Не можам да коментирам за судењето во Италија, јас само кажувам дека не ми се допаѓа стилот на Зозе, некој одма ќе рече дека дека го мразам заради Челзи и времето во поминато во Англија!
Јас го мразам дека стана тренер во моментот кога беше оштетен Манчестер, а после тоа не покажа почит кон Јунајтед, ниту пак призна дека Манчестер испаднаа од Порто со судиска грешка!
Ферги е голем тренер затоа што признава кога некој судија згрешил за или против Јунајтед, за разлика од Зозе и затоа никогаш нема да го достигне САФ!
А си се запрашал дека можеби не ни сака да го достигне Ферги??? Може на Мурињо не му е предизвик да го достигне Фергусон. Според мене човекот може да изгради и подобра кариера од Ферги, да си биде менаџер со сопствен стил, со сопствен начина на стигање до успехот.
Незнам зошто поголемиот дел од фановиве на форумот пробуваат да го споредат Ферги со Жозе. Мене ми изгледа нелогична споредба. Едниот има 5-6 години фудбалска кариера другиот 30 и правите споредба, само незнам на која основа???
Ферги 22 година е предводник на Јунајтед, може Мурињо има други цели во карерата да ги докаже своите квалитети на друг начин. На Челзи му донесе одма титула, дојде во Интер за да освои Лигата на Шампионите не за да освои Серија А, може ќе ја освои оваа година, следната или пак никад. Ако дошол во Интер за да освои ЛШ и успеал во тоа, може ќе побара друг предизвик, со Атлетико М. да освои Шпански шампинат или нешто друго.
Вие ги гледате работите од аспект на тоа кој има повеќе трофеи. Еве ќе ви дадам прост пример, Шумахер има највеќе титула во Ф1 ама никогаш нема да го достигне нивото на кој е величен Сена.
Па на крај краева има и други стратези кој се на ниво на Ферги. Капело е легенда, каде и да оди носи успех. Арсен Венгер е исто така многу добар менаџер, а кога е во прашање оној прав стратег сите можат да му носат вода на Рафа Бенитез.
Bianconero vero кажи ми еден весник што е во чиста сопственост на Морати односно Интер. Не ми кажувај со тоа дека добар пријател на Морати бил одговорен уредник на Кориере дело спорт, или школкси другар му бил главен во Газето.
Тутоспорт и Ла Стампа и Јуве имаат ист сопственик семејството Ањели. Берлускони ја има Медиасет една од најмоќните телевизии во Италија. А ако некој има докази дека Интер мести натпревари, бујрум нека ги достави до судот нека се покрене судска постапка и нека не казнат ако сме правеле дубари.
Јас кажувам дека судиските грешки не добиваат ист третман кога се направени на натпреварите на Интер и оние на Јуве и Милан