...зошто воопшто човек има потреба од Бог?
...зарем сме толку внатрешно слаби и празни да мораме да веруваме во Бог за да му дадеме смисол на нашиот живот?
...каде е коренот на таа потреба, сигурно не е во приказната за адам и ева
?
...сакам да ги прочитам вашите коментари
И во љубов ваљда веруваш, па не значи дека си празен. Некој си верува буквално како што е пишано и раскажано, бидна први ден и Бог створи светло и тн.. И како што буквално си верува, буквално и си прави тоа што кажал Бог, мада тоа се ретки верници, делат со тој што нема, постат, одат во црква, не прават лошо, помагаат, за нив семејството е свето нешто, си слават слави..
Други веруваат, го тетовираат Исус на цел грб и лежат во затвор за педофилија, трети меѓу цицки носат огромен крст, а во некоја нива секој ден се плескаат со кој било за некој мл филер за на уста, а маж дома и три деца.
Некој верува дека се околу е Бог.
Некој и мора да верува во Бог за да разликува добро и лошо. И да се плаши дека лошото ќе му донесе казна божја.
Некој мора во нешто да верува, да раскаже на некого, да се пожали, да побара, да каже она што не може ни на близок да му го опише, да не се осеќа сам, да има пријател, господар, некој што го слуша и ќе му ги исполни желбите..
Корени разни, луѓе разни, приказни разни и разни верувања.