Искрено малку жал ми е за Тен Хаг, ама мислам дека ќе лета. Од една страна стварно немаше среќа со повреди, но од друга страна сезонава едноставно имаше премногу пропусти, па дури и со сите тие повреди кои ги имавме.
Ако ме праша некој дали сакам да си оди, искрено не знам што би одговорил. Не би имал против, ако се донесе некој квалитетен тренер, но дефинитивно не за некој како Франк, Потер, Де Зерби, Саутгент, па дури и Меккена воопшто не ми е сигурен со оглед на тоа што ни една минута нема водено екипа во ПЛ. Млад тренер е сеуште, нека стекне искуство во некоја помала екипа, па сигурно ќе му дојде шансата да го води и Јунајтед во блиска иднина.
Околу Тен Хаг, кога би правел листа "за" и "против" негово останување, листата би изгледала вака:
За:
- солидна прва сезона и трето место во ПЛ - со оглед на тоа каде беше Јунајтед кога го превзема и формата на Сити и Арсенал, мислам дека третото место беше апсолутен максимум
- освои по еден трофеј и во двете сезони, да не заборавивме дека имавме низа од 5 години по ред со зеро титули
- добрата работа со младите играчи - ова секако му доаѓа од работата во Ајакс. Таму секогаш им се дава шанса на најдобрите таленти во првиот тим, па така не се плашеше да ги промовира Гарначо и Мејну во стандардни првотимци. Па и Хојлунд реално не е доволно зрел за првотимец, но го прифати и тој ризик кога веќе извисивме за Кејн претходното лето. Сигурен сум дека може да извади уште некое дете наредната сезона во случај да остане (можеби Камбвала би бил постандарден на пример)
- мислам дека знае да игра убав и офанзивен фудбал, ама некако како премногу да импровизира до сега
Против:
- катастрофална втора сезона, дури и со освениот ФА Куп, реалноста е дека оваа сезона не ја пере ама баш ништо. Квалитетот на фудбалот на ужасно ниво, најголем дел од победите ни беа на сила. Не памтам ниту еден меч каде тепавме рутински, со 50% од силата, како што прави една голема екипа
- лошите резултати со екипите од врвот на табелата, посебно во гости. Лани бар домашните ги тепавме, сезонава дури ни тоа. Меѓутоа на гости освен против Астон Вила, мислам дека немаме победа ниту против една друга појака екипа под негово водство
- со изјавите веќе подолго време изгледа дека е надвор од реалноста. А искрени да сме, ниту еднаш нема признаено пораз, иако сто пати изгубивме.
- фактот што противниците ни шутираат по 20+ пати во просек на утакмица. На ова гледам како огромен проблем на долг рок. Од Ковентри до Манчестер Сити, буквално сите ни шутнаа по 20 пати овие 5-6 месеци.
- неможноста да одбрани резултат (тука му останав должен одговор на @wiksa во ПЛ темата) - искрено јас очекував од тренер која доаѓа од Ајакс и таа фудбалска школа да чува водство со посед на топка и едноставно да ја смири играта, но (барем сезонава) примивме еден куп глупи голови и испуштивме барем неколку чисти победи. Во ЛШ мечот во Копенхаген, плус двете со Галатасарај ни беа добиени утакмици, а од нив земавме само еден бод. Точно дека Онана ги поеба и двата меча со турците, додека Рашфорд доби ептен безвеза црвен во Данска, ама во секој случај при водство од 2 гола против екипи од овој ранг мора да знаеш како да го затвориш мечот. Со Челзи искрено не знам што се случи, бидејќи изгледаше дека имаме целосна контрола над мечот се до 97ма, но тоа со Ковентри беше брука на векот (заедно со Кристал Палас и поразот од Борнмут на ОТ). Исто, на многу утакмици многу често примавме 2 гола едно по друго, што ваљда кажува дека тимот едноставно паничи и се губи под притисок и мислам дека е проблем што треба да го среди тренерот.
Вака кога ќе ја погледнам листата има работи преку кои не би можел да поминам, па затоа и нема да се бунам ако му дадат отказ. Ама од човечки аспект, гледам дека е очаен да добие уште една шанса и имам некој "gut feeling" дека има уште нешто да покаже, па за тоа и би сакал да му дадат уште една шанса, ама под услов во средината да не му дува промаја наредна сезона и да поработи на менталитетот на тимот кога ќе се најде под притисок.