Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Ех кога го преживеавме Тухел ова ти е боза.
Шака не би рекол дека само јас го подржував Покетино, вие со акаунти после 2020 бевте против вкупно сте 3-ца.
Едниот смени страна така да изгледа ти ќе останеш единствениот.

Како и да е еве за тебе 20+ поени и 6 места на табела погоре, финале Карлинг и само поради Џексон не играме уште едно ти викаш дека нема напредок, со еден куп млади неискусни и повредени играчи.
Од како тимот почна да има ширина резултатите беа поинакви но ти упорно негираш без да кажеш причина и што гледаш погрешно во работата на Покетино.

Со овој тим моментално Челзи и сите тие повреди што ги имаше сезонава нема шанса со никој тренер топ 4, тоа треба да ни е јасно.

Отказот најверојатно е тој поради кој си отиде и Тухел за тоа е дека тренерите бараат квалитет а Американциве сакаат талент.
Да почекаме кое ќе бидне следното име кое сигурно е веќе познато.

Но со оглед дека веќе фрливме 60 мил за 17 годишен играч лошо ни се пишува.
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.298
Поени од реакции
5.397
Не е финта тука дали Покетино е најдобар, туку дека никој асален нема да се нафати да дојде и да не може сам дљ си бира играчи и да игра само со тоа што ќе му се сервира.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840

Конечно да се сложам со тебе, ова е боза во споредба со Тухел, бидејќи многу изгубивме тогаш.

Бев против Покетино уште од старт, незнам која им и беше идејата него да го назначат. Човекот е тотален лузер, тоа го покажа во финале Лига Куп. Секако кариерата му е во надолна линија. Во ПСЖ го избркаа како куче што играше најдосаден фудбал во таа умрена лига, а овде го проби дното со изјавите после утакмици, буквално го засени и Потер.
На клупа често пати изгледаше како флегма при негативен резултат, нешто што највише ме иритираше од све.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.714
Поени од реакции
11.960
Не е финта тука дали Покетино е најдобар, туку дека никој асален нема да се нафати да дојде и да не може сам дљ си бира играчи и да игра само со тоа што ќе му се сервира.
Ова е веќе пракса во многу клубови и допрва ќе станува се по нормално особено кај овие со амерички газди.
Затоа Ливерпул го зеде Слот. Задолжен само за тактиката и играта на терен. За трансфери си има друг оддел.
Нешто како во НБА каде имаш ГМ и тренер.
Така и Челзи изгледа ќе бара некој да ќути и да работи со играчите што ќе му ги дадат.
 
Покетино сигурно кога прифатил да е тренер, го има и тоа прифатено. Не верглаше за џабе ви ар јанг тим и проџект.
Други се разлозите што е набркан, си имаат смислено друго решение од управа.
 
E

enzo8

Гостин
Јас не сум воопшто изненаден. Доволно имам пишувано на темава и зошто сметам дека Покетино не е тренер за Челзи, дали следна сезона или сезона отпосле, прашање на време беше кога ќе лета. Нема визија за игра, нема конкретен план, не викам дека имаше перфектни карти за играње сезонава ама едноставно имаше мечеви каде што имаше аматерски пропусти и немање појма што му прави тимот на терен. Има некој лузерски менталитет во него што едноставно неможам да го опишам.
Мислев дека идиотиве од управа ќе се задоволат со полусезоната што некако ја извадивме и ќе го остават и следна сезона ама досега се покажаа како многу непредвидливи, дали е амбиција во прашање или класично незнаење, време ќе каже иако мислам дека е второто.
Ќе се воздржам од прогнози и ќе чекам исход, ако решиле да закопаат секири со Тухел и двете страни да си го голтнат егото тогаш не чека супер иднина пошто на пазаров од достапни тренери само Тухел треба да биде опција, никој друг. Ако се ова деси, ќе покажат огромна доблест да си признаат грешка и дека го мислат најдоброто за клубот.
Ама ова е само мојот оптимизам, најверојатно ќе ни дојде сеоскиот, педофилски брк Гвардиола и ќе не уназади двесте години. Или тој Мекена, кој и да е, си бараат послушник што ќе тренира и ќе ќути пошто со Покетино се разделиле ради „филозофски“ причини, љољ.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Реномиран тренер нема да прифати да работи со овие услови кои ги нудат Американците.
Прво Челзи нема костур кој е спремен да носи титули, друго немаат ни абер да носат играчи кои ќе донесат моментален успех.
Млад менаџер има поголеми шанси да потоне од што да направи некој успех, еве да кажеме Аморим со 17 годишен Винициус мислиш ли дека има шанси да избори топ 4.
Реално правиме муабет колку шанси му даваш за такво нешто?

Околу ова што кажа тоа што не скока и се дере покрај аут линија, не значи дека не му е грижа туку таков му е ставот. Не секој покажува емоции како Конте или Симеоне.
Псж и сезонава е лош, тој клуб не е мерило за некој менаџер иако еве сега моментално за мене играат многу полошо со Енрике од што со Покетино, друга работа во тој момент Псж имаше и други проблеми помеѓу играчи и судир на ега, за да подоцна се направи чистка.
Така да тие работи што ги кажа не ти држат вода туку ти си имаш лично против Покетино и било што он да направеше ти ќе сакаше да си оди.

Минус му беше поразот од Ливерпул да меѓутоа еве хипотетички и да освоеше пак ништо немаше да смени во генерална слика за крајот на сезоната сигурен сум.
Бидејќи на крајот на денот Покетно кога бара засилувања бара квалитет, управата нуди талент.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
Не е финта тука дали Покетино е најдобар, туку дека никој асален нема да се нафати да дојде и да не може сам дљ си бира играчи и да игра само со тоа што ќе му се сервира.
Fider club sto ne e jasno, ako osvojat nesto ili se kvalifikuvaat za evropa dobro, ke zaklucis samo po transferive prodavaat iskusni razvieni igraci a se kupuvaat "talenti".
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
@Иван CFC
Мислам дека тоа што бараше засилувања му беше алиби, сигурно знаеше под кои услови потпишува договор. Знаеше дека сме млад тим и проект,он сам тоа го велеше на секој прес. :)
Мислам дека управата си имаа спремно решение уште после очајната полусезона и само чекаа да дојде крај да го кикнат.
Све тоа топ6, Европа, дрн дрн јариња што читавме на крајов беа само шпекулации.
 
E

enzo8

Гостин
Реномиран тренер нема да прифати да работи со овие услови кои ги нудат Американците.
Прво Челзи нема костур кој е спремен да носи титули, друго немаат ни абер да носат играчи кои ќе донесат моментален успех.
Млад менаџер има поголеми шанси да потоне од што да направи некој успех, еве да кажеме Аморим со 17 годишен Винициус мислиш ли дека има шанси да избори топ 4.
Реално правиме муабет колку шанси му даваш за такво нешто?

Околу ова што кажа тоа што не скока и се дере покрај аут линија, не значи дека не му е грижа туку таков му е ставот. Не секој покажува емоции како Конте или Симеоне.
Псж и сезонава е лош, тој клуб не е мерило за некој менаџер иако еве сега моментално за мене играат многу полошо со Енрике од што со Покетино, друга работа во тој момент Псж имаше и други проблеми помеѓу играчи и судир на ега, за да подоцна се направи чистка.
Така да тие работи што ги кажа не ти држат вода туку ти си имаш лично против Покетино и било што он да направеше ти ќе сакаше да си оди.

Минус му беше поразот од Ливерпул да меѓутоа еве хипотетички и да освоеше пак ништо немаше да смени во генерална слика за крајот на сезоната сигурен сум.
Бидејќи на крајот на денот Покетно кога бара засилувања бара квалитет, управата нуди талент.
Ни еден нормален тренер што се цени себе нема да прифати, а не реномиран, се согласувам.
Челзи има костур на екипа, за титула носење треба да поминат 2-3 сезони за да се оформат како играчи, потенцијалот го имаме. За тоа какви играчи ќе носат, јасно ни е, таленти.
Не давам ја никакви шанси на никој, Покетино имаше лесен распоред, имаше добар старт во предсезона и ЕДНА повреда му го сруши целиот концепт на игра, тоа ти доволно говори за квалитетот на тренерот, му требаше цела вечност да се прилагоди на играчите што ги има и да почне да ги користи како треба. Колку време Колвил играше лев бек, Чилвел крило, да не зборам колку глупости правеше кроз сезонава.
Тоа што не скока и не се дере ти е муабет за мали деца и не ми ставај зборови во уста што не сум ги кажал, типот е лузер во секој параметар на боди ленгвиџ. Мртав се киши не боји, едино помртов од него беше Потер.
Минус му бил пораз од Ливерпул? Не бе другар, минус му беше трескањето од земја со Арсенал што пред некое време се деси, тоа не треба да ти се деси во Челзи. Минус му беше Барнли, Шефилд и триста други екипи што му правеа камбек и што цела полусезона имавме срамни втори полувремиња, излагавме мртви и со спуштени гаќи откако противничкиот менаџер ќе направи корекции.
Не знам кој ти е филмот со глумењево дрвен адвокат за Покетино, мислам во ред е на различни страни сме ама не се прави со зор будала да речеш дека Покетино не го заслужил отказов, го заслужи итекако уште одамна.
Јас со отказов на Покетино не се согласувам само ако ни тутнат некој бескичмењак од тренер или Де Зерби пошто не гледам како ќе бидеме бољи од ова што сме сега.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
Ocekuvam imeto fabregas kako potencijalen kandidat da se pojavi.
Tijago Mota istotaka.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
@Saka Zulu Што збореле пред да потпише лани може само да погаѓаме.
Земи го за пример Тухел кој остана цело лето и работеше и други функции освен тренер за на крај одеднаш да добие отказ.
Ако картите биле отворени уште во моментов кога пристигнаа газдите како што беше со Чех кој си кажа дека не се вклопува во новата стратегија и си замина, немаше Тухел да троши цело лето за на крај да биде шутнат.
Американциве играат со затворени карти очигледно е но како и да е сеедно нема ништо погрешно што кажа Покетино дека верува во овој тим и прокет но кажа дека и му фали квалитет, што на сите ни е јасно.

Сезонава баш и тоа беше да се види кои играчи се спремни, кои не, да се уиграат да се постави филозофија и нареднава година да се иде на квалитет. Пак ќе кажам не знаеме што му имаат ветено Американциве за овој да потпише но што и да било тоа било лани.
Но сега во интерес е на клубот на идеме на ниво погоре, а тоа ќе се постигне само ако Челзи донесува квалитетни играчи, не могу но барем 2 или 3 играчи кои ќе почнат веднаш да прават разлика.

Ако се прочита изјавата што ете за некој е алиби но еве за мене и мое лично мислење е дека баш и тоа го бара Покетино кој и спомна на прес дека во клубот фали квалитет и не само он и доста легенди на Челзи го зборат истото.

@enzo8 Во врска со емоции на Покетно се одноеше на Шака кој пиша дека е флегма не на тебе.
Пораз со Арсенал пишав и претхдоно не може такво понашање на играчи кои излегоа со смкнати гаќи на терен да се препише на тренер, Челзи не беше надигран тактички па да кажеме дека Покетино погрешил, како еве најсликовито ќе ти кажам кога Јунајтед загуби од Ливерпул, што е крив тука Тен Хаг играчите се криви за таков срамен перформанс они се тие што играат на терен и дозволуваат да бидат надиграни.
Друга работа поглени каков состав имаше Челзи и кои беа се на клупата тогаш и низ цела сезона.

Но еве после таков пораз Челзи се крена и фати добра серија што е многу тешко и за пофалба.
Тоа дека играа штопери наместо бекови и Челзи бараше стандардна 11 ка беа поради голем број на повреди, доказ ти е од како Челзи намали со повреди и се створи и клупа се кренаа резултатите.
Не го зборам ова на памет туку покажуваат и резултатите.

Јас не бранам никој, само сум реален дека со овој состав и бројот на повреди сезонава овој пласман на табела и ситуација во куповите е премија.

Но го вадите само негативното ама еве освен Арсенал дали од некој друг тим од топ 5 вклучувајќи го и Манчестер Челзи беше надигран и не ствараше шанси. Баш и тоа му го пишав на Шака лош натпревар е Манчестер со Арсенал каде што Манчестер не створи сериозна прилика за гол, додека Челзи со Јунатед имаше 5 добри прилики за гол, со Сити имавме рамноправни мечеви, едната со Арсенал до грешката на Санчез Челзи изгледаше подобар противник.
Барнли, Шефилд да но тоа е поради немање на каракетер ама карактер не се гради за 5 месеци поготово не на вака млад тим и оваа бројка на повреди.
И еве дали Челзи сезонава врза неколку натпревари по ред со најјака прва постава?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.749
Поени од реакции
52.705
Ај да видиме што ќе направат.

Јасно ми беше дека Покетино не е тренер за Челзи долгорочно, лично најголем проблем ми беше тоа што како фан никако не можев да се поврзам со него, а тоа ми е прилично битно. Исто како и многу други, посебно тие што одат на стадион цело време. Ама мислам дека исправна одлука ќе беше да се остави и следната сезона, секако толку му важеше и договорот. Очигледно е дека играчите никогаш не се свртеа против него, баш напротив. А тоа е важно во моменталниов тим затоа што потребен е тренер на кој ќе му веруваат за да се изградат како тим. Со Покетино мислам дека ќе имаше дополнителен прогрес следна сезона, одредена стабилност, борба за топ 4, па после тоа да дојде некој кој ќе го направи следниот чекор. Сега голем е ризикот со новиот тренер да се вратиме на нула, но да се надеваме дека ќе изненади и ќе има инстантно подобрување.

Мене секогаш ми било желба градење тим со млади таленти, неколку сезони уигрување па стигање до успех. Исто така сметам дека денес најдобар начин на водење клуб е да имаш целосна структура која ја води фудбалската стратегија, а тренерот да е некој кој само се вклопува во тоа, не он да ја води. Да биде консултиран за трансфери, но не и да има последен збор. Да е оставен на најбитното - тренирање на играчите. Затоа што нема долгорочност во денешниот фудбал и веќе не постојат менаџери кои треба да имаат целосна контрола. Се носи тренер и најбитно е структурата над него да е стабилна за да функционира клубот како што треба. Затоа и генерално сакам да сум позитивен околу тоа што го прават.
Проблемот во Челзи е што моментално не делуваат сериозно. Може да испадне дека цело време им била јасна идејата и на крај да им успее, ама од надвор сега не делува така. Несфатливо е како сега испадна дека не се согласуваат со Покетино околу стратегијата, а поминаа месеци лани барајќи тренер со кој ќе можат да работат. Мора да сносат одговорност за тоа спортските директори.

Една од најголемите причини за продолжување со Покетино беше и тоа што нема подобри опции моментално. Тие што очекуваат некое име и тренер со кој инстантно ќе бидат задоволни треба одма да ги сменат очекувањата, а не да плачат после. Најбитно е да се донесе тренер кој ќе одговара на моменталниов тим, а тоа не е Тухел или слични на него. Опциите изгледа се МекКена, Френк, Мареска, Компани и слични.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom