Околу „реалните“ граници, другарка ја затвори ќерка си во стаклено ѕвоно (нормално со најдобри намери, бидејќи ниеден родител нема лоши намери кон своето дете - особено првороденче), 2 години никакви контакти скоро со туѓи деца, баби, дедовци... итн.
Резултат?
Имунитет нула, друго дете да кивне во негова близина ова се разболува, плус е тоа што детето кој знае со што е рането или кој знае што му е друго давано па пораснато е како физички да има 4 години, а не две, крај краева утре ќе го пушти во градинка и ќе му направи 300 стресови пошто е навикнато САМО на својата мајка и никој друг.
Така да, секој родител (не те земам тебе за пример за да не се навредиш, само го користам твојот пример од позитивна страна за да презентирам негативен пример на моја другарка) треба убаво да се замисли околу своите „реални“ граници и со тоа колку му помага или штети на сопственото дете. Понекогаш, сите најдобри намери на овој свет не носат позитивен исход во растењето на децата.
Крај краева, сите ние, а и поранешните генерации биле пораснати со баби и дедовци, со братучеди и братучетки и еве ништо не ни фали. Тогаш сигурно исто ги разгалувале колку што и денес, работата е во разумен разговор со домашните, разбирање на улогите и меѓусебно почитување.
Детето кое има и кое е во контакт со баби и дедовци израснува во подобра возрасна личност отколку некое кое е изолирано и израснато само - тоа е само мое мислење, не мора да се согласиш.
Не се согласувам со последното мислење, моето дете тука нема да има баби и дедовци, зарем од старт е осудено на пропаст?
Јас практично живеев со моите баба и дедо, имав прекрасно детство, прекрасни спомени, навистина необично силна врска. Едни од најубавите спомени ми се со нив. И навистина сакам и моето дете, колку што може секако, со оглед на околностите, да го има истото.
Ама и времињата сега не се исти, порано како ќе кажеле старите, така било. Нема гугл, се било искуство од баби/дедовци.
Денес, кога имам информации на дланка на рака, зошо да не ги користам? Ако сите релевантни здравствени извори викаат сол пред година не, шеќер не до 2 години ( со црно на бело зошто ), не може контра аргумент на баби/дедовци да биде ама што ви фалеше вас, вие така растевте?
Викам не пуштај цртани, го престимулираат. Ее, па ти зарем не гледаше цртани? Дали некој споредил колкава разлика има во цртаните од пред 30 години и денес? Колку се престимулирачки со бои, движења, анимација, музика денешните цртани? Порано се пуштаа цртани по 15-20 мин на телевизија, и за да дојдеш до тие цртани требаше да чекаш да завршат вести, па татко ти да е расположен да те остави да гледаш. Па си чекаш стрпливо и знаеш да ги уживаш. Денес пушти јутуб и нека врти 3 саати цртанот. После сакало детето пак? Ајде пак. Денешните деца немаат трпение, пошо се им е достапно
Различно време бара различни решенија.
Апропо примерот со другарка ти, и јас гледав и гледам да го заштитам колку можам. Да, некои работи се неизбежни, ама бебе од неколку месеци и дете од година-две скроз различно ги поднесуваат болестите, макар и обична настинка.