ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
А во стварност привлекол? Кај е обичниот народ за Вардар? Ете великан е, зошто никој не се замара да го гледа? Доволно е да видиш од тие подскриените слики од Маџари, а исто и од времето Вардар ко играл на градски во ерата на Самс. Кај е обичниот народ?
Мајсторе после вакви бројки кај вас на стадион, севкупно со се Чкембари и обична публика не би ни коментирал за ова. Маџари со Шкендија крцаше, со Слога исто, против Брегалница таква бројка никогаш нема да извадите, со Гостивар, Трим Љум, Ѓорче, со Работнички на Градски, па вие во скоро време не Вардар, Реал Мадрид да дојде не вадите...
 
Друже а во ракомет каде е Битолската публика ? Нај РакометниО град каде народо живеј за ракомето, ЛШ напуни едвај.
Вакви ти се муабетиве , оваа конотација .

Пак да надополнам
Ако пратиш , ќе видиш дека националистички навивања има се по ретко или речиси да нема , веќе подолго време кај Комити се пее само за Вардар,
Патриотизам има да , ама не национализам .

Него време е да честиташ, и да се надеваме на подобра следна сезона .
 
Стварно го тупите многу и се објаснувате, а сѐ се гледа што кој и како. Да чита некој од страна ќе мисли се прави муабет за близнаците од Белград со милионска база на навивачи. Мизерија сме! Комити ги живеат можеби најдобрите години, а пак ќе кажам, најголема грешка им е што воопшто се влага во конверзација и се споредуваат и објаснуваат со нг од 30 души на стадион. Комити мораат да се мерат со НГ како Манијаци, Хорде, Армада, Бултрас итн, ако сакаат многу поголем прогрес. Но со оглед на менталитетот на македончето кое е експерт за се и сешто пред телевизор, немање национална свест, немање историја на приврзаност спрема еден клуб, тоа тешко ќе оди, иако има каков таков напредок. За плаво зелениве од Битола што да се каже, имаат прилика да бидат бар Торцида од али експрес, ама менталитетот низвни застанат во 80тите си го прави своето. Етнички чист град, еден клуб... Далеку најдобри услови да создадат една таква приказна... А од сето тоа што направија? Паркето со лемго и ние сме #1... Затоа секој во својот двор ако сакаме напредок. Поздрав од провинција болна за Вардар!
 
Мајсторе после вакви бројки кај вас на стадион, севкупно со се Чкембари и обична публика не би ни коментирал за ова. Маџари со Шкендија крцаше, со Слога исто, против Брегалница таква бројка никогаш нема да извадите, со Гостивар, Трим Љум, Ѓорче, со Работнички на Градски, па вие во скоро време не Вардар, Реал Мадрид да дојде не вадите...
Види сега и нас да ни е ветено директно од премиерот дека наредна сезона ќе имаме милионски буџет и враќање во европа со познати имиња , и големи спонзортсва можеби ќе вадиме подобра бројка. Само да не биди весел ѓуптим брзо не среќа го фаќа. И не се прајте на Тошо и ние имаме луѓе по извршни Скопје,знајме шо се се ветува… џабе не сте партијаши. :dudlac:
Со среќа нека ви е опстанокот се гледаме наредна сезона би требало интересни дербиња наше заедничко е да се избориме да имаме две навивачки групи и ракомет и фудбал, иначе џабе мрчиме овде на форум.
 
А во стварност привлекол? Кај е обичниот народ за Вардар? Ете великан е, зошто никој не се замара да го гледа? Доволно е да видиш од тие подскриените слики од Маџари, а исто и од времето Вардар ко играл на градски во ерата на Самс. Кај е обичниот народ?
Другар се слушаш што збориш ?
И обична публика и како навивачка група оваа сезона имавме поголема бројка од вас , барем за фудбал сме многу далеку пред вас ..

Еве ти кажа и членот погоре , во Маџари оваа сезона крцаше стадионот со Шкендија, Шкупи , Брегалница исто пуно беше , со Работнички на градски 5.000 луѓе имаше, да не ви вадам сега слика колку имате обична публика на стадион по што ке ми кажеш ама втора лига сме толку е силата :toe: ..

Погоре си пишал дека во Струмица во 2017 куп финале со Шкендија сте имале поддршка од други градови , нормално дека имавте бидејки се играше финале против албанска екипа , знаеш која разлика е Шкендија и вчера едно клубче Детонит ?

Еве ке ти објаснам да сфатиш , вчера луѓето од многу градови дојдоа ради Комити , да видат атмсофера и како е да се навива за Вардар , такво нешто они не виделе во животот и првпат беа на лице место да ја осетат таа атсмофера .
Додека разликата што дошле во 2017 со вас на куп финале е ради Шкендија , а не дека се палат на Чкембари ..

Па Вардар да игра финале куп против албанска екипа ке имаме x 5 фанови од другите градови од тоа што имавте тогаш во 2017 јас гарантирам , едноставно Вардар и Комити е магнет за цела Македонија дали ти се допаѓа тебе тоа е друг муабет :)

Да бидеме реални никогаш Пелистер неможе да има повеќе фанови од Вардар од цела Мкд , не викам дека немате и вие некоја бројка од надвор но разликата е 80-20 % во корист на Вардар :)

Сезоната заврши , се виде убаво кој до каде е , се гледаме наредна година на дерби , поздрав ..
 
Последно уредено:
На обични утакмици во кошарка, ако збораме за обичен народ, поќе имаше шо го пратат Пелистер, него Вардар во фудбал. Ако збораме за напумпани утакмици, а такви вас ви беа погоре спомнатите, од обичен народ пак поќе имаше на кошарка и ракомет Пелистер(јаки утакмкици) него Вардар фудбал. На обични фудбалски утакмици и на двата клуба, бројката беше скоро идентична, а кај вас треба да е далеку поголема, нели ради "брендот" и "кај што тонеш ти извираш". За копот џабе и ќе зборам ко сите знајме, Комити далку најбројни, иако се осети голем пад во последните утакмици.
 
А во стварност привлекол? Кај е обичниот народ за Вардар? Ете великан е, зошто никој не се замара да го гледа? Доволно е да видиш од тие подскриените слики од Маџари, а исто и од времето Вардар ко играл на градски во ерата на Самс. Кај е обичниот народ?
Тоа што беше транзицијата за економијата на државава, тоа беше распадот на југословенска прва лига за ФК Вардар. 45 години од своето основање (уште подолго ако се рачунаат СК Македонија и ФК Граѓански кои се исто така единствени македонски клубови кои играле во прва бугарска и прва СХС лига) игра на ниво погоре од сите останати со кои мора да игра од 1992-ра навака. Не знам зошто стално го прескокнувате или уште појако се исмејувате со овој факт. Трета генерација сум навивачи на Вардар во фамилија, еден муабет немам чуено од дедо ми или татко ми за ривалство со Пелистер, камоли некој друг македонски клуб. Се знае кој се муабетите на кои сме растени: Ѕвезда, Партизан, Динамо, Хајдук, Вележ, Железничар, Сараево, Осјек, гостувањата во Ниш и Приштина...тоа е отприлика тоа што ќе го чуеш од постарите. Еднаш ми има спомнато татко ми за некое гостување во Прилеп против Победа веројатно во втора лига кога се погодиле и тоа најјакиот муабет му е дека имало панаѓур дента и мечка влечеле низ градот Прилепчани. Толку, нит има приказна за фудбалско ривалство со сите вас, нити ништо.
И ај кај јас сум прва генерација што ете треба да ми биде главен ривал Пелистер и Битола, па и во овие 30 и кусур години вие не сте се ни приближиле до титула камоли да се издигне ривалството ниво погоре во спортски смисол, а не на релација Скопјани-Битолчани која кај мнозинството Скопјани и не можела никогаш да фати некој корен. Најблиску до ривалство сме биле со Слога/Шкупи и само уште неколку години битка за титула меѓу тие 2 клуба фалеа да имаме ривалство барем на рамниште на сараевското, ако не и појако. Не дека јас сакам така, 100 пати помило би ми било со вас да е тоа ривалство ама ете...77 години постоење на ФК Вардар еднаш не сте ни биле ривал за титула/преземање настап во прва ју-лига. Како мислиш ти дека требало поинаку да се развие таа приказна кога пред 90-тите кога дуелите меѓу нас го имаат добиено тој пресмешен епитет "вечно дерби" последен натпревар што сме го изиграле е мислам 1962-ра? Со кого сега вие немате изиграно 30 години утакмица затоа што настапувале константно ранг подоле од вас? Епа замисли сега да ве стават со нив во иста лига и да ви кажаат ова ви е од денес вечно дерби на вас. Каков потенцијал би имала таа приказна?
 
Со сожалување ги читам овие неколку фрустрирани битолчани. Гласен е молкот на вистинските ултраси од Битола кои реално се вклучени во навивачката група и ја знаат големината и вредноста на ова што го постигнаа Комитимпоследниве 3 години, а особено оваа сезона. Разберете дека овие што фрлаат дрва и камења врска немаат од навивачки живот. Џабе дискутирате. Тоа што го направија Комити сезонава без претерување е најдобрата навивачка сезона за една навивачка група откако постојат нг во Македонија. Остајте тие митски 90ти, кога сите приказни се базираат на неколку дерби натпревари, илинраните 2010ти на утакмици во сали кои собираат 200 луѓе. Ваков континуитет во вакви лоши услови немала ниту една навивачка група во историјата на Македонија.

Конац филма, и оваа година сите оскари ги собра Вардар филм. Се гледаме во 2024/25.
Автоматски споено мислење:

Јас немам комплекс да кажам дека Вардар е најпознато спортско име во Македонија. Фк Вардар во Југославија освојувал титули, долги години и како единствен македонски фудбалски клуб во големата ју лига нормално дека стекнал симпатии ширум државата. И во независна Македонија, Фк Вардар има и најголеми успеси како во меѓународни натпреварувања, така и дома. Ако не се лажам мислам дека е и најтрофеен сеуште. Ние со два купа и деценија се на се втора лига како би парирале??? Со огромните успеси на Рк Вардар во спортот кој е убедливо најпопуларен кај нас последните 20 години, името Вардар доби уште повеќе на популарност кај новите генераци. Неспорно е дека имате база на симпатизери надвор од Скопје. Ние не спориме за то. Но да кажиш Вардар е Македонија или цела Македонија е за Вардар, е то е смешно. Пелагонија, посебно мојот град, немате ни 0,1 симпатија. Ако ги ставиме и 20/25% од браќата кој не сакат да ве видат, ако ставиме и голем дел од Кавадарци, Охрид итн тогаш доаѓаме ни до 50% од Македонија, освен ако не не сметате како дел од државата овие региони шо ги спомнав. Истокот од секогаш имал фанови на Вардар, сте ги изгубиле па добивате повторно, секоја чест ако е така. Но од Штип, Гевгелија, Струмица, Велес, градови чии матични навивачки групи немаат повеќе од 40 навивачи да ми кажиш дека имате кој знај која бројка е смешно. А за симпатизерии и ние сме имале на големи утакмици и то на трибини со нас луѓе од Прилеп, Кичево, Велес...Струмица и за купот и за баражот струмичани навивале за нас. Мислам се разбравме, не е смешна вашата популарност, смешна ни е тезата Вардар е Македонија.
Приказната е Вардар е Македонија, но далеку сме од постигнување на крајната цел. Нормално дека во моментов не можеме да кажеме и прогласиме доминација на целата територија. Тоа не би било точно. Јас само кажубам дека изминативе 3 години нашата фан база во целата држава (освен Битола и Кавадарци) порасна неколкукратно. Ако овој тренд продолжи, надежно за некои 5 години ќе ја оствариме целта. Сега за сега сме далеку од тоа, но фер е да прославиме и таков успех. Каде и да играме во нашиот коп се приклучуваат луѓе од другите градови. Тоа само по себе е победа за оваа генерација на Комити.
 
А што има лошо во тоа што луѓе надвор од Скопје навивале за Вардар, па прво и самата сцена се дига така, со самото дигање на Комити реално е дека и самите Чкембари како група почнаа да растат и да напредуваат кон подобро. Едноставно само треба да се гледа својот двор, мобилизирајте го и вие југот, па и западот ете, мене би ми било да на некое следно дерби не има и на двете страни во масовни и рекордни бројки, што повеќе младина да има на македонски трибини па со самото тоа се добива и на други работи во опшеството, кога имаш активна младина е полесно натаму за се.
 
Види сега и нас да ни е ветено директно од премиерот дека наредна сезона ќе имаме милионски буџет и враќање во европа со познати имиња , и големи спонзортсва можеби ќе вадиме подобра бројка. Само да не биди весел ѓуптим брзо не среќа го фаќа. И не се прајте на Тошо и ние имаме луѓе по извршни Скопје,знајме шо се се ветува… џабе не сте партијаши. :dudlac:
Со среќа нека ви е опстанокот се гледаме наредна сезона би требало интересни дербиња наше заедничко е да се избориме да имаме две навивачки групи и ракомет и фудбал, иначе џабе мрчиме овде на форум.
До прееска муабети ,,кај можел Вардар да мобилизира" до ,,епа и нас да ни е ветено тоа и тоа", топ еволуција на муабетите, ве боли вистината...
 
Сума сумарум Вардар( 11 титули) - Пелистер (0 титули ) по фудбалски речник нема логика да се нарекува дерби , дерби е само ради Комити - Чкембари факт ..

Звезда - Партизан
Динамо - Хајдук
Железничар - Сараево
Левски - Цска Софиа

Во овие сите клуба имаш титули , освен ФК Пелистер :toe:
Не верував дека до волку ке одат битолчаните контра Вардар и покрај све што имаме постигнато како клуб низ историјата, затоа ова све извадив на маса..
 
Па то сакам да кажам. Со шо би парирале како клуб ние на вардар? Погоре некој пишал, немал слушнато за ривалство помеѓу Пелистер и Вардар. Па немаш слушнато оти немало. Прва утакмица меѓу нас е во рамките на втората ју лига 1990год, 34 години пред то сме се немале сретнато. Ривалството е создадено после 90та кога во 3/4 години се дешават најголемите инциденти во историјата на мак тифо движењето. И да, само ради навивачите е дерби. Сме имале во историјата натпревари кои биле топ левел дерби. По мене, последното во Битола беше врв. Јас не знам зошто толку лутење од ваша страна ако некој рекол вака или така. Ете вие си имате приказна зошто вардар е македонија, ние како дел од Македонија и ваши ривали нормално таа формулација можиме до утре да ја спориме. Не мора да има "победник" во дебатата, вие вашето го кажавте ние нашето и готово. Та и за политиката, вртат слики од вашите воџи гости кај шо се на маса на митинг. Бивши, сегашни....тоа е, како вие шо сте пишеле и од кај нас некој ќе пиши. Неретко има и на форум и на социјални мрежи кај шо вртат ваши членови муабети "добро е нашите дојдоја" сега ќе решиме се и нормално е да има ваков или таков коментар од Битола на то. Сето погоре кажано не го спори вашето издание од вчера.
 
Затоа и кажав фудбалско ривалство со вас нема , дури и чудно е како клуб како Пелистер од таков град како Битола кој дал добри фудбалери низ историјата да нема ни една титула , па Силекс има 3 титули(добро со помош и од покоен Зинго) од мало градче како Кратово :D

Тој проблем со клубот и титулите треба да си го барате во своите редови , неможе скопјаните и Вардар да ви е крив (па макар и периодот самс-груевски ) кога Вардар беше шампион , многу порано од тогаш вашиот клуб има проблем што не бил на врвот низ историјата , па Битола како град има јаки компании , ЗК Пелагонија ,Стопаска банка Битола , Еурофарм, Цермат (мислам дека ви беа овие спонзор едно време) , сите тие прават милиони евра :toe:

Така да 30 години поминаа една асална компанија не застана зад вас и се шалтавте прва втора лига , освен сега Еурофарм али само во ракометот ама па во тој спорт не носи пари како во фудбалот ..
Да не даваше сега општина Битола пари вие немаше шанси да се вратите во прва лига , ке видиме сега во прва лига со кој буџет ке терате и дали ке најдете некој спонзор за посилен клуб ..
 
Последно уредено:
Па то сакам да кажам. Со шо би парирале како клуб ние на вардар? Погоре некој пишал, немал слушнато за ривалство помеѓу Пелистер и Вардар. Па немаш слушнато оти немало. Прва утакмица меѓу нас е во рамките на втората ју лига 1990год, 34 години пред то сме се немале сретнато. Ривалството е создадено после 90та кога во 3/4 години се дешават најголемите инциденти во историјата на мак тифо движењето. И да, само ради навивачите е дерби. Сме имале во историјата натпревари кои биле топ левел дерби. По мене, последното во Битола беше врв. Јас не знам зошто толку лутење од ваша страна ако некој рекол вака или така. Ете вие си имате приказна зошто вардар е македонија, ние како дел од Македонија и ваши ривали нормално таа формулација можиме до утре да ја спориме. Не мора да има "победник" во дебатата, вие вашето го кажавте ние нашето и готово. Та и за политиката, вртат слики од вашите воџи гости кај шо се на маса на митинг. Бивши, сегашни....тоа е, како вие шо сте пишеле и од кај нас некој ќе пиши. Неретко има и на форум и на социјални мрежи кај шо вртат ваши членови муабети "добро е нашите дојдоја" сега ќе решиме се и нормално е да има ваков или таков коментар од Битола на то. Сето погоре кажано не го спори вашето издание од вчера.
Најреален коментар
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom