Сакав и јас да пишам еден осврт околу изборите, па твојов пост ме мотивираше да биде ем тоа, ем како реплика.
И јас очекував барем 80.000 гласови и 8 пратеници, но ДПМНЕ удри многу агресивно со кампања, а Левица направи некои грешки изминативе неколку недели, па веројатно тука е разликата. Не мислам дека Максим им земал гласови, тие што гласаа за него не се потенцијални гласачи за Левица, туку за СДС.
И доаѓаме до гласачкото тело на Левица. Претежно млади, образовани, вработени луѓе, кои сакаат да продолжат да живеат во Македонија, но не сакаат да гледаат како ДПМНЕ, СДС и шиптaрите ја пустошат. И тука е целиот проблем околу гласачите на Левица. Они целат кон сите граѓани, но нема никакви шанси брате да натераш пензионер, џаболебар или богаташ да гласа за Левица. Првите знаат само ВМРО-ЕСДЕЕС и или гласаат за нив, или воопшто не излегуваат на гласање, вториве знаат дека џабе би гласале за Левица кога нема да ги ухлебаат никаде за разлика од другиве партии, а третите не сакаат да им го чепкаат богатството иако они никогаш не би го ни потрошиле и би било попаметно наменето за општото добро на сите граѓани во државата.
Овие третите се генерално исти низ цел свет заради човековата природа - лакомост и себичност. Сите сакаат да земат, не сакаат да дадат. А кога овие луѓе би се довеле под контрола на државата (т.е. државата да ги даночи многу повеќе од просечниот работник) - државите стануваат поубаво место за живеење.
Ќе спомнам 2 примера: САД и Данска. Имаат отприлика исто БДП по глава на жител, но МНОГУ различна распределба на богатство. САД како чисто капиталистичко уредување ги има најбогатите луѓе во свет, но и илјадници (ако не и милиони) бездомници и луѓе што преживуваат на улица. Значи двете екстреми - и најбогати, но и најсиромашни. Просечен човек во Америка е мноооогу поблиску до тоа да остане на улица, отколку да стане милијардер.
Од друга страна во Данска сите се на некој просек. Не дека нема милионери и милијардери, но богатството е МНОГУ пораспределено и сиромаштијата е скоро искоренета. Кога сите имаат - сите се среќни. Затоа Нордиските земји се секоја година на врвот од држави со најсреќни луѓе во светот.
Богатите нема наеднаш да престанат да бидат богати ако државата им земе поголем дел богатството за да ги балансира посиромашните. Они и понатаму ќе останат богати и со пари што никогаш нема да ги потрошат, но на сиромашните многу ќе им значи ако имаат некој денар повеќе. Јас лично многу повеќе сакам да живеам во општество каде што сите ќе бидеме исти, отколку каде што има голема поделеност во однос на богатството.
Најтажно од сè, е што иако Левица е единствената вистинска партија (партииве што не освоија ни 2.000 гласови не ги бројам) што отворено се залага за зачувување на Македонија и сè што е Македонско, народот пак не може да го увиди тоа (или можеби не го боли кур), и ќе кука пак набрзо кога ќе внесуваат Бугари во устав, Албански јазик итн итн...
Околу точкиве што си ги набројал:
а) Корисна работа, но не би требало да биде приоритет наредниве неколку години, но мислам дека би можела лесно да се истера
б) Мислам дека веќе се залагаат за тоа? Можеби сум грешка... но без разлика, сигурен сум дека би се залагале за ова дури и ако не им е експлицитно наведено во програмата
в) What the fuck bro? Треба сите да се залагаме за легализација на СИТЕ ДРОГИ, не само канабис. Само корист може да имаме од тоа.
г) Никој нема ништо против тие луѓе, они воопшто не се тема на муабет. Проблемот се богаташите што богатството го стекнаа на државна сметка и распродавајќи државен имот/капитал. Левица има огромен проблем со тоа, а во реалност треба СИТЕ луѓе да имаме проблем со тоа. И што е со ова "наплаќање на трудот во СЈО"? Требал тие неколку месеци што бил ангажиран да ги работи без пари? Сите работиме за пари.
д) Тотално погрешно размислување имаш околу ова. Ништо не е во гените (демек Германците и Швеѓаните имаат подобар ген од Балканците), туку во системот. Колку Македонци и Балканци работат во Германија и Шведска и се успешни во работата, па макар била и 6 саати дневно? Зашто знаат дека не смеат да забушаваат, ќе летаат од работа. А од друга страна донеси Германци и Швеѓани овде, и кога ќе видат каков е системот и како е дозволено забушавање од работа, и они ќе се преточат во "Македонци". Значи не е до народот, туку до системот/државата што толерира такво однесување.
ѓ) Мислам дека тоа им се подразбираше, дека мора прво сите да плаќаат данок (а.к.а шиптaрите). Е кога тоа ќе се среди, после може различно даночење врз база на богатство.
Мое предвидување за во иднина е дека пратенициве што влегоа во Собрание нема да се шитнат и да ги разочараат гласачите, а како сè повеќе младите добиваат право на глас, а старите умираат, Левица ќе има сè повеќе гласачи на сметка на ВМРО-ЕСДЕЕС, со што би имале уште повеќе пратеници во собрание и можност да бидат дел од власт. Не очекувам сега да влезат во влада најмногу заради тоа што така не би влегле шиптaрите, а веќе сите знаеме дека Мицковски уште пред избори си договори коалиција со нив знаејќи дека така многу лесно можат да владејат во државата неконтролирано.
Реков во некој подоцнежен пост после овој дугачкиов, дека не можеме да се споредуваме ни со САД ни со Данска. Особено не со вториве кај што даночната култура и плаќањето јавни давачки е на едно астрономско ниво во споредба со нас. Додека нашиве сакаат да грабаат а ништо да дадат.
Има тука уште многу што да се додаде, за многу ствари (под број г и д) ме имаш лошо сфатено.
Би рекол дека луѓето го ствараат системот а не системот луѓето. Е за промена на луѓето ќе мора малку "блага сила" или "блага присилба".
Иако да, има инстанци каде што системот креира мрзи и неработници и негативно влијае на продуктивност на работа (енормен број празници и неработни денови од бизарни причини - избори, пази).
Под точка ѓ, ја ќе ти кажам дека енормно се избегаваше издавање фискални, поготово кај луѓе бизнисмени блиски до власта, македонци. Албанците апсолутно предничат, ама ни ние не сме сјајни на ова поле и гледаме кај можеме да закрпиме. Ти си син, имаш брат што е посинет... И сеа посинетиот гледа како ти ја изневеруваш мајка ти, па и он ќе го прави тоа. Мада долга и широка е оваа тема. Многу лесно ќе се покаже и докаже дека албанците се најголеми неплаќачи на даноци и давачки. Направи истражување и после ќе имаш црно на бело. Вака они си релативизираат до сабајле, пошто се такви, избегаваат одговорност и само мачкаат очи.
Левицата низ светот се залага за промоција и стимулирање на локални, мали и зелени бизниси на сметка на глобални или големи корпорации. Тука Левица можеше многу да капитализира исто. Тука треба да и биде економскиот/стопански фокус. Поттик на овие мали/средни бизниси на сметка на експанзијата на големците.
Дали станува збор за стартапи, дали станува збор за мали/микро фармери, млекари, мали пивари или произведувачи на вино. Не е ова мој домен на експертиза, ама може да се истражи и да се дознае како може ова да се стимулира.
Секако, ова да биде строго контролирано и да се врши надзор над ова.
Уште некои работи кои би ги истакнал, на кои Левица требаше да капитализира во некој економски аспект:
a) Еколошки одржлив транспорт, болна точка, но со истражување на темава верувам дека ќе се најдат мерки од други држави кои вродиле со плод. Како дел од ова би било изградба и подобрување на вело/тротинет инфраструктура во државата, како државна стратегија.
б) Стимулирање или поттикнување на обновливи извори на енергија. Не знам, субвенции за сончеви колектори (што би било контра ЕВН што прави кражби), енергетска независност и тн и тн. Ова ем кон домаќинства ем кон мали/средни претпријатија.
в) Иницијативи како "Донирај компјутер", поддржување и рекламирање на истите. Можат и они самите да стапат во контакт со човекот. Ваква слична иницијатива би била "интернет за секое дете". Иако интернетот можеби е демонизиран, но сепак е "човечко право" во 2024та.
г) Иницијативи за сузбивање на големи каматни стапки од банките, иницијативи за ограничување на цената на м2 станови, субвенции за млади брачни парови и тн и тн, иако делумно се начна и ова.
д) 2.0 на спротивставувањето на рудниците и сите тие работи (ШТО СЕ СУПЕР), е предлагање на зелени и пристапни енергенси. Ако се снимаш од протести, ти само си реактивен. Луѓето тоа сакаат очигледно да го видат и чујат, ама не се најдоа многу предлози по ова прашање за жал, во поглед на алтернативи секако.
ѓ) Правилна поддршка на иновации, патенти и тн. Не државно спонзорирани глупости од типот на магариња и фризерници, ами присуство на мал милион Хакатони, Innovation days, настани околу Роботика, енергетика, моторни возила и тн и тн.
Значи мора да еволуираат во партија што ќе предлага современи левичарски методи за надминување некои проблеми. Мора да бидат проактивна партија, наместо реактивна, иако хаосот во кој се наоѓаме е таков што од нив се бара да бидат реактивни и "блокатори".
Поентата ми е, што јас како поддржувач, сега за сега сум ок со нив како анти-естаблишмент. Но, ќе дојде момент кога ќе се бараат мерки за подобрување на животниот стандард и подобрување на животот на секој граѓанин.
Мора да учат од современите левици каде они грешат и зошто скоро секаде имаат по 7-8% поддршка.
Потребен е економски поткован човек експерт во врхушката кој ќе иницира економски политики во склад со идеологијата на радикалната левица. А не латентност на ова прашање.
Мора да се има сенс за стопанство и за развој на истото, не може за се одговорот да биде "државно претпријатие" или "државен интервенционизам" и тука да застане целиот муабет.