Црни и тешки денови се пред нас, спасувајте се кој може.
Грциве да стават ембарго и Бугариве да си повлечат инвестициите тоа , веројатно бугарските клубови и промотори , друго не знам со што се влезени значајно едино што Грција е сериозно влезена . Нека си одат слободно, според мене .
Различно време е сега за разлика од 90тите .
Македонија тогаш беше сеуште во рана фаза на членки на организации и со слаб развој на држава и инвестиции .
Сега во Грција има голем број на грчки фирми кои работат со Македонија и спротивно и се ризикува да се наруши комодитетот на грчката економија . Друг фактор е што сме Нато членка . Безбедноста на Балканот ќе се наруши и ќе преставува агресија од членка на ЕУ и од Нато членка кон друга членка . САД како стратешки партнер кон двете земји,Македонија и Грција тешко дека ќе дозволи такво нешто , со оглед дека на прагот ни е Украина на Север и на Југот ни е Израел каде Грција се граничи водено и со влијание преку Кипар .
Поентата ми е дека Македонија има сега далеку тежина како држава и како членка на повеќе организации, дали политички,воено и економски . Грција и поготово Бугарија која ја следи Грција, ќе си направат голема тежина на нивните граници .