Фан клуб - РК Вардар

Може ќе звучи чудно ама јас не би го мењал Бутин. Вади 200% од екипата што ја имаат на располагање со Столе.
Сите мечеви кои се очекуваше да ги добие - ги доби. Ја освоивме Струга, го освоивме суперкупот, два пати ги тртнавме Алкалоид, да не беше она глупо гостување во Кавадарци кога бевме болница екипа веројатно и до титула ќе се докопавме.

Мислам дека заслужува да му се даде шанса со покомплетна екипа наредна сезона, особено ако го одбраниме купот. Сигурно не сме у можност Валеро Ривера да го потпишеме.
 
Последно уредено:
Динамо го донесоа Бранко Вујовиќ па има некоја логика дека би дошол Кашпарек, али сеа за сеа делува по малку невозможно од гледна точка дека може да игра буквално во секоја екипа, може не баш секаде да биде прва постава, но дефинитивно е страшен играч, како што сме тенки на таа позиција ќе ни биде џекпот доколку го донесеме...
 
Динамо го донесоа Бранко Вујовиќ па има некоја логика дека би дошол Кашпарек, али сеа за сеа делува по малку невозможно од гледна точка дека може да игра буквално во секоја екипа, може не баш секаде да биде прва постава, но дефинитивно е страшен играч, како што сме тенки на таа позиција ќе ни биде џекпот доколку го донесеме...
Мораме да земеме и некој солиден среден бек како замена за Јасухира (или во случај да си замине), на лев бек според мене сме океј покриени со Петриќ и Николиќ, иако нема да смета уште по некое засилување...
 
РК Вардар побара одложување за дуелот со Алкалоид за петок , за да имаат фер и исти третман со Пелистрер за одмор .
Ова е големината на РК Вардар , споредбено со Пелистер кога нашиве пола тим имаа стомачен вирус и Пелистер тогаш неспортски постапи .. :)

❤Ракометниот клуб Вардар секогаш го поддржувал спортскиот ферплеј, се залагал на терен да се реши кој е подобар. Работиме секогаш во интерес на ракометот и сакаме да придонесме тој да го задржи приматот на најуспешен екипен спорт во Македонија. Сакаме ракометните натпревари да бидат интересни, неизвесни и квалитетни, и да привлечеме нови млади да се занимаваат со спорт.

✅Како вистински спортски џентлмени и во интерес на задоволување на сите барања и засегнати страни, сакаме да го предложиме следново:
Доколку се согласи нашиот противник во полуфиналето, екипата на РК Алкалоид, ние како клуб сме подготвени нашиот меѓусебен натпревар наместо во четврток како што претходно беше најавено од страна на РФМ, да го одиграме ден подоцна во петок. Иако ќе имаме ден помалку за подготвување за следниот меч, сметаме дека Вардар е доволно квалитетен и тоа нема да му пречи.
 
Официјално за атер на шурите и работник сменети се термините.
 
:pos:
 
Официјално за атер на шурите и работник сменети се термините.

No sega Pelister se buni protiv vakvata odluka. I otkako im smenija pa ne im cini. Na ovie stvarno ne im e dobro...
 
Па нормално ќе се бунат, ги насанкавме ко мали дечиња. Ако прифатат они да играат утре, а ние во петок тогаш автоматски признаваат дека во недела би играле со тим против кого би имале голема предност заради ден повеќе за одмор, после цело нивно плачење последниве денови и самите ќе си фрлат дамка на евентуално освоената титула, а да не збориме па и ако така не успеат да ја освојат.
Сосема непотребно се обидоа да исправаат криви дрини. Не дека нешто значи тој ден повеќе одмор посебно кога они се во улога на фаворит за титула ама сами си се закопаа и сега не можат да смислат сценарио во кое би се појавиле на купов, а не би си плукнале самите на тоа што го збореле со денови.
 
Каква заебанција од клуб и управа…
Ама заминувањето на “зелената ера” не можете да го одложете бе шурчиња:pos:
 
Циркус екипа е Пелистер , прво плачеш и се буниш дека не се фер термините , па идеш дури и до ehv поднесуваш жалби :icon_lol:

Па Вардар како голем клуб попушта и ти дава нов термин ,што автоматски значи нашиот клуб се стави во позиција да прифати да игра во петок и да има ден помалце за одмор во можно финале само за да не плачат ..

И сега од коа видоа дека Вардар не му е проблем да игра и во петок , се јавуваат со соопштение и викаат ама ние не баравме милост :pos: :tvg:

Глејте овој навивач од Битола што им пишал на официјалната страна не Еурофарм Пелисер , демек Вардар ги правел термините и правел нервози :pos:

пред секој натпревар нервоза стварат провоцирт,термини менват и сите можни неспортски игри.за да му дојди публика оти неможат да соберат.
оти ние ќе му појдиме таму многу побројни.
одиме јако и без пардон ! Само Битолски бон тон !
Ооооо ооооо ооо оооо Пелистер е шампион ! ☘
 
Последно уредено:
Циркус екипа е Пелистер
1. Пелистер напрај преседан со термините?
2. Пелистер побара ден плус за себе а ден помалку за противникот?
3. Пелистер не смееше да реагира на неправедноста од страна нс рфм?
4. Каде Пелистер воопшто погреши во овој случај?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom