КОМИТИ ЗАПАД | Сезона 2023/24
Групата присуствуваше на вкупно 36 натпревари од кои, на ФК (25), РК (7) и на натпреварите на Шалке/Тетекс (4)
Гостувања: Фудбал - 10, Ракомет - 2
Со тоа што натпреварот со Работнички го игравме во Маџари, затоа и не е пишан.
Групата на 15 натпревари имаше кореографија, проследена со пиро и тоа:
ФК Вардар - ФК Слога Југомагнат (13.08)
ФК Вардар - ФК Македонија Ѓ.П. (02.09)
ФК Вардар - ФК Гостивар (24.09.)
ФК Вардар - ФК Шкендија (08.10)
ФК Работнички - ФК Вардар (22.10)
ФК Вардар - ФК Брера Струмица (29.10)
ФК Вардар - ФК Воска (11.11.)
ФК Вардар - ФК Тиквеш (10.12)
ФК Вардар - ФК Брегалница (25.02)
ФК Вардар - ФК Шкендија (16.03)
ФК Вардар - ФК Струга (07.04)
ФК Вардар - ФК Воска (21.04)
ФК Силекс - ФК Вардар (12.05)
ФК Вардар - ГФК Тиквеш (19.05)
ФК Вардар - ФК Детонит Плачковица (26.05)
САМО пиро имаше на натпреварот:
ГФК Тиквеш - ФК Вардар (17.09)
ФК Вардар - ФК Македонија Ѓ.П. (04.05)
ФК Вардар - ФК Работнички (06.03)
Фото извештај имаше од сите натпревари, само едно недостасува.
Видео извештај има од 19 натпревари, но во изработка се уште 2-3 видео извештаи, заедно со баражот.
Само на најавите се запалени околу 50 бакљи вкупно, додека како никогаш досега секоја екипа била посветена на мобилизација. Не знам колку топови платно се потрошени..
Графити: Од летото, до сега се направени 70-на нови графити, има дел кои не се објавени се уште. Најдолг графит на групата е направен токму сезонава (околу 220 м)
МАРКЕТИНГ:
15.06 | Капчиња ,,Засекогаш твој"
16.06 | Налепници ,,Шалови"
21.09 | Маички ,,Спасувај глава"
03.10 | Нови шалови 1947/87
14.11 | Нови капи
05.12. | Нови pvc налепници
07.12 | Нови дуксери
12.01 | продажба на маички ,,Водици"
21.02 | ЕВРО налепници
12.03 | фантомки ,,Костур"
3.04 | Маички ,,Заветна"
18.05 | нови налепници - нови фрешери
24.05 | нови шалови ,,Вардар Засекогаш"
АКЦИИ:
26.06 | Оналјн продажба на маичките ,,Вардар - клуб на народот"
22.07 | Димнијада на Камени мост
03.07 | Тренинг на ФК Вардар
25.07 | Положување на цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто
25.07 | Со помош на акцијата ,,Купи членска" групата успеа да уплати 315 000 ден. и со тоа да обезбеди документација за учество во ПМФЛ.
06.10. | Донација на книги за библиотеките во Пиринска Македонија
18.10 | Отворање на нов фудбалски терен во Општината Аеродром - младинско пионерска школа Кирил Симоновски - Џина
24.11. | Учество во хуманитарната акција за помош на член на н.г. ,,Чкембари Битола" кој при пожар го загуби домот.
20.12 | Меморијален фуд. натпревар во СЦ. Јане Сандански, посветен на сите членови кои прерано го напуштија нашиот коп.
05.01 | Подгрупата ,,Клуб Комити" организираше хуманитарна акција за деца
25.01 | крводарителска акција
10.02 | Акција ,,Водно"
29.02 | Комити Драчево - хуманитарна акција
22.04 | присуство во Мелник, во чест на Јане Сандански
26.04 | Поддршка за нашиот член Боби во борбата за светска титула + пиро.
24.05 | Присуство во црквата ,,Св. Спас" во чест на Гоце Делчев
05.05 | Баклијада на подгрупата Комити Драчево, за празникот Велигден.
02.05 | Присуство на Комити Ченто во Пустец, на откривањето на споменикот на Гоце Делчев, каде што воедно донираа и многу книги од наши автори.
07.05. | во една вечер поправени сите прешкртани графити.
23.05 | Акција над членови на Лозари, по финалето на Купот, како одговор на нападот во Кавадарци.
Да се потсетиме на акцијата на 14.09. кога пред натпреварот против Тиквеш во Кавадарци, групата влета во противничката сала и ја одзема кореографијата која во тој момент ја изработуваа членовите на н.г. ,,Лозари".
На ракомет присуствувавме на
27.08 | РК Вардар - РК Рајн Некар
03.09 | Рајн Некар - РК Вардар
06.09 | РК Еурфарм Пелистер - РК Вардар (Суперкуп - Струмица)
17.09 | РК Вардар - РК Еурофарм Пелистер
09.04 | РК Вардар - РК Еурофарм Пелистер
17.05 | РК Вардар - РК Алкалоид
Покрај тоа, групата присуствуваше и на јубилејот на нашата збратимена група - Војводи Тетово, која прослави 35 години постоење на на натпреварот ФК Тетек - ФК Пелистер.
Присутни бевме и на натпреварите:
24.09 | ФК Сент Паули - ФК Шалке 04
10.12 | Ханза Росток - ШАЛКЕ 04
11.05 | Шалке 04 - Ханза Росток
Заедно со неколку бенда, направен е спот за песната ,,Гордоста на градот".
По мене, покрај сите кореографии и изданија, сепак би потенцирал дека најдраги натпревари ми се со Работнички и Силекс(гостување) кои ги игравме во среда а на кои бевме во одлична бројка, која обично многу групи се трудат да ја постигнат за викенд или дерби натпревар, додека ние го имавме тоа постигнато при ужасен Вардар кој во тие моменти топка не можеше да сврзе, гостување и тоа во работен ден.
И за крај...ВОДЕВМЕ КЛУБ ГОДИНА ДЕНА и успеавме да го задржиме во прва лига. Без ЕДЕН ЕБАН ДЕНАР долг направен, без ниту еден црн момент. Чесно и искрено, посветени 24/7 на Вардар и групата!
Се надевам дека со растот на мак-тифо сцената конечно ќе добиеме вистински предизвик.