Дали има некој од форумов од Струмица што беше на Вардар - Детонит да даде мислење за Комити околу навивање и организација ?
Мислам
@ultras1988 беше од Струмица , ако бил он или некој друг да гледа нека даде реално мислење за Комити за утакмицава од лице место, да не биде дека само Комити си се фалат сами ..
Струмички извештај:
Комити целодневно ја преплавија Струмица, ги имаше низ сите кафани. Исто така и многу радовишани пред утакмицата беа седнати на пиво, атмосфера која ретко се гледа низ македонските градови, од секаде патриотски песни + сончево време.
Комити коректни низ струмичките улици, одлични и спремни момци, освен налепници не видов шарканици со спрееви или чепнати Ајдучки графити. Без проблеми помина делот пред утакмицата.
Е сега, трибината каде што беа сместени Комити, многу пати погоре прочитав дека била исполнета од скопјани каде што не се согласувам. Горните редови во копот имаше толку многу залутени струмичани и луѓе што немаат блага веза со Вардар, па останале без карта а сакале да гледаат фудбал па така се загубиле во копот кај Комити. Имаше многу сториња по инстаграмов каде што таквите пациенти незнаејќи дека не треба да се снима у самиот коп, издаваат фаци на ликови што не треба. Муабетов ми беше дека според мене, од пола нагоре трибината им беше со изгубени неутралци шо не знаеа Вардар против кого играше. Во делот со навивањето беа топ, можеби второ полувреме од кога им се подиспразни трибината од таквите ликови, звучеа подобро. Добра димнијада, штета што дуваше ветар во тој момент.
Јужна трибина преполна со радовишани и струмичани, тапа атмосфера освен на почетокот ау ау и по некој аплауз по играчите на Детонит. Историски момент за нив, сите беа желни за победа, од старо до младо беа дојдени, фамилијарно.
Лебари катастрофа, какви што беа пред многу години, сега бетер.
Крајните 10 минути беа ежење, целиот стадион пееше заедно со Комити, нешто што треба почесто да го практикуваме сите групи.
Да живее Македонија!