Младиќу,
како си залетан со твоево поимање на рабојќево, кај да е‘, ќе станеш бог...мислим...и тоа онака, сам од себе, без никој да ти помогне „од страна„.
Ако слободата или волјата се такви како што ти ги „исповедаш„, тогаш Бог ептен згрешил што ни го задал Неговите Заповеди.
А целта од Заповедите е проста-да не допушти своеволие кај отпаднатите и огревовени луѓе, да не западнат во демонско фантазирање за својата (не)моќ, да не станат демонолики, да ја претпочитаат волјата Божја а не својата...и така натаму.
Бидејќи те пали тоа некој немој да стане бог и постојано мастурбираш за тоа, пак ќе дадам цитат кој што го повторувам постојано:
„Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.“
- Книгата на Рамнотежа
Заповедите постојат кај евреите, не кај тебе како христијанин. Кога сакам да се консултирам со Тората, не одам да ја читам библијата на христијаните, туку одам кај евреите и нивните коментари на Законот, бидејќи сето тоа доаѓа од еврејските рабини - кабалисти кои ја склопија таа книга и за која имаат уште мал тон коментари за да се практикува помеѓу евреите. Така треба и ти да правиш за да ги разбереш другите и да разбереш за волјата и слободата, и да видиш дали реално имаш слободна волја или веќе си огревовен и твојата волја е небитна на Земјата, ниту за луѓето ниту за боговите!
И од друга света книга стои ова, во врска со предавањето на Законот:
„Аум! Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку...“
- Liber AL vel Legis
НЕма слобода ако има условеност, нема слобода ако имаш поим за грев, наследен од друга религија која не признаваш дека е вистинска!
Не признаваш ништо, не разбираш различност, проповедаш зло - собери се... никаде не одиме вака.
Не може универзалната волја која го турка универзумот да не биде твоја, да не е во тебе, да не бидеш бог и дел од бог... ако ја откриеш таа твоја волја која лежи во човекот, ти немаш право да правиш ништо друго, толку е - живееш по тоа и не ти е грижа Агатангел, ајтолахот од не знам каде, комшијата или било кој друг сака да те распне или запнал да ти стои на патот... еднотавно туркаш, а зад тебе стои што? Или во тебе? Тоа ти е далечен концепт, затоа и вака проповедаш... не може да сатанизираш некој што вели дека има слободна волја кај човекот и таа постои кај секој - и таа волја мора да биде откриена и да се знае зошто човекот Е на Земјата!
Не постои бог на Земјата која ќе може да ја промени таа волја или пак „не дај боже“ човек да застане... тоа е апсолутното зло кое постои во самиот универзум, хиерархијата која стои зад целиот механизам! ДАли ме разбираш?
Или тебе фалусот те боли да ме разбереш, ти само фрлаш крстови и можеби некој ќе се погоди да го земе и да го носи твојот крст и да смета дека тоа е тоа - волјата е тоа, слободата е тоа на духот, внатрешната сила на човекот тука, помеѓу луѓето?
Тоа со огревовени, демони и останато - е големото зло што го проповедаат обични мирјани на старите религии и не разбираат дека со такво проповедање само предизвикуваат раздор со нивното негативно врескање кон другите и нивната слобода да бидат што им е волја и да живеат како им е волја!
Уште малку ќе проповедате и смрт на "демонизираните" луѓе, знаеш оние „сатанистите“ кои ете не сакаат заради ништо во светот да бидат православни христијани!
Присоберете се со сатанизирањето - тоа дома или во црквите, тука меѓу луѓето, не е добро бидејќи наместо да критикуваме и дискутираме позитивно, ете мене ме предизвикуваш да ти коментирам негативно, заради твојата христијанска негативност кон сите други кои за жал ги сметаш за робови, демонизирани и огревовени...
Тоа може за себе да го мислеш, но не може таа слика да ја проектираш врз други кои имаат слобода и волја да бидат сосема нешто друго во нивниот живот, наместо христијани - како тебе!