го разбира ли некој ова како е можно?
Ликот си е вработен во општина уште од пред 12-13 години, изгура два мандати пратеник, не избран како пратеник на последните избори поради тоа што не успеа да добие тој и неговата партија доволно гласови поради потоп на избори и дебакл, и сега место да се врати на работно место во општината, тој ќе зема 1 година апанажа по 74.000 денари месечно.