Упм, гарантирам дека 2009 МЗТ имаше појака прослава на титула од оваа на Реал, а и било која. Јбг во Шпанија не го сфаќаат така спортот како кај нас, нема тепачки, нема провокации, нема крвничко навивање. Гарантирам дека на Ѕвезда-Партизан во Пионир има 300 пати поврела и понапета атмосфера од 90 000 на Ел Класико на Бернабе.
Го сфаќаат ама не сите. Види каква прослава за купот имаа Билбао само, и општо секој натпревар во купот како ги пречекуваа фудбалерите пред стадион, зборам за сите екипи, поготово помалите.
Атлетико, Билбао, Бетис, Севиља имаат пеколна атмосфера поготово дерби кога се игра.
Овие екипи, зборам за навивачите се со друга идеологија, за разлика од кремот во Шпанија.
Е сега тука мора да се земе фактот и дека федерацијата не им дозволува многу шоу, од страна на пиротехника и други реквизити, забрането е во стадионот внатре, пример во Шпанија можи да ти прават проблем на влез за обично знаме.
Јас досега шо сум била на Метрополитано атмосферата била на високо ниво, и тоа не кој знае шо натпревари, навивање цел натпревар без престан, кореографии, пречек на фудбалери, загревање пред стадион, пива, свирки со бендови, све било топ.
Следно имам зацртано да гледам дерби Мадрилењо или ЛШ нокаут фаза меч, пред натпревар е пекол пред стадион, тоа мора да се искуси некогаш.