Најверојатно до годините е, порано сум се впуштала во безначајни авантури зборам пред некој 17 години, но сум се почувствувала одвратно, како џогер за чистење, кога сум влегла во однос, за кој што сум мислела дека е искрен и од другата страна, но сум се излажала, затоа велам, грозно е чувството кога знаеш дека му служиш на некој, само како предмет, за истресување на телесни течности и задоволување на примитивен нагон, како кукла за мастурбација.
Денес не би можела да замислам, да се впуштам во однос, во кој не би била сто проценти сигурна дека е обострано посакуван и без да се роди љубов, емоции. Инаку подобро би постела во манастир цел живот, барем би имала мир во душата, одколку да се почувствувам повредена и искористена.