Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.674
Поени од реакции
42.245

Стевчо за оваа испадна Реал Мадрид
ова треба да и биде добар знак за тоа на чив грб станала градоначалник.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Глаучот Боби Мојсоски влезе, само за тоа ми е криво.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.970
Поени од реакции
5.834
Првиот тест за Левица во собрание е дали нонстоп ќе го притискаат ДПНЕ за да се процесуираат хашките случаеви кои се најслабата точка на ДУИ и кои би биле услов за тие да направат коалиција со нив а ако успеат ДУИ ќе започне второ полувреме од 2001 а Левица ќе го зголеми бројот на гласови на наредните избори.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.635
Еве го конечниот распоред на силите, со последната измена и пратеникот на ЗНАМ во двојка на сметка на ВМРО:

1715239335401.png

Во ИЕ1 има уште неизброени гласови. Но таму следна партија која може да освои мандат е ВРЕДИ на сметка на ВМРО, но за дури 1254 гласа, значи тешко дека тоа ќе се случи.
Во другите изборни единици овие партии беа губитници:
ИЕ2 - ВМРО наместо ДУИ (му фалеа 2487 гласа разлика)
ИЕ3 - Левица наместо ВМРО (и фалеа 389 гласа разлика)
ИЕ4 - Левица наместо ВМРО (и фалеа 2425 гласа разлика)
ИЕ5 - СДСМ наместо ДУИ (им фалеа 110 гласа разлика)
ИЕ6 - ВРЕДИ наместо ДУИ (им фалеше 151 глас разлика)
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
Од овие избори треба да се запамети предавството на Бошњаците, Ромите и Турците.
Иронично сите по список напишани во уставот, ама кај Бугарите ја тргаме црвената линија!!! Партизани сме ние!
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.535
Поени од реакции
3.698
Мвр, финансии, правда, надворешни се министерства црвени линии кои Дпмне не ни треба да помисли да ги дава на било кого при ваква голема победа. Образование, здравство, земјоделство строго на врвни професионалци кои ќе направат реформи

Ако влезе Знам во влада веројатно ќе добијат министерство за одбрана, оној генерал мајорот Павле Арсовски е идеален за таква позиција - го пишуваа некаде како потенцијален Ковачки од Дпмне ама мислам он ќе биде нов министер за внатрешни работи.
Инаку за “поделба“ има еден куп други позиции. Неколку министри без ресори, информатичко опшество и администрација, економија,
локална самоуправа, транспорт и врски, животна средина, култура, труд и социјална политика, евроинтеграции вицепремиер итн

Нека учат од Грујо 2008 колку треба да им се „даде“

1.png

ПС. Штета што народов е далеку од освестен, јака Левица со 15+ пратеници ќе гарантираше успешна влада ама тоа е..
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.674
Поени од реакции
42.245
Според мене, МНР, УЈП, Внатрешни, Економија не треба ВМРО да ги дава. Другиве мање више небитно кој е. Тошкоски би сакал да продужи у МВР, ептен професионално си ја работи работата, Стојанче исто у ЦУК.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.535
Поени од реакции
3.698
Според мене, МНР, УЈП, Внатрешни, Економија не треба ВМРО да ги дава. Другиве мање више небитно кој е. Тошкоски би сакал да продужи у МВР, ептен професионално си ја работи работата, Стојанче исто у ЦУК.
Министерство за финансии е многу поважно од економија

На Влен дај им само царина и заменик министер за внатрешни и правда и од се друго ќе се откажат :icon_lol:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.635
И за крај - еве како ќе изгледаше да беше Македонија една изборна единица:

1715240108656.png

Кој најмногу изгуби со ова: покрај Левица (-2 пратеници) и ЗНАМ (-1 пратеник), и СДСМ - ако им е, штом не сакаа да го сменат изборниот модел, изгубија 1 пратеник
Кој најмногу доби: ВМРО (+2 пратеници) и ДУИ (+2 пратеници)
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.174
Поени од реакции
22.763
Според мене, МНР, УЈП, Внатрешни, Економија не треба ВМРО да ги дава. Другиве мање више небитно кој е. Тошкоски би сакал да продужи у МВР, ептен професионално си ја работи работата, Стојанче исто у ЦУК.
Финансии е многу важно министерство, тоа не смеат да го дадат. Здравство и образование се исто така важни министерства.

Одбрана и правда не се толку важни министерства, информатичка технологија не е важно. Она што е за малцинства може да оди кај ВРЕДИ.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.535
Поени од реакции
3.698
Тимчо веќе си бира мебел за таму.
Каква е постапката со градоначалничкиот мандат ако го стават за министер ? Нови избори или како ? Според мене шанси за таму има и Александар Николовски како политиколог, се врташе цело реме по комисии за надворешни политики/интеграции
 

Kajgana Shop

На врв Bottom