Проблемот е што се знае кај нас како одат ваквите финансирања, плус, како што пишал и
@Saber Rider сето ова доаѓа од луѓе на кои "другар, кој имал другар чиј што другар бил близок до другар со некој другар од партија". За да се откаже некој од финансирање треба единствено да не сака, бидејќи ние нема теоретска шанса да пронајдеме спонзор кој би имал 2-3 пати поголем буџет од, во овој случај, Пелистер. Ние, реално, треба да сме среќни да најдеме спонзор со кој би имале буџет како Пелистер, затоа што отидоа во неповрат времињата кога се фрлаа ненормални суми за играчи.
Да бидеме реални, ЛШ е басловна именка веќе, па дури и во случај Вардар, Пелистер, Алкалоид и Охрид да состават тим, пак нема да имаат победа во ЛШ. Нас ни е потребна нова филозофија, каде што ќе собираме помлади играчи од поблиска и подалечна околина. Многу е поинтересна лигата кога има повеќе израмнети натпревари, отколку кога 99,9% од натпреварите се ревијални.