Воени авиони

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.595
Поени од реакции
42.111
Шокиран бев кога прочитав дека еден час налет на Ф-35 e поефин од Рафал и Ф-15 Страјк Игл. Осмомоторни чудовишта како Б-52 се 3 пати поскапи на час летање
поефтин ако може да лета. Читав само 30% од тие авиони биле fly worthy. Имале најразно разни проблеми со сензори, електроника и софтвер. Убедливо најлош авион некогаш направен.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.440

Тоа се летечкиоте ковчези Ф-104 и Ф-22, МиГ-27, Ту-22, Б-58 ихаа има материјал за хорори тука...
Автоматски споено мислење:

Европјаните, а и Јапонија можеби изиграа паметно што ја скокнаа 5-тата генерација и одат директно на шеста, со тоа не трошејќи огромни ресурси, а сепак одржувајќи добра одбрана со постојано надоградување на авионите што ги имаа од 4-та генерација.

Меѓутоа, Американците, како најискусни и најнапредни во ова поле, повеќе од 15 години имаат во развој мотор и технологија за следната генерација, според што мислам дека првиот авион од тој тип ќе биди во нивни раце.

Голема е веројатноста тој авион да е драстично поголем од се досега.
A што мислиш за тајванската авијација,можно е да биде следната војна баш таму?
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.379
Поени од реакции
5.013

Ако решат Кинезите да биде... :D

Од интерес на Американците е да достават онолку технологија и парчиња опрема доволни да ги одвратат Кинезите од агресија, но не и премногу за да ги натераат на агресија.
Оттука Тајван барем засега не добива Ф-35ки, но ги доби прилично напредните 4.5 генерација Ф-15ки, кои се многу добри авиони. Не колку Ф-35тката, но блиску.

Повеќето од нас имаме нешто кон постарата технологија и често мислиме дека немало нешто подобро од тоа што ни останало во меморијата, но можно е Ф-35ката да биде еден од најдобрите авиони некогаш направен.
Во секој поглед е еден од најбезбедните воени авиони на светот. Медиумите пишуваат се и сешто за кликови, просечниот читач не знае ни процент од позадината на проблемот или за тоа што се пишува, па кај јавноста често пати доаѓа до сосем погрешно мислења за одредени работи.

Се надевам дека нема да дојде до војна, иако Кинезите се прилично сигурни во нивните намери.
Авијацијата би играла клучна улога во евентуална војна, бидејќи Кинезите ќе мораат да најдат начин да ги приземјат Тајванските авиони во обид да истоварат што е можно повеќе војска на бреговите на Тајван.
Тајван има авијација за почит (за толку мала територија) и солидна ПВО која можеби е најблиска до она што го има Русија и Израел.

Постигнување на воздушна супериорност и потиснување на противничката ПВО е олеснување х10 или х100 во обид на освојување на одредена територија, особено остров, но се сомневам во Кинеските способности да постигнат супериорност и SEAD. Можеби преку бројност.
Веројатно и тие го знаат тоа и веројатно ќе одат на други начини како би можеле да го освојат островот.
 
Чудно е како Ф-15 прв пат полетал првично пред пола век и повеќе а и ден денес е топ-10 авион во светот вклучително и 5.генерација.
Кога сме кај Тајван, најброен пресретнувач им е домашниот Чинг Куо, авион од 4.генерација но модернизиран веројатно до 4.5 денес. На прв поглед делува како да Рафал и Ф-18 се спариле :icon_lol:

Кинезите лаат околу Тајван од 1949 ама до ден денес не се осмелиле на нешто повеќе. Лаењето последниве години е пуштено на најјако ама веројатно на тоа и ќе остане.
 
Константна модернизација и добра платформа веројатно.
Не е само Ф-15ката, многу авиони од 4та генерација развиени во 70-80тите денеска имаат напредни верзии од истите.
Ф-16ката, Су-27ката се најнадоградуваните авиони.
Русите им даваат нови бројки, Американците буква покрај оригиналното име.
И сеуште се произведуваат, 50 години после првите летови. Не знам дали постои друг авион или општо друго парче технологија што се задржало пола век во производство.

Инаку да, Кинезите лаат од 49та, ама само во последниве години имаат напреднато доволно и изградено доволно војска да можат да превземат некој чекор околу заканите.
Тајван како планински остров, всушност како остров е тежок за освојување, а уште потежок ако се има предвид фактот дека Тајван е една од највооружените земји во светот и тоа со модерно оружје.

Меѓутоа, ако сака Кина да им парира на САД, мораат да го имаат Тајван бидејќи им треба пристап до отворено море, како би нашле начин да ја чуваат својата трговија (увоз/извоз) и да можат да ги заштитат истите рути.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.595
Поени од реакции
42.111
најбезбедниот

Иначе америчкиве авиони се извикани со таа безбедност, али се далеку од безбедни.

Еве за Ф-15

As of 8 January 2014, 123 USAF F-15 aircraft had been destroyed in mishaps, with 52 fatalities. This was a lifetime average of 2.93 aircraft destroyed per year, or 1.99 aircraft destroyed per 100,000 flight hours.

Ф-16

The F-16 has been involved in over 670 hull-loss accidents as of January 2020

670 тоталки од 5,000 авиони произведено е поразително. Единствен руски авион кој е блиску до ова е може Миг-21, и тоа индиските верзии.
 
Постоеле Фолсксваген Буба 1936-2003 и некои други машини како Хонда Каб која сеуште се произведува или Цесна 172 ама прилично ретко е тоа.

Тајван е специфичен што голема количина од потребите ги задоволува со домашно производство, нешто кое им е цел на многу земји (Шведска, Франција, Израел) но ретко кои успеваат. Освен морнарица каде купуваат фрегати и разурнувачи од САД, Франција и Холандија. Но затоа произведуваат ПБР и ПА ракети за тие бродови.
Кинезите последно време вложуваат многу во амфибиски бродови и бродови за подршка на десант, заедно со тактичката предност барем во теорија која би озовможиле трите носачи на авиони. Тајван нема начин да парира на тие бројки, затоа градат 12 подморници во свои бродоградилишта како би можеле да делуваат по инвазиона флота. (12*2300 тони, дизел-стерлинг-независен кислороден систем)

Кина е во слична позиција како Германија 1914 во однос на Британската поморска моќ, само смени Северно море со Јужно Кинеско. Точно, без воен потфат никогаш нема да остварат целите.

Па добро 1972-2014 со 123 загубени фрејмови не е којзнае што за Ф-15, мање више очекувано како и кај сите пресретачи, е сеа ова за Ф-16 не ми е за верување, настрана што е во наоружање на триесетина земји, еве сега Романија, Бугарија и Аргентина се приклучија. Извор?
 
Тоа е од вики, за ф-15 е точно за Ф-16 можно е да е помала бројката. Порепутабилни извори најдов до 93та, 200 загуби и отприлика 5 авиони на 100,000 саати летање. Ф-16 има полош скор од Ф-15 општо.
 
Па затоа ми беше чудно, за 4 години 670 фрејмови, па така 1974-2024 би требало да не остане ниту еден фрејм да лета. И иначе Ф-16 е замислен како нискобуџетен ловец за НАТО членките, нешто како замена за Ф-5 и А-4 лајт фајтер кој ќе биде доволно добар за Норвешка или Белгија. Но ете можностите за надоградба и модернизација биле огромни и така овој едноставен пресретнувач се употребува и ден денес од самите САД и куп земји. Ф-15 е сосема друга приказна и по цена и по можности вклучувајќи и сигурност, сепак е двомоторен.

Сега малку авиациона езотерија, аргентинскиот ловец ФМА-90 Саја кој требало да ги замени Нешерите и Миражите пост-фолкланди периодот а и да загризе на извозниот пазар.

Кај 4-та генерација имаме многу земји со скромна авио индустрија кои имаат проекти и прототипови со кои треба да обезбедат домашно производство барем за својата авијација. Многу малку и успеале во тоа (Грипен/Мицубиши Ф-2/ЈФ-17 Тандер/Чинг-Куо) а ми текнува на Југославија, Романија, Пакистан, Индија, Бразил, Ј.Кореја и други.
Кореја пред пар години полетал КФ-21 Борамаи кој ќе им биде главен ловец понатаму и треба да замени разни застарени летала од типот на Ф-5 Тајгер, Ф-4 Фантом и делумно Ф-16 кои до скоро се мотале по аеродроми. Но освен нив сепак нарачале и Ф-35 пошто имаат два брода кои би можеле да бидат носачи.
Северот сеуште има МиГ-19 :icon_lol:
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.379
Поени од реакции
5.013
Постоеле Фолсксваген Буба 1936-2003 и некои други машини како Хонда Каб која сеуште се произведува или Цесна 172 ама прилично ретко е тоа.

Тајван е специфичен што голема количина од потребите ги задоволува со домашно производство, нешто кое им е цел на многу земји (Шведска, Франција, Израел) но ретко кои успеваат. Освен морнарица каде купуваат фрегати и разурнувачи од САД, Франција и Холандија. Но затоа произведуваат ПБР и ПА ракети за тие бродови.
Кинезите последно време вложуваат многу во амфибиски бродови и бродови за подршка на десант, заедно со тактичката предност барем во теорија која би озовможиле трите носачи на авиони. Тајван нема начин да парира на тие бројки, затоа градат 12 подморници во свои бродоградилишта како би можеле да делуваат по инвазиона флота. (12*2300 тони, дизел-стерлинг-независен кислороден систем)

Кина е во слична позиција како Германија 1914 во однос на Британската поморска моќ, само смени Северно море со Јужно Кинеско. Точно, без воен потфат никогаш нема да остварат целите.
Автоматски споено мислење:

Па добро 1972-2014 со 123 загубени фрејмови не е којзнае што за Ф-15, мање више очекувано како и кај сите пресретачи, е сеа ова за Ф-16 не ми е за верување, настрана што е во наоружање на триесетина земји, еве сега Романија, Бугарија и Аргентина се приклучија. Извор?
Да, големиот дел од воената опрема Тајван ја произведува дома, и тоа опрема која може да се смета за една од подобрите. Го гледав ПВО-то што го имаат, веројатно можеби освен Израел не постои друга земја која има толкава густина и разновидност на ПВО на толкава територија.
Во надополнување со Ф-16ките, од кои последната пратка најмодерни авиони (4.5ген) заедно со тој нивниот домашен авион, Тајван делува како непробоен воздушен простор.

Во врска со губењето на авиони, Ф-35ката е убедливо најбезбеден воен авион што некогаш постоел. Има некаде 0.5 изгубени авиони на 100 000 часови, споредено на пример со Ф-16 што има 3 изгубени авиони на 100 000 часови, а Ф-16ката се смета за еден од најдобрите авиони. Бројот на загинати пилоти е уште помал, мислам дека само 1 пилот има загинато во несреќа. Страшно добар авион во поглед на безбедност.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511

Не треба да пробијат со друго, 1-2 вакви се доволни.
1717322744342.png
 
Не сум знаел за ова со Ф-35, па тоа е скоро занемарлив број дури може да се спореди со патнички авиони. Уште ако се знае и дека голем број Ф-35 учествуваат во морнаричка авијација каде што оперирањето на едно летало е значајно покомпликувано него на писта.
Пред некој месец Јапан официјално го направи првиот тач даун на Ф-35 на носачот Кага со што за прв пат пост 1945 доаѓаат во посед на палубна авијација. Имаат 4 носачи сега но сите тие ќе можат да оперираат со Ф-35 со што ќе имаат значајна предност пред кинеските ски-џамп носачи кои носат мал број деривати на Су-27 со сите недостатоци кои таквиот систем ги предизвикува.
Америчките носачи од типот Восп или Америка кои се надвор од категоријата супер-носачи ги заменија старите Хариери со Ф-35, два од нив пловат околу Тајван а секој од нив има по 20 Ф-35 што е сериозна сила.

Кинезите би можеле да си ги искршат забите на одбраната на Тајван, особено првите бранови ќе страдаат тешко. Веројатно кинезите ќе сакаат да го вовлечат островот во војна на исцрпување каде супериорниот квантитет би одиграл главна улога. Но и тоа е ризик, бидејќи доволно е само еден десантен брод да биде погоден за да целата операција биде доведена во прашање, нешто како фокланди кога аргентински А-4 го потопиле Сер Ланселот со што ја довеле во прашање британската операција за истовар на војска и материјал.
 
Ф-35ките во комбинација со носачите што ги има Јапонија (назначени како носачи на хеликоптери :D ) ќе ја направат Јапонија втора морнарица по големина по број на авиони. Со верзијата со short takeoff - short landing од 35ката и искуството што го имаат веројатно може да извршуваат многу повеќе мисии во даден период отколку тие рампите што ги имаат Кинезите. За волја на вистината тие им служат како чекор за учење, но нема да имаат значајна поморска проекција на сила во наредните декади. Сепак сеуште ги летаат авионите од носачи во близина на копното, каде мали проблеми можат да доведат до сериозни инциденти, и затоа работат така за да можат авионите безбедно да слетаат на копно. Види само Русите колкави проблеми имаа кога пробаа да го искористат единствениот носач во Сирија. Многу неефективно.

Во обидот за задржување на Кина кон првиот ланец на острови, Јапонија ќе игра најбитна улога, имајќи предвид дека многу од островите се нивни (одат се до Тајван) и дека ја имаат една од најнапредните морнарици. Тука секако влегуваат и Филипините, каде Американците од неодамна изградија еден куп воени бази. На околните острови имаат поставено одбрана, ракети со краток дострел и слично од каде ќе маваат по Кинези ако успеат да се истоварат на Тајван.

И да, најверојатно Кинезите ќе одат на квантитет кога се работи за Тајван. Во одредени технологии, особено во авијацијата каснат и по 30 години и нема друг начин освен квантитет или користење на некои други асиметрични начини. Од последните воени вежби, Тајван се пофали дека ги следат сите авиони (имаше снимки од targeting pods од Ф-16ките најверојатно) и секој обид Кинезите ќе ги чини скапо. Веројатно го знаат тоа и веројатно се помирени веќе со тоа.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.440
Егзотика од WW2, холандскиот тежок пресретнувач двосед Фокер Г-1 вооружен со 10 митралези од 7,9мм со можност да делува и како бомбардер по потреба имајќи бомб беј во кој можело да се смести и дополнително гориво. Холандија имала 62 вакви авиони на 10.Мај 1940 од кои околу 40-тина спремни за полетување.

Наликува на Локид П-38 Лајтнинг како двотрупец само што П-38 бил едносед.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.440
Продолжуваме со ретки птици, повторно Холандија овојпат со едносед моноплан нискокрилец познат како Кулхофен ФК-58 од кој биле порачани 50 летала. 6*7,9мм и 510 км/ч што горе-долу би го ставило овој авион во класата на Хокер Харикен и МС-406.

Го употребувале и француски и полски пилоти. Не останал скоро ниту еден читав после падот на Холандија 15.05.1940.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom