- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.533
- Поени од реакции
- 37.379
...кога се нема одговор секогаш времето е криво и кај младите и кај повозрасните!Проблеми со временските промени имаат веќе не само старо, туку и младо....тоа е на жалост.
...нормално дека наглите промени делуваат кај човекот, но само како тригер на уште посилно потенцирање на некои симптоми кои се резултат како последица од други здравствени проблеми.Дали имате проблеми со честите и ненадејни промени на времето ( барометарскиот притисок) ??
Деновиве мислам кажуваа и за сончева бура, дали таа има сличности со Сончевите Пеги во август 1972, тога= имав напади на вертиго 3 месеци, па пиев Торекан...
вчера попладне имав напад на Вертиго а и на спазми во желудник, можно ли е и до кај нас да имало влијание на поларната светлина и геомагнетските бури, а читав и за црвено небо во Србија ??
...штом е спрегата комбинација вртоглавица и дигестивни проблеми, често пати имање на „скриена желудачна кила“, или проблем со жолчка или погрешна исхрана во нагли обилни оброци или проблеми со столица со запек знаат да дадат не само вртоглавици туку и покачен крвен притисок и тахикардија во моментот, а со самото празнење на желудникот или излегување по голема нужда, народски кажано, „притисокот врз крвните садови се намалува“ и симптомите ќе се повлечат или барем ќе се намалат,
...инаку да не спомнеше „спазам на желудникот“, тогаш вртоглавицата би била од друга природа, дали склеротични промени на мозокот, дали проблеми со средното уво.
...инаку, подалеку од лекот Торекан (тиетил-еразин малат, група фенотиазин), има многу незгодни несакани дејства, затоа денес многу поретко се применува!
Последно уредено: