Ова е мој став, верувам дека голем дел може и нема да се согласат.
Прво, жалосно што еден куп луѓе што биле најактивни во основањето на навивачкото движење во Скопје (прво во Комити, потоа во ЦПБ и ФА), починаа прилично млади. Бог да го прости Маци.
Е сега, од друга страна, по мене Комити и немаат некоја потреба да оддаваат посебна почит на екс членови (па макар и тие што биле најактивни во зародиш на групата) ако истите не стапнале 100 години на запад и се одлучиле да бидат дел ос друга група. Ако некој навивал рамо до рамо (практично ја основал групата и имал максимален реапект меѓу сите идни водечки генерации на трибината) со други членови кои ни пишувале графити НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ и не му сметало истото, па се давало да бира кој за кого да навива, тогаш нема што да се даваат официјални соопштенија.
Сега некој ќе рече дека и со Гого можеби била истата приказна, ама овој и по членството во ЦПБ има помагано на Комити.
Комити имаат само неколку постари членови од времињата кои се редовни на запад скоро сите сезони. Ако некој заслужува почит, тоа се тие (да проживеат уште сто години, дај боже).
Некои што 20+ години не стапнале на запад или никнале ко печурки за некои лични интереси, нема што да добиваат толкава почит, особено ако биле активни во други групи во меѓувреме.
Да. Они беа Сервис Кру. На кошарка противници ни беа (ја не идев на кошарка Работнички, само на фудбал Вардар), ама на Вардар идеа сите и се тепаа со Чкембари, како и ние. За тие настани нема да зборам сега.
Ја бев једини у маало од Комити. Цело маало беше 80% Партизан, 20% Звезда. И ја. Ја бев за Вардар. Али никад, никогаш никакви проблеми нити било што друго не сум имал, него најнормално сум бил дел од маалото. (у наше маало не ги заебаваа тие што навиваат за Вардар него тие за Звезда). Сите идевме заедно на Вардар. Да, они беа србомани и све тоа, али ни за тоа нема да зборам сега.
Anyway, ме погоди веста денес многу повеќе одошто мислев дека ќе ме погоди, иако долго време се гледав со Мац само на идење кај моите. Суштински, никад нешто посебно не сме се дружеле, оноа цело време, али сме имале увек прилично фер и океј однос. Со почит и со све. Затоа што живеевме најблиску што може.
Памтам, коа влегов у 103-ка кај што работев потоа едно десет години, ми вика Мац - дај бе Ренџерс набави ми музика. (ме викаше Ренџерс, по тимот за кој навивам)
Е сега, треба да сфатите што точно значи да не постои интернет. Никој не е подвижен тесаурус. Кој што знае - знае, кој има музика - има.
Му викам абе Мац, друже, каква бе музика можам ја од 103-ка да ти набавам, знаеш ли каква музика се пушта таму? Ми вика знам бе сакам да ми набавиш - и ми кажува некои бендови, кои не само што ни на крај памет не би ми паднало дека некој од мое маало ги знае, него тоа беа бендови кои буквално ги знаеја тројца у градов.
И така, му носев музика, која тогаш, само он, Мирко Попов и Горан Путица (тогашниот уредник на 103-ка) ја слушаа.
Секако, карикирам за да доловам поента, али не е далеку од вистината.
Му викам на Мирко дај тоа и тоа. Ми вика кој бре ти бара тоа?
Тоа беа други времиња, без интернет.
(ако случајно некого го интересира за кои бендови стануваше збор, колку што памтам, беа бендови како Дијаманда Галас, Дис Мортал Коил и др.)
И сеа се фаќам како ви раскажувам дека сум зимал музика од Мирко и сум ја давал на Мац и притоа ми текнува дека од луѓето во муабетов само ја сум жив. Ебате беља.
Ај може некад ќе се помачам да сликам дома што имам слики од Комити, од стадион, рани девеести.