Па не е во организација, никаква допирна точка нема. Редовно оди на трибина и од време на време знае да води навивање, затоа што има сенс да крене атмосфера. Организација е организирање на трибината, набавување материјали за корео, правење корео, правење пароли, смислување на цела изведба на корео со пиротехника, изглед на трибина, поставување ред на трибина кога имаш утакмици со повеќе луѓе, водење на навивање (кога си го видел да води од почеток?), организирање гостувања, превози, цртаее графити, хуманитарни акции, организирање кога се оддава почит на некого итн.
Во ништо од ова не е вклучен, само што често знае да води навивање, односно да крене атмосфера на 15-20 минути и за тоа е доста добар. Редовно оди на трибина и е член на Комити за разлика од другите кои ги спомнуваш.
Не знам дали треба да ви се нацрта, али Ж*** е член на Комити колку што Пи***ч е член на Чкембари. Освен на ревијални утакмици или дерби утакмици кога доаѓа и шуто и сакато, воопшто не е дел од западот можеби едно 15 години.
Гледам си го спомнал и Т***а. Јас не се сеќавам кога последен пат бил на трибина. Веројатно некаде во 2015-16 година, а од тогаш поминале 8 години.
Комити ги водат сосема нови генерации, кои не се експонираат во јавноста како некои минати членови што сите ги знаете (воглавно по тоа што биле бељаџии и по негативни работи како вмешаности по партии и слично). Има стотици членови кои сто пати повеќе придонеле за групата низ годините од овие кои ги спомнувате и за нив нема никаква дамка, ниту пак се експонирале јавно за сите да ги знаат.
[/QU