Фан Клуб: Вардар

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.515
Поени од реакции
5.503
Официјално во понеделник во 11:00 часот ФФМ ке одржи состанок и ке се знае на кој стадион и кој ден ке се игра баражот :)

Позитивно е што денес немавме повреда на играчи и само без Лемос ке играме против Детонит , немаме право на грешка на овој меч и мора уште од старт да притиснеме и да дадеме рано гол ..
 
Член од
23 април 2022
Мислења
272
Поени од реакции
1.225
Големи се шансите баражот да се игра во Прилеп на 26 мај
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.090
Поени од реакции
4.062
Зоран Мишевски на ТВ преносот од Брера прееска рече дека ќе се игра во Охрид.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.546
Поени од реакции
3.791
Нереално е колку сме слаби во напад. Тиквеш ни играше со втор состав и дури и откако ги внесовме сите првотимци, не успеавме ништо да креираме пред противничкиот гол. Мацата очобол, каква шанса утна во второ полувреме, ја прати топката на средно Водно.
Сусо исто, дното го проби. Ова е доказ колку е важен Лемос во составов, нема кој да креира шанса. Го нема Глишиќ, нема кој да нафрли. Исто и Швајц, учинок 0 голови на крај на сезона. Овој Шушњара бар запиша 2 гола :D
Искрено страв ме фаќа дека нема да дадеме гол со Плачковица. Па тие се на рамниште на вториов состав на Тиквеш. Ко што ми спомна другар од Кавадарци, сите овие им биле резервисти, ни по 20 минути не играле. Едниот работел во авто сервис паралелно со играње фудбал.
Одбраната со Папули и Ѓурковски приказна за себе. Вторион гол што го примивме ја отсликува цела сезона. Ќе си направи клипче тој летонецот од Тиквеш, за да се шитне во друга екипа :D

Се надевам на многу поразлично издание во баражот. Класи сме подобри, ама нападов е јалов до бескрај...
Ова денес не треба да биде никакво мерило. Јас одоговорно тврдам дека со Детонит ќе дадеме гол во првите 20 минути. Дека Мацата и Сусо треба да летаат први е факт, ама убеден сум дека сме две класи по добри и по искусни од Детонит. Добро е што се врати Брда и е фит за Детонит, исто и Дуро ќе биде фит, така да одиме јако.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.515
Поени од реакции
5.503
Зоран Мишевски на ТВ преносот од Брера прееска рече дека ќе се игра во Охрид.
Ако биде Охрид тоа е одлично , и онака е споен викенд ради празникот и очекувам доста навивачи на Вардар ...

Јас и пред 15 дена најавив тука дека највеќе логика има Охрид ради неутралната одалеченост на двата града Радовиш(Детонит) и Скопје (Вардар)

Да почекаме официјално до понеделник и да се почне со голема мобилизација , Охрид би бил црвено црн :cool:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.611
Поени од реакции
70.148
На 25 мај ќе биде веројатно баражот, барем на нашиве во клубот така им рекле.
Инаку не може да се одредат баражите и местата на одигрување од сега. Ќе зависи веројатно и од баражите за втора лига. Да се види кои екипи ќе играат таму, па ќе се одредат терените.

Кораб Дебар, Влазерими Кичево, Вардарски Богданци, Борец Велес и Куманово/Шкендија Арачиново (зависи од утрешното коло) ќе играат баражи, ама не се знае патникот од втора лига (некој од Победа, Саса, Осогово или Тетекс). Од сите страни на Македонија има екипи. Прво треба да се види кој со кого ќе се падне, па да се одредат сите места на играње.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
143
Поени од реакции
393
Добро која беше потребата толку првотимци (Гача, Мишко, Брда, Глиш, Швајц, Пато, дури и двајцата испод 21 година би ги набројал) да играат во резултатски безначаен меч!? За да се повреди некој пред финалето на сезоната за нас и после да си ја чукаме главата. Стварно не ја разбирам оваа непромислена одлука на стручниот штаб...
П.С. Мујезиновиќ со уште една асистенција вчера. Пропуст на Горазд што не му даваше поголема минутажа и порано во оној безидеен среден ред што го имаме.
Нереално е колку сме слаби во напад. Тиквеш ни играше со втор состав и дури и откако ги внесовме сите првотимци, не успеавме ништо да креираме пред противничкиот гол. Мацата очобол, каква шанса утна во второ полувреме, ја прати топката на средно Водно.
Сусо исто, дното го проби. Ова е доказ колку е важен Лемос во составов, нема кој да креира шанса. Го нема Глишиќ, нема кој да нафрли. Исто и Швајц, учинок 0 голови на крај на сезона. Овој Шушњара бар запиша 2 гола :D
Искрено страв ме фаќа дека нема да дадеме гол со Плачковица. Па тие се на рамниште на вториов состав на Тиквеш. Ко што ми спомна другар од Кавадарци, сите овие им биле резервисти, ни по 20 минути не играле. Едниот работел во авто сервис паралелно со играње фудбал.
Одбраната со Папули и Ѓурковски приказна за себе. Вторион гол што го примивме ја отсликува цела сезона. Ќе си направи клипче тој летонецот од Тиквеш, за да се шитне во друга екипа :D

Се надевам на многу поразлично издание во баражот. Класи сме подобри, ама нападов е јалов до бескрај...
Тој другарот да не си подлажува така малку:D И они имаа доста стартери вчера, како стрелецот Даноски, Михаилов, Стојкоски, Стоименовски, Тодоров, па и голманот Димовски кој има подеднаква минутажа со другиот голман...
А за нападот ни е потполно јасно на сите. Ќе мора таму од корен да се сменат работите ако не сакаме да се доведеме во истата ситуација како сезонава..
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
643
Поени од реакции
2.371
Искрено и мене Мујезиновиќ ме изненади последните неколку натпревари, одличен играч е. Треба да се задржи доколу се има можност.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.611
Поени од реакции
70.148
Да, Мујезиновиќ и мене ме изненадува во вториов дел на полусезонава. Внесува енергија кога ќе влезе на терен.
Со каква формација и состав би сакале да стартуваме во баражот?
По мене:
Гача

Брда - Ѓуриќ - Мишко - Глишиќ

Пато - Мујезиновиќ - Дурански

Шушњара - Омерагиќ - Швајц

Не знам на Бришки што позиција би му дале. Пато се бори ептен, Дурански е океј за креативност, а секако не би играле со тројца дефанзивци позади. Едино да игра десно место Брда, кој има прилично слаба полусезона.
 
А бе каков Гача, доста со тој шалабајзер, му помина времето, башка еден тон пороци има, секој ден, ај да не зборам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.611
Поени од реакции
70.148
А бе каков Гача, доста со тој шалабајзер, му помина времето, башка еден тон пороци има, секој ден, ај да не зборам.
Треба да му се остави уште баражот, сепак е поискусен. Види го голов што го прими Мето во Кратово, нема оправдување за нешто такво...
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
643
Поени од реакции
2.371
Треба да му се остави уште баражот, сепак е поискусен. Види го голов што го прими Мето во Кратово, нема оправдување за нешто такво...
Е каков голем бе прими, тука кој сакаш голман стави го нема да ја фати таа топка, играчот сакаше да нафрли и така и беше поставен Мето, а топката смени правец.
 
  • Хаха
Reactions: Hoy
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.546
Поени од реакции
3.791
Искрено се чудам само Горазд со кој памет го стави Брдаровски во игра на тотално неважен натпревар, е сега овој се мачи и е 50-50 за недела...
 
Член од
27 април 2020
Мислења
50
Поени од реакции
144
Да, Мујезиновиќ и мене ме изненадува во вториов дел на полусезонава. Внесува енергија кога ќе влезе на терен.
Со каква формација и состав би сакале да стартуваме во баражот?
По мене:
Гача

Брда - Ѓуриќ - Мишко - Глишиќ

Пато - Мујезиновиќ - Дурански

Шушњара - Омерагиќ - Швајц

Не знам на Бришки што позиција би му дале. Пато се бори ептен, Дурански е океј за креативност, а секако не би играле со тројца дефанзивци позади. Едино да игра десно место Брда, кој има прилично слаба полусезона.
Мујезиновиќ ќе игра место Шушњара, а Бришки во среден ред. Брда си е стандардно добар, ама беше повреден последно време и вчера непотребно влезе, плус што беше единствен со опасност од 5 картон
 
Kajgana Shop

На врв Bottom