Не сме биле само ние за жалење кога станува збор за здравствени услуги.
Кај и да е, ќе си дочекаат и директор(к)и кои не знаат англиски јазик, па ќе користат преведувач.
https://off.net.mk/vesti/razno/amerikanskiot-ramkoven-gi-urnisa-fakultetite
Американскиот рамковен ги урниса факултетите
25 мај 2024 - 09:45
Врховниот суд на Калифорнија минатото лето ја укина таканаречената „позитивна афирмација“ при упис на факултети која во име на инклузивноста и диверзитетот им даваше предност на апликанти од редовите на некои малцинства. Но, штетата е веќе направена. Студенти примени благодарејќи на позитивната дискриминација, во операциона сала не можат да најдат артерија кај човек.
„Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес прима неквалификувани расни малцинства во интерес на различноста“, се вели во извештајот на The Washington Free Beacon кој се потпира на интерни податоци и интервјуа со медицински професори и официјални лица.
Еден професор рекол дека иако има „добри дипломци“ од УКЛА, „меѓу третина и половина од кадрите се неверојатно неквалификувани“.
Ова е резултат на повеќегодишната пракса при упис на која инсистирала деканката Џенифер Лусеро во која црни и латино апликанти минувале со послаби резултати додека на белците и на Азијците им се барале речиси совршени резултати за да бидат земени предвид.
А во пракса, таа уписна пракса резултирала со ова: професор се пожалил дека студент во операционата сала не можел да ја препознае главната артерија а дека добар дел од студентите не знаат да толкуваат базични лабораториски резултати.
Кога поради слаби резултати комитетот за упис одбил некој студент од домородното американско население, Луцеро ги
натерала цели два часа да слушаат предавање на нејзината сестра за историјата на домородното население.