Македонецот нема никаква причина да слави. Членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ имаат: четири години ќе управуваат со трошењето на народните пари и ќе си делат тендери, како и до сега.
САД и ЕУ му создадоа услови на Мицковски вака глатко да дојде на власт, бидејќи тој е само другата страна на иста монета. Мицковски беше јасен за кого одработува кога изјави дека “уставни измени во овој собраниски состав нема да има.“ Уставни промени и Бугари во Устав ќе има во најбрз можен рок (јас им давам 100 дена), бидејќи за Вреди тоа ќе биде главен предуслов за коалицирање, а Мицковски ќе игра на картата “за 4 години ќе заборават, особено ако отпочнеме преговори.“
Во нормална држава, ВМРО-ДПМНЕ би можела слободно да коалицира само со ЗНАМ, или дури со Левица, но бидејќи сме де факто конфедерација, партија на македонски Албанци во влада е како нешто по дифолт.
За тие што сонуваат за амнестија за Груевски, поништување на Преспански и договорот со Бугарија - лоши вести.
Груевски е врховниот непријател на Мицковски, Преспа за нив е завршена работа, а бројот на т.н. бугарско малцинство вртоглаво ќе се зголемува по нивното внесување во т.н. Устав (пиши-бриши тефтер). Бугарското државјанство en masse ќе биде начинот на кој Македонците ќе влегуваат во ЕУ.
Амнестија на Уставобранителите ќе има и ова ќе биде искористено кај нивното членство да ја менаџира штетата од Бугарите во Устав.
Доколку Левица овој пат не испреговара да влезе во влада, ова ќе им биде најголемиот успех пред нивното исчезнување од политичката сцена. Нивното членство е фанатично во нездрави размери, но и ним им треба влез во институциите и финансиска трансфузија.
Политичарите ги носиме на власт за да нудат алтернативи за државата. Со партии-слуги на НАТО и ЕУ, алтернатива нема. А со НАТО и ЕУ нема ниту иднина, бидејќи и двеве полека но сигурно транзитираат кон времиња на економски, политички и морален пад и колапс.
Држава која мазохистички самата си ја ограничува меѓународната соработка со мултиполарни фактори, е предодредена да заврши како искористен презерватив.
Длабоко се надевам дека грешам за сѐ погоре, но причини за оптимизам не гледам.
Бог нека ја чува Македонија и Македонците.