Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
Гладна кокошка просо сонува. Тешко дека во скоро ќе видиш распаѓање а и да се радпадне, проблемите ќе си останат.
Проблемот кој Бугарија и Грција го имаат со Македонија и со Македонците (не обратно!), е „произведен„ од големите европски, царски/кралски, воени и колонијални сили, не од САД, кои во тие времиња на поделби на македонската земја и народ, си ја гледаат својата работа и не се нешто заинтересирани за белосветските настани кои не се дел од нивната сфера на интерес и влијание.

САД се вклучуваат во светските настани дури од крајот од Првата светска војна, од кога практично почнаа да ги наметнуваат своите „вредности„ на остатокот од Светов.

Начинот на кој САД „извезуваат демократија и човекови права„ е добро познат...
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
944
Поени од реакции
1.213
Фокусот на Македонските политичари треба да биде бугарија не албанците или дуи, небитни се. Дуи слободно можат да прават протести, нивни проблем.
Да да, фокусот не треба да биде на тоа што коалициравте со косовари кои се под директна контрола на Албин Курти и сметаат дека Македонија ќе биде ново Косово, туку треба да збориме за што кажал Апасиев или некој кретен од Бугарија.
Автоматски споено мислење:

Има договор, Влен добива:

Претседател на собрание
6 министерства
7 заменик министри
прв заменик премиер
Преку 400 директори и заменик директори
Кој сака нека честита, нова косовска република на тацна.

Гомна одродени, ќе ги штителе македонските интереси.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
Од Зоран Божиновски


МИЦКОСКИ СЕ СПРЕМА ДА СЕ ВРАТИ НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРОТ!?

Последен генерален директор на ЕЛЕМ АД, сега ЕСМ АД, при падот на ЧУДОВИШТЕТО од власт во 2017 година, беше ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ. Главниот ресурс на ЕЛЕМ (ЕСМ) е РЕК БИТОЛА. Убедливо најголемите пљачки се изведени преку овој комбинат. Се памети бруталниот криминален поход на ЗОРАН КОЊАНОВСКИ, ВЛАТКО ЧИНГОСКИ, а продолжен во континуитет од ВАСКО КОВАЧЕВСКИ. Кога продолжи континуитетот, СДС од Нашата земја, преку Вице Заев и Васко Ковачевски, ги ,,кооптираа,, најголемите тендераши на ДПМНЕ, Силјан Мицевски и Борче Марковски. Им одредија тарифа од 40% авансно плаќање за секој однапред наместен тендер во нивна корист...

За да се одржи континуитетот, на Мицкоски му се подготвува потпис на директорска функција во РЕК БИТОЛА од страна на неговите суфлери во ДПМНЕ. Имам допис од инженер во РЕК БИТОЛА кој трета деценија гледа што се случува во комбинатот. Еве ги неговите зборови:

Кој е инжинерот кој на големо се спрема да биде Директор на РЕК Битола?
-Пријател е на Мицковски.
Секогаш кога ВМРО е на власт тој е на раководно место, игра со сите од власта, местат тендери и е најкорумпиран во РЕК Битола.
Зоран Богдановски е рударски инжинер РЕК околу 30 год.
Кога се вработи во РЕК немаше ,,вода во очите,,, возеше ,,фичо,,, но кога стана ШЕФ на систем, почна да потпишува фактури за наплата за фирмите. И почна да се збогатува. Во тоа време во РЕК работеа фирмите: Пелистер, Гранит, Бетон, Кајмакчалан и др. Богдановски од сите земаше пари, натпишуваше работни саати за луѓето и машините и за тоа земаше процент за себе. На луѓето му пишеше ,,8,, како да се на работа во РЕК, а тие работеа кај него на куќата. Му ѕидаа, му малтерисуваа, му бојадисуваа, му правеа ограда од ковано железо. На фирмите им наплаќаше за се шо ќе им натпишеше. Саати за машините (работеа по 5-6 саати на ден а тој им потпишуваше по), саати за луѓето, им натпишуваше за копање на земја и јаглен, да можеше ќе им натпишеше и за воздухот што го дишат додека се ангажирани во РЕК!
Така тој изгради куќа за рекордно време а набргу си купи и кола, нова од салон ,,хјундаи акцент,,.
Во 2006 година кога дојде ВМРО на власт, Богдановски почна да напредува, од фотелја до фотелја. Беше главен инжинер за производство, па Технички Директор. Со тендерите управуваше, тераше бизнис и цветаше.

Жена му Виолета прво беше остручена со средно земјоделско, со работно искуство како фризерка, па ја вработи како електроничар. Дека нестручна за електроника ја шуткаа натаму-наваму низ комбинатот, практично беше вработена на работно место ,,сопруга на директор,,. Не ја ценеа воопшто бидејќи не знаеше ништо конкретно да работи, па сопругот Богдановски ја запиша вонредно на Рударски факултет, таму и купи диплома за многу кратко време, како што купија повеќето директори во РЕК и ЕСМ. Виолета Богдановска набргу се трансформираше од фризерка во рударски инженер. Секако дека продолжи ништо да не работи, за да не предизвика некоја катастрофа. Има ново решение за работно место рударски инженер, според систематизација, ама нема задолженија. И натаму е вработена на истото работно место, ,,сопруга на директор,,, само што зема многу поголема плата!

Во периодот 2007-2017 во РЕК, со поделбата на милиони евра од наместени тендери, фирмите како Пелистер, Трансмет, Вато, Марковски, Рудкоп, Геоленд нараснаа до енормно големи компании, а со Васко Ковачевски и Вице Заев, ем станаа МЕГА КОМПАНИИ, ем небото им стана лимит по профит...
Го пустошеа РЕК без милост, колку што можат. РЕК БИТОЛА стана нивна крава молзница. Богдановски го имаше секаде и со сите, во сите времиња, со сите политики. Беше во прв план со сите директори на ЕЛЕМ (ЕСМ), со Коњановски, Бошковски, Мицковскии, Ковачевски, со Пелистер, со Трансмет, со Марковски. Парите се делеа, Богдановски секогаш беше на маса.

Па си купи стан од 45 м2 на ул. Иван Милутиновиќ, во центарот на градот. Па си купи викендица блиску до градот со 1.500 м2 земја. Па си ,,рено меган,, (секако нова од салон). Па ја почна да се забележува сето ова, да се шепоти низ РЕК БИТОЛА, па ја криеше колата во гаражи и не ја возеше, за да се смират озборувањата. Кога падна ВМРО од власт во 2017 на СДС им суфлираше и се нудеше да помогне сите да одговараат за криминалот во РЕК,,. Се нудеше на СЈО, се појавија обвинители во РЕК БИТОЛА. Имаше претреси, прибираа докази, чешлаа документација, полицијата земаше документи, компјутери, наводно за докажување. Па божем ќе има истрага против сите кои направиле криминал во минатото, ама не бидна ништо. Се здружија уште еднаш!

Никој за ништо не беше ниту гонет ниту обвинет.....
Слези Мурто - качи се Курто.
Исто како шо крадеа ВМРО, така продолжија и СДС и тоа повеќе.
Кога дојде СДС на власт, Зоран Богдановски прво стана сменски инжинер, шеф на смена. Ама брзо се намирисаа со Васко Ковачевски, брзо сфатија дека се од иста клептоманска сорта, па станаа први другарчиња. Богдановски ја продлабочи соработката со Марковски Компани. Се запозна и веднаш се спријатели и со Вице Заев. Се грижеше сите тендери кои Марковски Компани ги посакуваа, да го добијат. Лажен ископ, лажно впишани а неодработени саат на машините и луѓе. Долга е листата од сите смислени ,,иновации,, за безмилосно крадење...

Ќерката на Богдановски, Кристина, долги години беше студент на Градежен факултет, отсек геодезија. Ама кутрата е неталентирана за таа струка, па не може да го заврши, па таткото и на неа СЕ ОБИДЕ да и купи диплома, ама НЕ УСПЕА. Па ја запиша како мама Виолета и на ќерката и купи диплома од Рударски факлутет од Штип. Па и Кристина стана рударски инженер. За да не биде дека создавааат династија во РЕК, ќерката ја вработи во Марковски Компани. Нема поим од рударство, ама тато Зоран работи наместо неа. Тато е тука за Марковски Компани, а на нив не им е тешко да дадат плата на девојчето од наместени тендери за кои се трошат пари од даночни обврзници...

На крај остана и синот на Богдановски. Запишал да студира на Технички факултет, насока електро инженер. Васко Ковачевски веднаш скокна напомош, додели стипендија за идниот академец, скромни 8.000 ден месечно. Се чека детето да дипломира, го чека вработување па напорна работа во РЕК БИТОЛА. Тато Зоран каде и да е, ќе се пензионира, синот ќе треба да продолжи по стапките на тато...
А бидејќи ќерката инженерка лека полека влегува во години кога ќе треба да се мажи, купен е и стан од 70 квм на влез во Битола, да однесе мираз во семејството каде ќе биде снаа.

Зоран Богдановски, домаќин човек и инженер со искуство, уште пред изборите се спрема за директор на РЕК БИТОЛА. Сигурен е 200% дека Мицкоски него ќе го назначи, стари пријатели се одамна, па сходно на тоа веќе кори идна кадровска политика. Прави списоци кој каде ќе му одработува, кој ќе си оди, кој ќе остане, кој ќе потпишува тендери наместо него...

Мислите ли дека ќе биде нешто поразлично од досега? Дека ќе се смени нешто во РЕК? Проценете си сами. РЕК е златната кокошка која носи јајца за сите корумпирани, лакоми, ненаистни функционери. Ајде да видиме како ВМРО ќе се бори против криминалот. Дали корумпираните директори ќе ги врати во фотелјите. Наскоро ке дознаеме...

(авторот е рударски инженер)



FB_IMG_1716377209027.jpg
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.780
Поени од реакции
5.714
Да да, фокусот не треба да биде на тоа што коалициравте со косовари кои се под директна контрола на Албин Курти и сметаат дека Македонија ќе биде ново Косово, туку треба да збориме за што кажал Апасиев или некој кретен од Бугарија.
Автоматски споено мислење:


Кој сака нека честита, нова косовска република на тацна.

Гомна одродени, ќе ги штителе македонските интереси.
Сериозно ти зборуваш за албанците? нели ти беа браќа? нели рамковниот е супер.
Кој им ја даде оваа сила?
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
944
Поени од реакции
1.213
Сериозно ти зборуваш за албанците? нели ти беа браќа? нели рамковниот е супер.
Онака цитирај ме ако може, пред да имаш вакви мозочки прдежи.

Те читам назад што пишеш, од штаб ли ве праќаат сега да зборите за бугарија и грција, а низ задна врата на косоварите ја распродавате државава. Мислите ќор е народов нели?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.780
Поени од реакции
5.714
Онака цитирај ме ако може, пред да имаш вакви мозочки прдежи.

Те читам назад што пишеш, од штаб ли ве праќаат сега да зборите за бугарија и грција, а низ задна врата на косоварите ја распродавате државава. Мислите ќор е народов нели?
Јас кога протестирав против Талат министер за одбрана против дпне ти беше ли таму?
Јас тука од тебе освен бранење на комуњари ништо друго не сум видел.
Не глуми неутрала, не си.
Не го бранам Мицко и колку ќе даде, но подобро е да се земат косоварите, откога се им се даваше на албанците 30 години јас ги бирам нив а не оние лажни мултиетнички граѓани од типот на Османи или Фуркан.
Зошто? затоа што сакам своја држава, а не вукојебина.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.424
Поени од реакции
9.080
Онака цитирај ме ако може, пред да имаш вакви мозочки прдежи.

Те читам назад што пишеш, од штаб ли ве праќаат сега да зборите за бугарија и грција, а низ задна врата на косоварите ја распродавате државава. Мислите ќор е народов нели?
Da ne bese kor ne si ja ukinuvase drzavata, ili ti sega progleda? pred 6-7 slep bese.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Проблемот кој Бугарија и Грција го имаат со Македонија и со Македонците (не обратно!), е „произведен„ од големите европски, царски/кралски, воени и колонијални сили, не од САД, кои во тие времиња на поделби на македонската земја и народ, си ја гледаат својата работа и не се нешто заинтересирани за белосветските настани кои не се дел од нивната сфера на интерес и влијание.

САД се вклучуваат во светските настани дури од крајот од Првата светска војна, од кога практично почнаа да ги наметнуваат своите „вредности„ на остатокот од Светов.

Начинот на кој САД „извезуваат демократија и човекови права„ е добро познат...
Дај бе не го едуцирај, стави на игнор и не се замарај.
Нека земе книга во раце и нека учи, а не да глуми нешто а не знае елементарни работи.
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
944
Поени од реакции
1.213
Јас кога протестирав против Талат министер за одбрана против дпне ти беше ли таму?
Јас тука од тебе освен бранење на комуњари ништо друго не сум видел.
Не глуми неутрала, не си.
Не го бранам Мицко и колку ќе даде, но подобро е да се земат косоварите, откога се им се даваше на албанците 30 години јас ги бирам нив а не оние лажни мултиетнички граѓани од типот на Османи или Фуркан.
Ти си протестирал? Ме чуди што не пиша и дека си бил бранител у 2001. Сите сте многу ангажирани до избори, додека не обезбедите гласови за штабот, и после срањата кога ќе ги праите зборите за тоа колку сте биле патриоти и какви жртви сте дале.

Подобро било да се земат косоварите - екс дуи членови него да се преговара со други македонски партии, ти имаш ли грам мозок бе патриоте?
Вие сте најголемото зло што се случило на оваа држава, буквални политички ороспии што се ќе напраат за фотеља.

Вие сте биле десницата што ќе штитела македонски интереси, нека ни е со среќа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.525
Поени од реакции
18.785
Јас кога протестирав против Талат министер за одбрана против дпне ти беше ли таму?
Јас тука од тебе освен бранење на комуњари ништо друго не сум видел.
Не глуми неутрала, не си.
Не го бранам Мицко и колку ќе даде, но подобро е да се земат косоварите, откога се им се даваше на албанците 30 години јас ги бирам нив а не оние лажни мултиетнички граѓани од типот на Османи или Фуркан.
Зошто? затоа што сакам своја држава, а не вукојебина.
Државата одамна е распродадена, слези мурто да се качи курто е работата.
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
944
Поени од реакции
1.213
Da ne bese kor ne si ja ukinuvase drzavata, ili ti sega progleda? pred 6-7 slep bese.
Ау толку а, вие толку можете, некој пред 6 години напраил срања, па вие го отварате гзот уште пошироко. Таа е стратегијата?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Да да, фокусот не треба да биде на тоа што коалициравте со косовари кои се под директна контрола на Албин Курти и сметаат дека Македонија ќе биде ново Косово, туку треба да збориме за што кажал Апасиев или некој кретен од Бугарија.
Автоматски споено мислење:


Кој сака нека честита, нова косовска република на тацна.

Гомна одродени, ќе ги штителе македонските интереси.
Антоне ти си бе?
Да не му е хакнат налогот на Антонот, администрацијата да провери... ова што го напишал е сосема спротивно од онаа што го пишуваше до пред 1 месец!
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.780
Поени од реакции
5.714
Ти си протестирал? Ме чуди што не пиша и дека си бил бранител у 2001. Сите сте многу ангажирани до избори, додека не обезбедите гласови за штабот, и после срањата кога ќе ги праите зборите за тоа колку сте биле патриоти и какви жртви сте дале.

Подобро било да се земат косоварите - екс дуи членови него да се преговара со други македонски партии, ти имаш ли грам мозок бе патриоте?
Вие сте најголемото зло што се случило на оваа држава, буквални политички ороспии што се ќе напраат за фотеља.

Вие сте биле десницата што ќе штитела македонски интереси, нека ни е со среќа.
Се додека штитење на македонски интереси за комуњарите е албанизирање на државата и со ѓаволот ќе склучам сојуз.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom