Воспитување на дете кога живееме во близина на баба и дедо

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Па добро сега не треба да се оди и во екстреми. Има родители трета светска војна креваат заради тоа што на детето му било дадено чоколадо и кока кола.
Јас кога бев дете највеќе се радував на родендените на чоколадата кога ги добивав, не се радував и не ги перцепирав толку парите и другите подароци колку чоколадо некој кога ќе ми донесеше. И сега гледам кога одам некаде, дали на роденден, именден или пак на гости, чоколадо да им однесам на малите.

Секако највеќе зависи од родителот, ама и толку колку што ти ги почитуваш нивните граници, толку и они треба да бидат трпеливи и толерантни дека сепак се тоа деца и едно чоколадо и кока кола нема да им направат некоја огромна штета.
Ама дете треба еднаш да проба чоколадо, и толку е. Може ако не си јадела чоколадо ко мала, најубаво сеќавање ќе ти било нешо скроз друго, не знам.
Можеби е екстрем за тебе, има родители кои не даваат чоколадо до х години од различни приказни, секој со своето. Повеќе иритира шо се кршат вакви граници, не може ти како родител да тераш еден тип на воспитување, а во позадина некој константно да те поткопува. Дете ко дете, ќе тестира граници нормално, ако нема амин од родителот нема зошо друг да мисли дека може да прави шо сака.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279

Ја не зборам за константо прекршување на граници и прегазување на принципите на родителите. Јас зборам за правење преседан. Значи ете се случило, посакало детето и му дале еднаш, не е тоа причина за ти да почнеш да се расправаш со свекрвата и свекорот, или твоите родители небитно. Ако се повторува константно нормално дека имаш право да се лутиш.

Границите мора да се почитуваат, ама границите треба да бидат реални и да не одат во екстреми.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
Добро, дај ти подобар пример, мојов ти е многу екстремен изгледа, а навидум беше ептен прост и разбирлив.
Генерациски јаз и кој со што е растен. Баба ти и дедо ти растеле на чварки, твоите деца ќе растат со органски намази од авокадо, и нема ништо лошо у тоа. Родител ќе му дава на дете тоа што смета дека е најдобро за него, бабите и дедовците ќе ги разгалуваат од што им е мерак, иако да, на родителиве нема секогаш тоа да им се допаѓа.
Ти детето веганче ќе го правиш од роџења. Не за џабе модернава младина е толку утепана. Дај му чварка, кременадличе, кафенце, да се израдува малце. Јас на 6 години и вино и ракија сум пиел па еве не сум пијаница.
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
591
Поени од реакции
2.626
Јас на 6 години и вино и ракија сум пиел па еве не сум пијаница.
Можеби не си пијаница, ама да не се лажеме, се приметува дека имаат оставено некакво пореметување.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
Можеби не си пијаница, ама да не се лажеме, се приметува дека имаат оставено некакво пореметување.
ти ќе го раснеш детето у стерилна околина. Па кога ќе созрее и ќе излезе, ќе не знае со што попрво да се бави, дали тежок џанк фуд или алкохол.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Ја не зборам за константо прекршување на граници и прегазување на принципите на родителите. Јас зборам за правење преседан. Значи ете се случило, посакало детето и му дале еднаш, не е тоа причина за ти да почнеш да се расправаш со свекрвата и свекорот, или твоите родители небитно. Ако се повторува константно нормално дека имаш право да се лутиш.

Границите мора да се почитуваат, ама границите треба да бидат реални и да не одат во екстреми.
Ама не ме сфаќаш. Границите шо јас сум ги поставила ко родител се реални, нема зошо некој да мисли поинаку. Или ме почитуваш ко родител или не ме почитуваш.
Тоа еднаш ќе му даде, знаеш во што преминува? Следен пат детево бара исто, нормално, ама тоаш одговорот е ааа не може. ќе не кара мама/тато. :)
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
591
Поени од реакции
2.626
ти ќе го раснеш детето у стерилна околина. Па кога ќе созрее и ќе излезе, ќе не знае со што попрво да се бави, дали тежок џанк фуд или алкохол.
Не знам кј прочита дека кога би имала дете у иднина ќе го растам у стерилна околина. Мило ќе ми биде да расте и со баба и дедо ако има можност. А све си има граница, пишавме претходно, само да не го распрдат до степен да не можат родителите крајот да му го најдат.
И едните мои баба и дедо живееја на километар од мојот дом, па релацијата нон стоп беше дома-школо-баба/дедо. Па да не се подречам колку толку океј човек испаднав :icon_lol:
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.431
ти ќе го раснеш детето у стерилна околина. Па кога ќе созрее и ќе излезе, ќе не знае со што попрво да се бави, дали тежок џанк фуд или алкохол.
Ако го научиш детето на самодисциплина и mindfulness нема да има проблем у животот. Ама затоа ти како родител треба тоа да му го покажеш лично....практицирај спорт, здрава исхрана и здрави навики со него 24/7. А не ти иди по кафани, пуши цигари и изгледај како стока и очекувај детето да ти биде без пороци....не оди тоа така.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.154
Очигледно е дека сите заборавивте дека се работи за детенце од само 2 години, кое воспитување, кои бакрачи расправате.
Дотичната мајка не ги сака свекрвата и свекорот и ги казнува со тоа што не го пушта детенцето да си ги гушне баба и дедо.
:mad:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Ама не ме сфаќаш. Границите шо јас сум ги поставила ко родител се реални, нема зошо некој да мисли поинаку. Или ме почитуваш ко родител или не ме почитуваш.
Тоа еднаш ќе му даде, знаеш во што преминува? Следен пат детево бара исто, нормално, ама тоаш одговорот е ааа не може. ќе не кара мама/тато. :)
Јас те сфаќам душо. Најголемиот проблем е што они ги игнорираат барањата на родителите и прават како што они си сакаат. И скроз разумно е да бидеш гневен ако тоа се повторува константно.

Во што преминува еднаш ако му дадат? Зарем ниту еднаш да не му се даде чоколадо, чипс или кока кола?

Не е здраво се слагам, ама не знам дали ти ме сфаќаш дека со овој став “чоколади и чипсови во никој случај” само ќе значи дека штом ќе имаат пристап до слатки зад грбот на родителите ќе јадат многу повеќе отколку што треба? Многу е подобро да им се дозволи да консумираат во умерени количини за да не е нешто забрането и за да можат сами да научат што е здрава исхрана, наместо тоа да се прави за нив.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Јас те сфаќам душо. Најголемиот проблем е што они ги игнорираат барањата на родителите и прават како што они си сакаат. И скроз разумно е да бидеш гневен ако тоа се повторува константно.

Во што преминува еднаш ако му дадат? Зарем ниту еднаш да не му се даде чоколадо, чипс или кока кола?

Не е здраво се слагам, ама не знам дали ти ме сфаќаш дека со овој став “чоколади и чипсови во никој случај” само ќе значи дека штом ќе имаат пристап до слатки зад грбот на родителите ќе јадат многу повеќе отколку што треба? Многу е подобро да им се дозволи да консумираат во умерени количини за да не е нешто забрането и за да можат сами да научат што е здрава исхрана, наместо тоа да се прави за нив.
Јас сакам да посочам дека одлуката околу тоа што се дава, кога се дава, кои се границите за купување играчки, гледање тв, и многу други работи, треба да е оставена на родителот. Ако сакам детето мое да проба чоколадо, зарем не би му дала сама? Макар и еднаш? Не морам да чекам да го однесам на чување кај баба и дедо за да проба чоколадо. Ако не сакам воопшто да јаде чоколадо, пак ќе речам, можеби е екстрем, но јас сум родител. И точка, тука завршува приказната.

Муабетот за поминување граница, макар и еднаш ми беше тоа дека еднаш ќе дадат, вториот ( и третиот, и четвртиот, и петиот ) пат кога детето ќе побара, секогаш одговорот ќе биде "Ќе се лути мајка ти/татко ти". Демек да беше до мене ќе ти дадев, ама не даваат од горе. И сеа ти ко родител си лош во ситуацијава. А децава се страшни манипулатори од најмала возраст, еднаш ако им дозволиш нешто те тестираат до крај. Па ќе почне да плаче за чоколадо, ќе му дадат. И ќе ти речат епа плачеше, што да правиме, моравме да му дадеме. И така едно поминува во две, три, четири. И џабе ти дома си строг кога друг те прави магаре позади твој грб.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.049
Поени од реакции
11.341
Ама не ме сфаќаш. Границите шо јас сум ги поставила ко родител се реални, нема зошо некој да мисли поинаку. Или ме почитуваш ко родител или не ме почитуваш.
Околу „реалните“ граници, другарка ја затвори ќерка си во стаклено ѕвоно (нормално со најдобри намери, бидејќи ниеден родител нема лоши намери кон своето дете - особено првороденче), 2 години никакви контакти скоро со туѓи деца, баби, дедовци... итн.

Резултат?
Имунитет нула, друго дете да кивне во негова близина ова се разболува, плус е тоа што детето кој знае со што е рането или кој знае што му е друго давано па пораснато е како физички да има 4 години, а не две, крај краева утре ќе го пушти во градинка и ќе му направи 300 стресови пошто е навикнато САМО на својата мајка и никој друг.

Така да, секој родител (не те земам тебе за пример за да не се навредиш, само го користам твојот пример од позитивна страна за да презентирам негативен пример на моја другарка) треба убаво да се замисли околу своите „реални“ граници и со тоа колку му помага или штети на сопственото дете. Понекогаш, сите најдобри намери на овој свет не носат позитивен исход во растењето на децата.

Крај краева, сите ние, а и поранешните генерации биле пораснати со баби и дедовци, со братучеди и братучетки и еве ништо не ни фали. Тогаш сигурно исто ги разгалувале колку што и денес, работата е во разумен разговор со домашните, разбирање на улогите и меѓусебно почитување.

Детето кое има и кое е во контакт со баби и дедовци израснува во подобра возрасна личност отколку некое кое е изолирано и израснато само - тоа е само мое мислење, не мора да се согласиш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Се соочувам со проблем каде што моето дете одбива да ме слуша.
...не знам зошто не ја разбирате членката, тука не се работи ниту за исхрана, ниту за љубов кон баба и дедо, тука се работи за непослушност на сопственото дете и неможност на воспитување на сопствено дете на нејзин начин поради подршката од бабата и дедото да детето може да прави што сака и кога сака!

...дисциплина, почитување се стекнува токму од ова возраст, прво треба детето да си ја почитува и слуша сопствената мајка, па потоа другите роднини, па макар биле баба и дедо од двете страни на сопужниците!

...неможноста да влијае на сопственото дете да биде пораснато и воспитано според нејзино мислење, а немање разбирање ниту од страна на мажот ниту од неговите родители,
Сето ова ми влијае негативно и ме прави негативна и патетична.
... поради добрината на мајката кон сопственото дете, почит кон родителите на сопругот, па и избегнување на конфликт со мажот ваквата оправдана ситуација за загрижување за непослуишност на сопственото дете и' се враќа како бумеранг врз нејзините емоции и ја прави неспособна мајка да влијае на сопствено дете и станува патетична со негативна енергија, што понатака има можност да навлезе и во депресивно чувство на немоќ како мајка!

... мој совет е на време да го пресечеш колку можеш на поблаг начин вакво однесување на твоето дете кое е многу интелегентно и знае како да ја злоупотреби добрината и од твојата страна, а и од постарите баба и дедо кои само го разгалуваат и не размислуваат за негово правилно воспитување за разлика од тебе.

...знаеш колку се важни тие 7 години домашно воспитување, а детето е невино сушестество како ќе го научиш така ќе се постави до 7 години, после нема веќе промена се смета за завршена работа во неговата личност и однесување.

...мора да направиш план и шема на обврски на детето, ако е мало во вид на игра да разбере што смее што не смее, да го научиш да те почитува и да го казнуваш на начин како самата да бидеш казнета, ако тоа плаче да не те слуша и да биде по негово, пробај и ти плачи на ист начин и дај му до знање дека греши, ти си мајката, не е тоа!
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Околу „реалните“ граници, другарка ја затвори ќерка си во стаклено ѕвоно (нормално со најдобри намери, бидејќи ниеден родител нема лоши намери кон своето дете - особено првороденче), 2 години никакви контакти скоро со туѓи деца, баби, дедовци... итн.

Резултат?
Имунитет нула, друго дете да кивне во негова близина ова се разболува, плус е тоа што детето кој знае со што е рането или кој знае што му е друго давано па пораснато е како физички да има 4 години, а не две, крај краева утре ќе го пушти во градинка и ќе му направи 300 стресови пошто е навикнато САМО на својата мајка и никој друг.

Така да, секој родител (не те земам тебе за пример за да не се навредиш, само го користам твојот пример од позитивна страна за да презентирам негативен пример на моја другарка) треба убаво да се замисли околу своите „реални“ граници и со тоа колку му помага или штети на сопственото дете. Понекогаш, сите најдобри намери на овој свет не носат позитивен исход во растењето на децата.

Крај краева, сите ние, а и поранешните генерации биле пораснати со баби и дедовци, со братучеди и братучетки и еве ништо не ни фали. Тогаш сигурно исто ги разгалувале колку што и денес, работата е во разумен разговор со домашните, разбирање на улогите и меѓусебно почитување.

Детето кое има и кое е во контакт со баби и дедовци израснува во подобра возрасна личност отколку некое кое е изолирано и израснато само - тоа е само мое мислење, не мора да се согласиш.
Не се согласувам со последното мислење, моето дете тука нема да има баби и дедовци, зарем од старт е осудено на пропаст? :)
Јас практично живеев со моите баба и дедо, имав прекрасно детство, прекрасни спомени, навистина необично силна врска. Едни од најубавите спомени ми се со нив. И навистина сакам и моето дете, колку што може секако, со оглед на околностите, да го има истото.

Ама и времињата сега не се исти, порано како ќе кажеле старите, така било. Нема гугл, се било искуство од баби/дедовци.
Денес, кога имам информации на дланка на рака, зошо да не ги користам? Ако сите релевантни здравствени извори викаат сол пред година не, шеќер не до 2 години ( со црно на бело зошто ), не може контра аргумент на баби/дедовци да биде ама што ви фалеше вас, вие така растевте?
Викам не пуштај цртани, го престимулираат. Ее, па ти зарем не гледаше цртани? Дали некој споредил колкава разлика има во цртаните од пред 30 години и денес? Колку се престимулирачки со бои, движења, анимација, музика денешните цртани? Порано се пуштаа цртани по 15-20 мин на телевизија, и за да дојдеш до тие цртани требаше да чекаш да завршат вести, па татко ти да е расположен да те остави да гледаш. Па си чекаш стрпливо и знаеш да ги уживаш. Денес пушти јутуб и нека врти 3 саати цртанот. После сакало детето пак? Ајде пак. Денешните деца немаат трпение, пошо се им е достапно
Различно време бара различни решенија.

Апропо примерот со другарка ти, и јас гледав и гледам да го заштитам колку можам. Да, некои работи се неизбежни, ама бебе од неколку месеци и дете од година-две скроз различно ги поднесуваат болестите, макар и обична настинка.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299
Mamickite otsekogas najinteresni mi bea, oti tie otkrija topla voda, imaat vrodeno iskustvo vo cuvanje deca, nivnite majki i babi sto izgledale po dve tri vrska nemaat.
Ali ima edna konstanta kaj site majki koga se raboti za prvorodence. Ne smee muva da go preleta, ne pak drugo. Vekje za vtoroto e drug muabetot, tretoto prakticno samo ke porasni, nikoj ne se zamara posebno oti vekje gledan filmot e. Ali prvoto boze sacuvaj nekoj na strana da go pogledni.

Screenshot_20221231-195745_Facebook.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom