На Реал Мадрид не му е потребен Мбапе на Мбапе му е потребен Реал за да освои нешто у ЛШ.
Мене повеќе ми е ќеф за Ендрик.
Него сакам да го видам у напад.
Ако некој може да ги скоцка играчите на добри позиции тоа е Карло, пошто годинава освоивме ЛШ и Ла Лига со само еден класичен напаѓач (Хоселу)
Друга работа што научивме е дека Винисиус и Родриго можат дефинитивно да играат и како класични напаѓачи, до лани цел свет (и ние) мислевме дека можат да играат само по крилни позиции.
По мое, ако Родриго и Винисиус можат да играат и крило и деветка, значи ги играш тројцата напред и во тек на натпреварот им ги ротираш позициите. Чат пат Мбапе 9ка, чат пат Винисиус, чат пат Родриго. На тројцата им е лево крило омилена позиција па кој и да игра таму ќе му ебе мамата на бекот.
Крос не е веќе тука, па не е задолжително да се игра со 4 во средина на теренот. А и самиот Карло изјави дека поради тоа што Крос нема да е тука и Мбапе ќе е тука дека ќе треба да се менува начинот на игра кон по офанзивен.
Друг луксуз кој ќе го имаме е системот од оваа година, кој се покажа неверојатно добро во дефанзивен план. Така да Карло ќе е на слатки маки.
Ух, уште сега едвај чекам да почне наредната сезона...
Тоа е тој хипноза ефект што го има Реал Мадрид врз младината ширум светот.
- К.Роналдо, Крос, Модриќ, Бензема итн како деца им се восхитувале на Зидан, Роналдо, Фиго итн. (Тука некаде јас станав фан, во галактикос ерата)
- Мбапе, Камавинга, Валверде, Винисиус, Родриго итн им се восхитувале на К.Роналдо, Крос, Модриќ, Бензема итн
Еве ги "новиве" играчи веќе имаат по 2 освоени ЛШ а уште не го достигнале врвот на играчките можности.
Доаѓа до година нова крв, и факинг Мбапе
Рачунај на Фифа секое второ дете ќе игра со Реал.
И така тркалото се врти, а за тоа тркало најголем виновник е еден стар лисец, што потекнува од работничка класа и без ничија помош се проби таму каде што е: Флорентино Перез.
Не дека Флоро го дигна Реал од нула, далеку од тоа. Но од 2000 наваму нема подобро воден клуб во светот, веројатно во сите спортови. Крај на муабетот.
Верувам дека Карло со синчето ќе го склопат најдобро што можат у составот.
Али интересна опција би било. Белингам да го земе местото на Крос (иако и Карло рече дека тоа нема да се случи...), ама мислам дека има потенцијал за тоа Белингам. Мирен е на топка, прецизен, знае да ја застане и да размисли, и мн битно мн добро брани, покрива во одбрана.
А Родриго да го земе местото на Белингам... да влече напред од средина?
Реално за таа позиција плаче Брахим Диаз. Ама кај Карло не е ништо невозможно.
Не знам дали е на Дон Карло најголема заслуга, или е до целокупното водење на клубот под водство на Флорентино, ама секоја чест каква атмосфера владее во овој клуб. Неверојатно, одамна немаме просведочено на таква доминација пред сè на психички план, толку голема самодоверба на теренот, секоја чест. И таква хармонија владее меѓу играчите, сите во добри односи, нема кланови, нема поделби. Имаат тренер кој во исто време е и голем авторитет и близок како другар со играчите (пуши пури со црната банда). Спремни се да гинат за Карло, само треба прв да им дадеш гол, те фаќаат во стапица, Карло дига веѓа и ти прават пресврт дур да трепнеш.
Најјака ситуација, пред 2 сезони мислам дека беше, на Енфилд нокаут фаза во ЛШ, Ливерпул води 2-0 после десетина минути игра и само ги гледаш Модрич и Бензема како се гледаат, се смешкаат, во очите им се гледа колку се самоуверени и сигурни во себе. После 70 минути, резултатот 2-5 за Реал.
Се приметува и односот меѓу играчите, многу повеќе се од само соиграчи од клуб, а таа хемија често знае да биде најбитна за успех. Нема психички и психолошки појак тим од Реал моментално, дури ни Сити (што се виде во двомечот) кој веројатно е најблиску до нив. Трет веројатно би бил Интер, ама сезонава разочараа единствено со раното испаѓање во ЛШ.
Ваква слично добра атмосфера имаше во Барселона во времето на Гвардиола (а тоа е пред добри 10-15 години), во меѓувреме можеби Баерн одреден период или Ливерпулци неколку сезони со Клоп, ама тоа траело далеку пократко од оваа сигурност и стабилност што моментално ја демонстрира Реал.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.