- Член од
- 29 јуни 2014
- Мислења
- 26.131
- Поени од реакции
- 42.852
Влагање у европаска унија потоп ни се дешава. Бугарија и хрватска за 10 години 2 милиони нема да имаат.
Е па тие кои имале право на глас пред и на 8 септември 1991 требале да се подзапрашаат самите себеси:1991-2011 РМ беше визно гето и затоа цифрите беа пониски. После 2011 и олабавувањето се иселија маса луѓе. Од зенитот во 1991 на последниот Југо-попис и 2,1 милион лица, за 30 години стигнуваме до 1,8 милиони. И тоа не сметајќи ги неродените кои ако се следеше нагорниот Југо-тренд низ пописите значеше дека РМ денес би имала барем 2,4 милиони жители. Тоа е губење на 20% население и тоа без традиционалните проблеми како епидемии и војни.
Мислам дека заедно со Бугарија, Македонија држи рекорд за демограски колапс. Стравичниот пад на наталитет, стабилниот ако не и наголемен морталитет и секако трајното иселување не гледам како би биле спречени. Тоа значи дека полека но сигурно Македонија е во најцрните демографски денови.
А што е иронично тука? Тоа што рекордните бројки беа за време на СФРЈ додека пост независност и свои на своето македонскиот народ направи све за да пристоен живот на ова парче земја е скоро па невозможен.
Имајќи роднини и пријатели кои се иселија за секогаш, оваа тема ме тера на плачење. Си градел друштво, добри роднински врски и што за тоа? За некој дебел, мрсен Ханс да ги користи нашите луѓе како работна сила.
Не знам повеќе дали воопшто има начин да се спречи трендот, дали има некој некаква стратегија или сето ова ќе продолжи до полагано изумирање на македонскиот народ. Најдобро предупредување се Власите кои практичо ги снема од РМ, што ради наталитет, асимилација и емиграција.
Зошто ниту една политичка партија не го споменува овој крајно ДРАМАТИЧЕН проблем и нуди некаква страгија барем да се спаси колку што може да се спаси?
И јас мислам дека падот на Југославија за кој беа одговорни разни инсталации и избрани власти во тие драматични 1989-91 беше огромен цивилизациски чекор назад за сите инволвирани. Кај сите седум земји наследнички демографијата е страва и ужас, а не се гледа крај на процесот.Е па тие кои имале право на глас пред и на 8 септември 1991 требале да се подзапрашаат самите себеси:
Што произведува македонската економија и каде ќе го извезува произведеното во независна Македонија ?
Што увезува македонската економија и од каде го увезува во независна Македонија ?
Какви ќе бидат економските и трговските односи со Југославија или со осамостоените југословенски републики после осамостојувањето на Македонија ?
Од што ќе опстојуваат македонската економија и македонската нација во независна Македонија ?
Ене ги Шкотланѓаните со целиот нивен економски потенцијал сепак во 2014 година гласаа ПРОТИВ независна Шкотска, изгледа некој им одржал лекција по економија пред денот на гласањето.
Не велам дека Македонците не требале да гласаат за независна Македонија на 8 септември 1991, но дефинитивно требале да размислат минимум 2 (ДВА) пати пред воопшто да гласаат.
Поставуваш погрешни прашања.Е па тие кои имале право на глас пред и на 8 септември 1991 требале да се подзапрашаат самите себеси:
Што произведува македонската економија и каде ќе го извезува произведеното во независна Македонија ?
Што увезува македонската економија и од каде го увезува во независна Македонија ?
Какви ќе бидат економските и трговските односи со Југославија или со осамостоените југословенски републики после осамостојувањето на Македонија ?
Од што ќе опстојуваат македонската економија и македонската нација во независна Македонија ?
Ене ги Шкотланѓаните со целиот нивен економски потенцијал сепак во 2014 година гласаа ПРОТИВ независна Шкотска, изгледа некој им одржал лекција по економија пред денот на гласањето.
Не велам дека Македонците не требале да гласаат за независна Македонија на 8 септември 1991, но дефинитивно требале да размислат минимум 2 (ДВА) пати пред воопшто да гласаат.
Од празни зборови не се живее.
Тоа оди ГРАТИС со развојот на техносферата и отуѓеноста.Da ne zaboravime deka pad na natalitet imaat skoro site državi. Od japonija, Kina, Korea, Rusija, Evropa, turcija , latinska amerika.
По осамостојувањето секако дека е ирелевантно, но апсолутно најрелевантно било дали и што мислеле македонските гласачи пред и на 8 септември 1991....
Дали и што мислеле во Македонија по осамостојувањето е ИРЕЛЕВАНТНО, покрај тоа што не мислеа ништо, за нив мислеше ЕУропска и САД, овие овде имаа за задача само да исполнуваат.
...
Ама ти не читаш што сум напишал.По осамостојувањето секако дека е ирелевантно, но апсолутно најрелевантно било дали и што мислеле македонските гласачи пред и на 8 септември 1991.
И пред 24 април 2024 и пред 8 мај 2024 исто така беше релевантно што мислат и како ќе гласаат македонските гласачи, а сега после 8 мај 2024 секако дека нивните ставови и гласови се тотално ирелевантни.
Како што пред 8 мај 2024 и пред 24 април 2024 требаше убаво да подразмислат дали воопшто ќе гласаат и за кого ќе гласаат, така и пред 8 септември 1991 требале убаво да размислат како ќе гласаат на референдум за независност.
И токму бидејќи тој брод во бродоградилиште во Сплит бил 28% македонски производ, требале убаво да размислат дали и каде ќе оди македонскиот челик после 8 септември 1991 доколку гласаат за независна Македонија.
За волја на вистината, Хрватите и Словенците ќе гласаа за независност па макар и земјата под нив да се отвори откако ќе гласаат ЗА, што значи дека тој удел од 28% во тој брод во тоа бродоградилиште во Сплит е трајно изгубен за македонската челичарска индустрија, но тоа не го менува фактот дека било какво сочувување на Југославија, па макар и без Хрватска и Словенија би можело да биде - се вели би можело бидејќи никогаш нема да знаеме дали дефинитивно ќе беше - подобра опција во споредба со осамостојување и целосно раскинување на постоечките економски и трговски односи со останатите југословенски републики.
Економски и трговски односи се градат со години, односно со децении, лесно се раскинуваат преку ноќ, а многу тешко е да се возобноват.
На тоа требале да му ја мислат македонските гласачи пред и на 8 септември 1991, а не на тоа што сакаат Германија, Велика Британија, САД, Франција или не знам кои други. Ирелевантни сме сега, после 8 септември 1991, а претходно сепак сме имале нешто заедничко со останатите југословенски републики, а да не биде ограничено на музика и филм.
Да ти е жива и здрава приновата, да си сочекаш трицифрена возраст со истата и да се радуваш и на внуци и на правнуци....
Не може да се прецизира која партија е најзаслужна за ужасот бидејќи сите власти до ден денес се однесуваа непријателски кон сопствениот народ. Новата власт на неодамнешниве избори имаше нешто како програма за враќање на барем одреден број емигранти назад што е за поздравување па се надевам вмро да направи нешто на терен, пред се во економски мотиви и владеење на правото заедно со скратување на бирократскиот чир кој 34 години ја разјадува оваа земја.
Па мора бре да постои некаков начин, има стручњаци на тоа поле, не може да нема начин да се намали иселување и да се наголеми наталитет.
Ете јас придонесов за наталитет на мои 40+ години, игром случаја иначе ќе го направев тоа многу порано да не беше опакиот синдром кој ме донесе скоро до крајот. Сакам да кажам никогаш не е доцна а имајќи искуство од неколку странски земји во кои работев, се вратив назад и не гледам на тоа како на некаков си пораз како што ме убедуваа некои.
Но што е тука значајно? Југа постоеше 47,5 години а РМ ете скоро 34, па за 13 години ќе се изедначи независноста под капа на Југа со независноста без Југа. А што ќе биде резултат на тие скоро половина век, споредено со квантниот скок од феудализам во каков таков социјализам и драстична модернизација за време на Југославија?
Обратно сакаше да кажеш: биле незрели бидејќи не им текнало да си ја направат математиката за понатамошниот економски развој на независна Македонија.Ама ти не читаш што сум напишал.
Македонците сосема нормално сакале независна Македонија и тоа не е грев туку покажува зрелост на еден народ.
Примерот со бродот беше во друг контекст, не само што не постои скопска железара не постои ни сплитско бродоградилиште... Македонците како и сите останати во ЕхЈу беа изманипулирани, не е прв пат нема да е ни последен, им ветуваа дека сите ке станат капиталисти никој не им рече дека некој треба и да работи, под плаштот на самостојни меѓународни субјекти/држави беа превеслани и ОГРАБЕНИ сите не само Македонците, си донесоа закони какви што сакаа си направија приватизација и денес голем дел од тие луѓе не се ни живи...
Некакво останување во мини ЈУ не доаѓаше во предвид, односите и контекстот беше таков да можеби ќе останевме Македонци ама ќе требаше да дадеме данок во крв елитите не беа спремни за тоа, режисерот многу вешто и до најситниот детал беше испланирано се...
Но ова е повеќе за тема ЕхЈу, секако има врска со демографијата/фертилитетот ама е минато свршено време, па ако сакаш префрли се на тој пдф, да не се затрпува темава.
Благодарам за убавите желби, ти посакувам исто и тебе, жена на која ќе и бидеш алфа и омега и обратно, прекрасни деца и мирно мореДа ти е жива и здрава приновата, да си сочекаш трицифрена возраст со истата и да се радуваш и на внуци и на правнуци.
Но бидејќи си еден од попаметните членови на форумов, а несомнено и повеќе патуван бидејќи си работел во странство, не треба да бидеш наивен и да веруваш во подобрување на условите за живот во Македонија со новата влада која допрва ќе биде избрана.
Секако дека постои начин, решението е да се води одговорна фискална и даночна политика, да се води бескомпромисна и безмилосна борба против криминалот и корупцијата, да се стави крај на партиските пазарења кои еве веќе се во најава помеѓу пвеводбениците и рециклираните рамковнисти, под итно да се престане со секакви преговори со други држави кои постојано бараат секакви отстапки од македонската држава, а за возврат не даваат ништо, и државата да им се тргне од вратот на младите.
Младите бегаат пред се` бидејќи работодавачите ги експлоатираат како стока, а државата ја заболе, и понатаму си го бара својот дел од бруто платата, од даноците, а еве по ново и од заштедите, наместо да им ги олесни условите за живот и за работа.
Еве за почеток нека ги ангажираат студентите од Машински факултет, Електротехнички факултет - по ново ФЕИТ, и Градежен факултет за да возобноват некоја пропадната фабрика. Доколку објектите во кои се одвивало производството сеуште се во здрава структурална состојба, можат повторно да бидат опремени и да се стартува некакво производство. Државата тука може да помогне со барање на приватен инвеститор - по можност од странство - кој би инвестирал во возобновување на таков веќе постоечки објект, под услов да ги задржи младите на минимум 5 (ПЕТ) години , а за возврат државата би учествувала со 50% удел во таквата инвестиција и би го ослободила инвеститорот од давачките за бруто плата за младите во тие минимум 5 (ПЕТ) години. И веднаш тука ти се појавува првиот проблем: корупција - кои студенти да бидат вработени на кои работни позиции, од кого ќе бидат набавувани градежните материјали и опремата, кои ќе бидат главните добавувачи на инвеститорот и бројни други лешинари кои само чекаат да се закачат на државна дојка.
Без желба и волја за расчистување со сите тие канцерогени елементи во македонското општество, ниту нова влада, ниту нов парламентарен состав, ниту нов јавен обвинител, ниту нов совет на јавни обвинители, ниту нов судски совет не ја поправаат состојбата во Македонија, а со тоа не ги задржуваат младите во Македонија.
Тука ги кажа и двете причини поради кои сме тука кај што сме.Еве за почеток нека ги ангажираат студентите од Машински факултет, Електротехнички факултет - по ново ФЕИТ, и Градежен факултет за да возобноват некоја пропадната фабрика. Доколку објектите во кои се одвивало производството сеуште се во здрава структурална состојба, можат повторно да бидат опремени и да се стартува некакво производство. Државата тука може да помогне со барање на приватен инвеститор - по можност од странство - кој би инвестирал во возобновување на таков веќе постоечки објект, под услов да ги задржи младите на минимум 5 (ПЕТ) години , а за возврат државата би учествувала со 50% удел во таквата инвестиција и би го ослободила инвеститорот од давачките за бруто плата за младите во тие минимум 5 (ПЕТ) години. И веднаш тука ти се појавува првиот проблем: корупција - кои студенти да бидат вработени на кои работни позиции, од кого ќе бидат набавувани градежните материјали и опремата, кои ќе бидат главните добавувачи на инвеститорот и бројни други лешинари кои само чекаат да се закачат на државна дојка.
На место ти е коментарот, но јас лично не познавам македонски работодавач кој има таков претприемачки дух, а кој ги третира работниците како кадри кои треба да ги цени, да ги наградува за трудот и да инвестира во нивниот понатамошен развој, а не да ги третира како стока која може да ја замени во секој момент....
Државата треба да гради и поддржува предприемачи кои ќе прават бизниси и кои ќе градат фабрики. Треба да направи законите да се фер и еднакви за сите. Можностите да се еднакви за сите. На државата не и е местото да се меша во бизнисот, туку да создаде услови за бизнис. Странски фирми во никој случај не треба и не смее да се привилегирани, наспроти домашните, баш напротив, домашните фирми треба и мора да се привилегирани, наспроти странските. Какво е тоа сервилно размислување? Зошто би ја уништувале домашната економија и зошто би го реметеле пазарот на трудот заради некои си странски компании ? Зошто мојата компанија да плаќа даноци за вработените, а некоја си компанија од странство да не плаќа? Зошто мене ме казнува државата? Така ли ќе ги наградуваме (читај казнуваме) оние со претприемачки дух? Зошто јас, за да нудам плата од 1000 евра, треба да ме кошта 1500 евра, а некоја си компанија која дошла од странство од опортунизам, да ја кошта само 1000 евра. Како мојата компанија ќе биде конкурентна?
Значи пак ќе ти кажам, во цитираниот дел буквално го презентираше мајндсетот кој не донесе до ова дереџе.
Рработите се менуваат, берзата на трудот се стабилизира во последната деценија. Сега нема работа само за оние што не им се работи. Пробај да најдеш мајстор за нешто и ќе ти стане јасно колку отворени работни мести има. Точно е, има работодавци што не ги ценат воопшто вработените, ама такви има секаде, во секоја држава. Како почнува да има поголем избор, така и вработените креваат глава. Ете приметив дека големите маркети, полека и срамежливо почнуваат да се натпреваруваат со услови за работа и поголеми плати. Полека и мајднетот на младите почнува да се менува.На место ти е коментарот, но јас лично не познавам македонски работодавач кој има таков претприемачки дух, а кој ги третира работниците како кадри кои треба да ги цени, да ги наградува за трудот и да инвестира во нивниот понатамошен развој, а не да ги третира како стока која може да ја замени во секој момент.
Инаку убаво напишав во коментарот приватниот инвеститор по можност да биде од странство, воопшто не спомнав дека мора да биде од странство.
Домашната економија и вака доволно ја реметат домашните работодавачи, доволно е да обрнеш внимание на условите во кои работат текстилните работници и да посакаш да ги фрлиш на клада гнасите кои ги довеле до такво дереџе, а кои се нарекуваат нивни работодавачи.
И на мене не ми се допаѓа односот од странските работодавачи, еве на пример Белгијците најавуваат дека целосното производство на Ванхоол ќе го селат во Македонија, а во Белгија само ќе ги дизајнираат автобусите. Но тука нема никаква победа на македонскиот работник бидејќи во фабриката на Ванхоол во Бунарџик раководството има издадено наредба да не се отпушта никој, па дури ниту најголемите мрзливци поради недостаток на работници, а сосема случајно за поранешен сосед имав токму таков, но за волја на вистината него не го трпат ниту неговите домашни, а не па работодавач, па затоа не може да послужи баш како веродостоен пример за мрзливец. Но тоа не го менува фактот дека работниците им напуштаат бидејќи им е смачено од ниските плати во споредба со работните задачи кои ги извршуваат. Јас не сум работел во Ванхоол, но да знам дека мојот труд го изедначуваат со мрзливоста на некој кој единствено гледа да си фати џаде што поскоро, а да бидеме исто платени, за мене е крајно неприфатливо.
Спореди го ова со скопски Санос, односно поранешен ФАС 11 Октомври, кој не постои повеќе ако добро помнам, и ете ти македонски домашен профитер наспроти странски профитер.
Главниот фактор за економски раст и за подобрување на условите за работа во Македонија, како што веќе спомнав, е државата да им се тргне од вратот на младите.