Фан клуб - РК Вардар

Дали ова е точно Вардарци?
 
Дај кажи нешо поише барем од која земја доаѓа и дали е подобар од Томи наш , инаку новиве засилување некако покажуваат дека ќе имаме и нов тренер наредната сезона?
Столе плаче за да ја води екипата, створен е/беше за Вардар и играчки и лидерски. Сега како тренер дојде време да го продолжи шампионскиот и победничкиот менталитет кој што го красеше Вардар ;)
 
Мешал баби и жаби,па во неколкуте статуси пишува за местенка со Сосиедад 1у2,а 0-6 заврши,па така ги тестирал читачите он.Во наредниот статус без причина го ставил м...на вест со слика,а ништо нема врска човекот со пишаното.Дали си пати со фрустрации од Вардар нешто човекот,или пак пробува некој рекет,а најмногу може да изрекетира од клубот кригла пиво не знам.
 
Не знам дали и што е точно ама овој лик е најНЕрелевантен извор на информации. Само пишува статуси не знам ни некој дали го зема за сериозно. Па кога загина Тоше цела МК коа плачеше овој пишуваше дека е жив и се крие. Не е вреден ни за спомнување а ете 5 реченици потрошив и ја на него.
 
Дај кажи нешо поише барем од која земја доаѓа и дали е подобар од Томи наш , инаку новиве засилување некако покажуваат дека ќе имаме и нов тренер наредната сезона?
Не кажува Борко имиња, што ми се допаѓа. Доста е веќе од шпекулации и нагаѓања по медиумиве.
 
Не кажува Борко имиња, што ми се допаѓа. Доста е веќе од шпекулации и нагаѓања по медиумиве.
Кажи му нека им пушта водичка на овие куртониве од портали што дремат по темиве како лешинари, да имаат што да напишат. :D

ШОК ШОК ШОК !!!
ХАНСЕН, КАРАБАТИЧ И КИРЕ ЛАЗАРОВ(СЕ ВРАЌА ОД ПЕНЗИЈА) ВО ВАРДАР !!!
БОРКО ДОГОВОРИЛ СВЕ, ОСТАНУВА САМО ДА ПОМИНАТ НА ТЕХНИЧКИ ! :D
 
Добро е за сега, две квалитетни засилувања. Верувам дека и португалецов е добар на крило. Многу ме интересира што ќе се испазари на десен бек, тоа е позицијата која ни е најкритична, и секако голманската по заминувањето на Томовски. Ако се испазари добро на тие две позиции ќе биде интересно.
 
Го гледав подкастот на Емил Угриновски сопственик на Неуромедика кај Мишко Иванов , за тие што незнаат он е моментално претседател на управниот одбор во РК Вардар ..

На тема Вардар кажа дека во наредниот период очекува да има нови спонзори и клубот да биде посилен , имаше прашање од водителот дали ке се врати Самсоненко , рече тоа е шпекулација односно се работи за други спонзори ...

И за крај , очекувајте нови добри играчи во Вардар :)
 
Последно уредено:
Уште не ми се верува, иако поминаа пет години. Од -7 на полувреме против Барса до шампионска титула со Веспрем во финале, башка без плата цела сезона... Каков менталитет :oleee:
 
Ништо не е потребно да се каже, доволно е да се прочитаат трите житија од @Saber Rider .
Поздрав екипо!

Алкалоид прима 7 гола на празен гол за едно полувреме и пак форсираат 7 на 6, не знам како против нас Кире некад нема некој мозочен удар од овој тип, денеска си ја заврши Пелистер работа уште на полувреме, криво ми е што втора сезона по ред ќе ни земат титула поради наши киксови, а во дирекните дуели со нив секогаш излегуваме како победници.
 
Уште сезонава и толку им е,само нека не не преставуваат во Европа ја страмат Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom