ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
31 мај 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, ми треба мислење од поискусни. Моментално сум на ФИНКИ, меѓутоа ЗНАМ дека ова не е нешто што ме исполнува и што ќе сакам да го правам понатаму. Кога и да седнам да учам/кодирам едноставно не можам а да не се изнервирам, се обидувам да отворам нешто и во рок од 5 минути rage quit-ам поради тоа што го мразам. Сметам дека не сум до толку глупав за толку да не можам да ги сфатам работите, поентата е во тоа што се поврзано со кодирање и факултетот ми е навистина одбивно. Поминаа 2 години ама сепак е истата приказна, буквално одам на факултет за да се дружам. Инаку, се запишав на ФИНКИ поради ОГРОМНА иницијатива, туркање и викање на моите. Ве молам за мислење. Благодарам
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.844
Поени од реакции
6.589

Немоеш да идеш напред без учење, а немоеш да учиш нешто што го мразиш.

Така имаш неколку избори, или смени факултет и работи за 400 евра како економист/правник, или фати занат, еден водоводџија или плочкар зима да не речам како програмер пари, или заврши го факултетот и барај клати врата работа у некоја петоразредна мк ит фирма за 500 евра кај што цел живот ќе тапкаш у место али бар нема да се замараш многу.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

За кодирање не ти треба факултет, јас на тој факултет би одел исклучиво ради проширување на хоризонти од аспект на компјутерски науки и ништо друго, а за тоа треба да имаш пред се љубов. Мој совет ти е - не си го губи времето со факултети, и така и изгубил 2 години. Јас 6 изгубив дур сфатив што сакам, со дипломата можам само у тоалет да се послужам, туку земи и работи тоа што ти е љубов. И ако влоужваш во образование, вложувај во практично образование, не сертификати, туку глеј пред се да научиш да работиш. Не вложувај во скрипти од копирница кои ќе треба да ги повраќаш на некаков си испит за да некакви си луѓе кои се нарекуваат професори да имаат што да прават у живот и да земаат плата. На кодирање можеш да се вратиш секогаш. Така и мене ми се чинеше далечната 2005 кога се упишав на ЕТФ и го баталив после 3 месеца, па ме притискаа од дома дека морало факултет да завршам пошто знаењето е сила и знаењето е моќ и срамота било да се нема факултет денеска и ја направив најглупата одлука у живот и упишав економски, за да направам цел круг и пак се вратам на кодирање. Прави се, само немој факс да упишеш во земјава, парите што ќе си ги потрошиш и не е толку страшно, ама за времето што ќе го изгубиш е многу страшно.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Немоеш да идеш напред без учење, а немоеш да учиш нешто што го мразиш.

Така имаш неколку избори, или смени факултет и работи за 400 евра како економист/правник, или фати занат, еден водоводџија или плочкар зима да не речам како програмер пари, или заврши го факултетот и барај клати врата работа у некоја петоразредна мк ит фирма за 500 евра кај што цел живот ќе тапкаш у место али бар нема да се замараш многу.
Ako kodiranjeto ne go ispolnuva, mozham da zamislam kolku ispolnet kje bide posle 1 den lepenje plocki.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
491
Поени од реакции
692
Здраво, ми треба мислење од поискусни. Моментално сум на ФИНКИ, меѓутоа ЗНАМ дека ова не е нешто што ме исполнува и што ќе сакам да го правам понатаму. Кога и да седнам да учам/кодирам едноставно не можам а да не се изнервирам, се обидувам да отворам нешто и во рок од 5 минути rage quit-ам поради тоа што го мразам. Сметам дека не сум до толку глупав за толку да не можам да ги сфатам работите, поентата е во тоа што се поврзано со кодирање и факултетот ми е навистина одбивно. Поминаа 2 години ама сепак е истата приказна, буквално одам на факултет за да се дружам. Инаку, се запишав на ФИНКИ поради ОГРОМНА иницијатива, туркање и викање на моите. Ве молам за мислење. Благодарам
ИТ е огромна област само префрли се на некој друг сектор, пробај се Графички Дизајн, Маркетинг или нешто слично доколку те интересира, доколку не те интересира ИТ префрли се на Економски има тон работни позиции што можеш да се вработиш во иднина и да напредуваш..
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Здраво, ми треба мислење од поискусни. Моментално сум на ФИНКИ, меѓутоа ЗНАМ дека ова не е нешто што ме исполнува и што ќе сакам да го правам понатаму. Кога и да седнам да учам/кодирам едноставно не можам а да не се изнервирам, се обидувам да отворам нешто и во рок од 5 минути rage quit-ам поради тоа што го мразам. Сметам дека не сум до толку глупав за толку да не можам да ги сфатам работите, поентата е во тоа што се поврзано со кодирање и факултетот ми е навистина одбивно. Поминаа 2 години ама сепак е истата приказна, буквално одам на факултет за да се дружам. Инаку, се запишав на ФИНКИ поради ОГРОМНА иницијатива, туркање и викање на моите. Ве молам за мислење. Благодарам
Без гајле, ќе станеш поисполнет кога ќе треба да плаќаш сметки :)
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
Здраво, ми треба мислење од поискусни. Моментално сум на ФИНКИ, меѓутоа ЗНАМ дека ова не е нешто што ме исполнува и што ќе сакам да го правам понатаму. Кога и да седнам да учам/кодирам едноставно не можам а да не се изнервирам, се обидувам да отворам нешто и во рок од 5 минути rage quit-ам поради тоа што го мразам. Сметам дека не сум до толку глупав за толку да не можам да ги сфатам работите, поентата е во тоа што се поврзано со кодирање и факултетот ми е навистина одбивно. Поминаа 2 години ама сепак е истата приказна, буквално одам на факултет за да се дружам. Инаку, се запишав на ФИНКИ поради ОГРОМНА иницијатива, туркање и викање на моите. Ве молам за мислење. Благодарам
Да ти кажам право не си единствен. Не зборувам за самиот себе, поради тоа што јас се пронајдов тука во програмирањето и сметам дека подобар факултет од ФИНКИ за мене нема, али рачунај од 1250 студенти годишно шо се запишуват, пааа 900 (иако воа можеби е преголема бројка, можеби и помалце се) се на ФИНКИ само поради тоа што сега моментално ФИНКИ е тренд. Одма во момент ми текнуват еден куп колеги од прва, кои што е така со сила учеа некако, па се жалат нон стоп како е тежок ФИНКИ, а нема врска, и тиа истите се на ФИНКИ како шо реков само, оти е тренд и оти слушнале дека во ИТ има ногу пари (дур да почнат да барат пракса/работа моментално, и сфатат дека не е така xD, или можеби има многу пари ако сметат 1000евра за ногу пари).

На ФИНКИ моментално има и ногу предмети кои што ги сметам за непотребни, иако можеби не се, ама едноставно и предметот лошо склопен, и без некоа голема заинтересираност предаден итн итн, па такви работи и мене ми е мака да ги учам, треба со сила некако да се напињам, али јебига.

Друга работа, зависи мислам и од претходното образование, во средно што си учел. Зошто реков јас дека ФИНКИ беше топ избор за мене, е поради тоа што претходно бев гимназија ПМА, трета и четврта се сокапав од математика задачки решавање, и после кога дојдов на ФИНКИ некако ми продолжи тоа, шо со Калкулус, шо со Структурно, каде што таа задача ти а гледаш како проблем шо треба да се реше и пробујш различни работи, манипулации ово оно за да стигниш до решението, шо после тоа ми даваше сатисфакција некоа кога ќе решам нешто.
Тебе ако ти е тешко да седниш да искуцаш или не наоѓаш сатисфакција во тоа, баталуј не знам кој друг совет.

Overall, ако можиш некако да се ставиш во дисциплина и да дадиш шанса да го засакаш програмирањето, океј. Ако не, смени професија на што те интересира види си и тоа е тоа.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Здраво, ми треба мислење од поискусни. Моментално сум на ФИНКИ, меѓутоа ЗНАМ дека ова не е нешто што ме исполнува и што ќе сакам да го правам понатаму. Кога и да седнам да учам/кодирам едноставно не можам а да не се изнервирам, се обидувам да отворам нешто и во рок од 5 минути rage quit-ам поради тоа што го мразам. Сметам дека не сум до толку глупав за толку да не можам да ги сфатам работите, поентата е во тоа што се поврзано со кодирање и факултетот ми е навистина одбивно. Поминаа 2 години ама сепак е истата приказна, буквално одам на факултет за да се дружам. Инаку, се запишав на ФИНКИ поради ОГРОМНА иницијатива, туркање и викање на моите. Ве молам за мислење. Благодарам
Не си единствен. Знаеш колку студенти има што се запишани на ФИНКИ само затоа што нуди влез во одличен занает со кој се прават добри пари. Знаеш колку од нив немаат желба за програмирање?

Јас на времето исто бев на ФИНКИ и бев во твојата ситуација. Едноставно не се пронаоѓав во програмирањето и некаде во 3та година решив дека не е за мене и не сакам тоа да го работам.

Се определив за слична струка, мрежи, и продолжив на факултетот. Го завршив. Но, потоа никогаш не се пронајдов и во таа работа и решив да учам други струки кои би ми биле поинтересни. Почнав со маркетинг и менаџмент. Гледав каде ќе се пронајдам и ќе ме води напред. Успеав да се запослам баш во тој сектор. Потоа и менаџерството ми се исплатеше, во мене видоа дека имам лидерски способности, и денес баш работам како менаџер координирајќи неколку тимови од маркетинг и ИТ делот.

Успеав да ги спојам знаењата од двата сектори кои беа клучни за добивање на оваа позиција. Во иднина, со надоградување на знаењето, се надевам дека ќе стигнам и до повисока позиција, а дури имам и план за започнување на свој бизнис.

Од друга страна има и доста успешни приказни со мои колеги кои исто не се пронаоѓаа во програмиње, но продолжија понатаму и сега се успешни софтвер инженери овде или во странство, со супер плати.

Имам слушнато и за такви приказни каде што од економски, маркетинг или земјоделски оделе во академии, учеле и сега работат како девелопери или QA. Иако, ова е се потешко со денешниот пазар.

Најлошо поминаа оние што останаа да се бават со мрежи. Доста комплицирана е работата, далеку помалку е барана, ретко може римоут да се работи, платите не се толку високи како во другите струки.

Има и такви кои никогаш не го завршија ФИНКИ, а сепак сега работат на струката. Познавам и други случаи каде што се откажаа и се определија за нешто скроз трето, мал бизнис од татко им, arbaiten во Дојчалнд, плочкари, електричари, механичари итн. итн. Некои многу повеќе успешни од овие што се во ИТ, други не.

Заборавив да спомнам и дизајн, познавам многу што се определија за ова, и сега се успешни UI/UX.

Така да, никогаш не е касно да се размислиш и промениш насока.
Не значи дека тоа што студираш сега, ќе го работиш во иднина.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.342
Поени од реакции
6.411
Учи ИТ да се преселиш у Аугсбург за ко ќе дојдеш на икс години Матура да шеташ со пивото во рака од коњопој на коњопој и да ги прашуваш сите до кај се со животот, чекајќи да те прашаат тебе како ти е “горе”, на што ќе им го отупиш курот како трамвајот стигал тачно на време од што е све средено. Абе на погреб на баба и дедо не доаѓаат пошто неможеле работа имале али за 10-20 години матура нозе ќе искршат да дојдат.
 
Колку само точно кажа :D
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
Здраво, ми треба мислење од поискусни. Моментално сум на ФИНКИ, меѓутоа ЗНАМ дека ова не е нешто што ме исполнува и што ќе сакам да го правам понатаму. Кога и да седнам да учам/кодирам едноставно не можам а да не се изнервирам, се обидувам да отворам нешто и во рок од 5 минути rage quit-ам поради тоа што го мразам. Сметам дека не сум до толку глупав за толку да не можам да ги сфатам работите, поентата е во тоа што се поврзано со кодирање и факултетот ми е навистина одбивно. Поминаа 2 години ама сепак е истата приказна, буквално одам на факултет за да се дружам. Инаку, се запишав на ФИНКИ поради ОГРОМНА иницијатива, туркање и викање на моите. Ве молам за мислење. Благодарам
Pak ke mrazese sto i da studirashe namesto IT, posto ne e problemot vo materijata. Ne e problemot vo FINKI. Softverot ne e nekoja nesfatliva disciplina nadvor od coveckoto razbiranje.

Problemot e kaj tebe. Imas vnatresen konflikt na potsvesno nivo, kade sto od edna strana se smetash (pogreshno) za nezavisna individua, a vo isto vreme si prifatil tvoite da te vlecat za nos i da ti diktiraat sto ke rabotis cel zivot, bez da te prasaat ti sto sakash.

I taka sekogas koga probuvas da ja sovladas materijata, tvoeto ego go gleda ova kako licen neuspeh, i stvara vnatresna frikcija koja pasivno te inhibira.

Ako sakas da ostanes vo IT i gledas bilo kakva pridobivka nastrana od toa da im udovolis na tvoite, togas treba prvo sam da se ubedis deka sam sakas da ostanesh tuka, od svoi licni pricini.

Ako nemozes da uspeesh da se ubedish, togas najdobro ushte sega otkazi se i baraj nesto drugo.
 
Член од
24 април 2024
Мислења
469
Поени од реакции
888
Здраво, ми треба мислење од поискусни. Моментално сум на ФИНКИ, меѓутоа ЗНАМ дека ова не е нешто што ме исполнува и што ќе сакам да го правам понатаму.
Пишувањето софтвер би го споредил со пишување музика. Треба да вложиш љубов и труд за да имаш одлични резултати. Ако не си се насмевнал на првото Hello World, прочитај ја реченицата што ти ја цитирав и со среќа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Pak ke mrazese sto i da studirashe namesto IT, posto ne e problemot vo materijata. Ne e problemot vo FINKI. Softverot ne e nekoja nesfatliva disciplina nadvor od coveckoto razbiranje.

Problemot e kaj tebe. Imas vnatresen konflikt na potsvesno nivo, kade sto od edna strana se smetash (pogreshno) za nezavisna individua, a vo isto vreme si prifatil tvoite da te vlecat za nos i da ti diktiraat sto ke rabotis cel zivot, bez da te prasaat ti sto sakash.

I taka sekogas koga probuvas da ja sovladas materijata, tvoeto ego go gleda ova kako licen neuspeh, i stvara vnatresna frikcija koja pasivno te inhibira.

Ako sakas da ostanes vo IT i gledas bilo kakva pridobivka nastrana od toa da im udovolis na tvoite, togas treba prvo sam da se ubedis deka sam sakas da ostanesh tuka, od svoi licni pricini.

Ako nemozes da uspeesh da se ubedish, togas najdobro ushte sega otkazi se i baraj nesto drugo.
Не е уникатен дечкото, и не само во оваа професија, преку 80% од народот е ваков, затоа и имаш токсични работни околини. Не си ја сакаат работата, и уште побитно - не сакаат да работат ништо, па се што прават е на сила и како да го фатиле со газот.

И да отиде во други области, ќе биде исто, познавам повеќемина што "се обидоа да се пронајдат", испуцаа по 10 години од животот од едно на друго, и на крај останаа со прстот во уста, и тоа наредните факултети и професии си ги бираа самите.

За жал ова му е во главата, се додека не успее да си ја прифати реалноста дека животот е заебан и нема да бидат мама и тато до него за да му ги плаќаат екскурзиите, нема да се пронајде во ништо.

И уште побитно е секој да си ги знае слабите и силните страни, ако не му фаќа тиквата за ова, поарно нека бара што го интересира, очигледно е слаб на аналитички вештини и трпение.
 
Член од
1 септември 2019
Мислења
16
Поени од реакции
2
Мислење за Solutionade Фирмата плата организација напредок за почетник
 
Kajgana Shop

На врв Bottom