За ова сме зборувале мал број пати и на темата Телема и на тема за езотерија и секаде...
Излези од таа матрица дека некој некаде те повикува. Повикот не доаѓа од надвор, доаѓа од внатре.
Не може никој да те повика да бараш иницијација, да бараш искушенија!
Кога ќе научиш за Телема нешто повеќе, наместо да учиш од оскудни мали извадоци на српски што си прочитал (или мојот блог),
може да дојдеш да ми толкуваш, до тогаш ете ти ја Библијата и глуми пастир, бидејќи не знаеш да бидеш свештеник!
Јас никој не водам, јас ти кажувам дека од памтивек е еден изворот и во сите учења и религии се проповеда тоа: еден, еден, еден!
Но постојано тоа некако пастирите како тебе го толкуваат дека тоа еден ним им дава некаква ексклузивност, дека сето друго е погрешно и небитно... а обратно е, дека се е едно и секој е дел од тоа едно.
Една иницијација, едно искушение, едно постигнување!
Толку.
Преку фалусот со твојот календар, времиња, утроби, раѓање и смрт.Тоа се небитни работи надвор од Земјата и човештвото.
Ако еднаш само застанеш
на местото на Сонцето ќе сфатиш многу повеќе од библијата која те заковала за крст и сега пелтечиш од болка и бладаш... батали такви проповеди во овој еон, батали и гнасно зборување за другите од незнаење само колку да се обидеш да навредиш некој за да ти се задоволи суетата... уживај
Па фати прочитај ја „Книгата на Законот“, пробај да ја разбереш, да видиш дали нешто зборува или не... ако одговорот е не, мир со тебе - тоа е тоа, како што реков, за секој човек различен систем на иницијација и напредување. Ако најдеш нешто, пробај да дејствуваш според сето тоа, види дали има праткична примена - ако има, ашколсун терај... ако нема, научи подобро.
Упорно со мрежи и Исус муабети „ќе ве направам ловци на луѓе“! Но не ја знаеш мистеријата на Цади или Јадица на хебрејски, бидејќи читаш македонски преводи од христијанските кујни на редактирање свети книги на евреите. И тоа ти е гревот, ама кој сум јас да те поправам по твојата патека? Никој
Ние не сме ловци на луѓе и да фрламе мрежи и да ги лажеме луѓето да паднат во замка!
Тоа е стариот еон! Денес е друго...
„Нека бидат моите служители малубројни и тајни; тие ќе владеат со мнозинството и знајните.
Будали се тие што луѓето ги обожуваат; и нивните Богови и нивните луѓе се будали.
Излезете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“
- Книга на Законот, Прво Поглавје
И исто и ова, поврзано со „мрежи“ и ловење луѓе, залажување што ти го проповедаш и како да имаш потреба да те следат луѓе, да глумиш пророк или некој пастир:
„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
- Книга на Законот, Трето поглавје
И обичниот читател мисли дека премногу се зборува - но реално не е така, бидејќи... не е умесно тоа да се објаснува по форуми, сепак нека останат нештата недоречени...
И најбитното:
„За адептот, гледајќи го ова одозгора, не постои потреба да избира помеѓу Буда и Мухамед, помеѓу Атеизам и Теизам.
Мноштвото се менува и поминува; едното останува. Исто како што дрвото и јагленот и железото согоруваат во еден голем оган, само ако таа печка има натприродна топлина; така и во алембикот на оваа духовна алхемија,
ако само зелаторот доволно дува врз оваа печка сите системи на земјата се проголтани во Едното Знаење.“
- Liber Porta Lucis sub figura X
Ќе биде и од мене добар кумановац...
Тешко, треба да слушаш и посебен вид музика - не е тоа туку така: лош дијалетк и толку!