Не разбирам како неработење на одреден сектор во министерство е основа за негово издинување на ниво на министерство. Ако некој сектор не функционира се знае како се решава тоа, со строга контрола на раководните органи на истиот сектор. Министерство се создава од некој сектор ако истиот стане доволно голем и има доволно обврски за да е потребно од оранизациски аспект да биде како посебна единка.
Повторно, зошто е потребно агенцијата за млади и спорт да стане министерство, што се случува ако нешто стане министерство? Добиваат по 10% бонус на работа, и 12% бонус на бирократкса ефикасност?
Ок , иако повторно ќе кажам, не знам овие ресори кога направиле нешто. И не разбирам што префрлање лево десно добива, кога ресорите пак нема да работат. Дали Министерот за култура дава повеќе бонуси од министерот за економија?
Повторно чисто преименување, али не спомнуваат некакви промени. Проблемот со Министерството за Информатика е неговата внатрешна структура, каде што секторите за администрација се доминанти, додека секторите за информатика и телекомуникации се скоро непостоечки.
Еве ја листата на сектори.
- Сектор за администрација [Администрација]
- Одделение за креирање и анализа на политики во областа на РЈА
- Одделение за координација на СРЈА
- Одделение за поддршка на примената на ЗОУП
- Сектор за поддршка на институциите од јавниот сектор [Администрација]
- Oдделение за согласности на актите за внатрешна организација и систематизација на работни места и годишни планови за вработување на органите на државната управа и локалната власт
- Oдделение за согласности на актите за внатрешна организација и систематизација на работни места и годишни планови за вработување на институциите од дејностите и јавните претпријатија
- Сектор за развој и управување со човечки ресурси во јавниот сектор [Администрација]
- Одделение за координација на управувањето со човечки ресурси
- Одделение за ИСУЧР
- Академија за стручно усовршување на административните службеници [ Ова постои само на хартија ]
- Одделение за креирање на политики за обука
- Одделение за координација и спроведување на обуки
- Сектор за информациско комуникациски системи [ Секоја институција си тера своја ИКТ политика, повторно само на хартија постои ова ]
- Одделение за управување со ИКТ проекти
- Одделение за оперативно и техничко одржување на ИКТ системи и инфраструктура
- Одделение за апликативно одржување на ИКТ системи
- Одделение за безбедност на мрежи и информациски системи
- Сектор за поддршка и развој на информатичко општество [ Немa апсолутно никаква стандардизација, ниту пак даваат некаква подршка за јавни институции, сите се оставени на себе и си прават што сакаат ]
- Одделение за анализи и планирање на информатичко општество
- Одделение за стандардизација и сертификација
- Одделение за техничка поддршка на МИОА и институции од јавен сектор
- Сектор за комуникации
- Oдделение за електронски комуникации со информатички технологии
- Oдделение за аудио-визуелни политики
- Сектор за нормативно - правни работи [ Бирократија ]
- Сектор за ЕУ интеграција и меѓународна соработка [ Бирократија ]
- Сектор за општи работи [ Бирократија ]
- Сектор за финансиски прашања [ Бирократија ]
- Сектор за јавни набавки [ Бирократија ]
И се враќаме на старото, институциите не функционираат, не дека се лошо "организирани". Туку поради луѓето во нив. Префрлање сектори лево, десно. Издигнување на сектори на ниво на министерства, или пак преименувања ќе има нула ефект на нивното работење или поточно неработење.