Многу лесно ги пукаш работите за искусен и доволно возрасен човек ама нема врска. Прво никој не може да е будала затоа што останал да живее дома, може да е будала за х други работи околу животот во Македонија ама сигурно не затоа што останал да живее дома. Друга работа што очигледно ти мислиш дека финасиите треба да се пресудни за се и животна окупација, стварно мислиш дека некој рандом лик од Македонска Каменица, кој денеска пие пиво со маалските другари затоа што му се родил син на некој од нив треба да е будала затоа што не се преселил некаде у курац каде што на 20+ треба да се навикнува на нешто што тој не е ниту пак некогаш ќе стане, дека истиот е будала што одлучил да остане дома и да го живее оној спокоен и среќен живот, со работите кои го исполнуваат од мали нозе и дека само поради некоја фикс идеја треба да се "евакуира"?
Мислиш дека ти или некој друг од Аус е посреќен од таков лик?
Пак ќе кажам како што кажав и тогаш за Рон, секој заминува од некоја причина, луѓето се преселуваат од кога постојат, нема поента за осудување а пак најмалку за омаловажување на вакви теми, да напишеш на друга тема исто дека оние што останале во Битола не биле евакуирани е крајно злобно, таа поделба која ја терате на форумот такви како тебе, Рон и за жал многу други е исто крајно непотребно, посебно што сите сте вмровци, некој повеќе, некој помалку. Уживај си ти во животот ама нема некоја посебна причина да плукаш по тие доле и кога треба и кога не треба.
ПС: ФКВ е незаменлив со се тоа што е околу него, сите тие работи се незаменливи и нема да ги најдеш на друго место, тоа и го прави клубот толку голем. А писхички проблеми фала му на Бога сеуште немам, уште не сум оженет