Ве читам и доаѓам до заклучок оти навистина сме за никаде. Ни треба на нас промена, не на партиите и на раководството. А зошто? Затоа што каков ни е народот, таква ни е власта и сите политичари. Мораме да се сплотиме, не знам оти се напаѓате. ЛЕВИЦА, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ЗНАМ, ВЛЕН и слично сте се фатиле. И вчера исто велев, па и сега. Мора да се сплотиме, без разлика дали некој ни дал нешто, дали сме партиски определени или не. ДУИ може многу да направи, ама Македонецот е тој што ќе гласа и ќе покаже дека нѐ има.
За тоа дека треба да се гласа за мала партија, можеби треба, и јас сум „за“, меѓутоа со оглед на тоа што имаме 6 изборни единици, наместо 1, немаме основа. Тоа мора да се направи да има една изборна единица. Е тогаш само можеме. Јас би гласал за ТВОЈА, меѓутоа нема во ИЕ5 таква можност за ТВОЈА, а воедно со тоа се намалува гласачкото тело за опозицијата. Воедно, ЛЕВИЦА е навистина втора опција, но многу сум разочаран од речникот, од начинот на водење политика и слично. Мора да се игра политиката, како танц. Ни требаат дипломатски односи со сите, без разлика на националноста или слично. ДУИ ете бојкотираат, што значи Македонецот треба да излезе и да гласа за Гордана Силјановска Давкова и навистина ќе можеме да имаме жена за претседател, што и треба да биде, затоа што Стево Пендаровски не се поднесува како некоја трачарка на власт.
И научете да толкувате, никогаш ЛЕВИЦА јавно не повика за бојкот, ниту за негласање, но нема јасен став по прашањето за претседателските избори. А кога читам дека Димитар Апасиев кажувал дека ќе нацртал полов орган, ми се гади од самата помисла каков е таквиот човек во Собранието. Таму треба луѓе учени, луѓе кои нема да измислуваат, кои нема да кршат, кои нема да одат против уставот, но такви се изнагледавме сите последни 10 години и повеќе. Срамно е сето ова, немаме ем државотворен народ, ем политичари
Исто така, Апасиев кажува за МПЦ-ОА дека ќе правел данок, дека ќе ја спречувал и слично. Па дали е нормален човекот, кога историјата ни се крепи на Црквата. Не можам да разберам дека не се знае тоа. ЛЕВИЦА мора да смени начин на размислување и начин на водење политика. Не смееме да дозволиме да имаме луѓе на власт со непознавање на речникот. Да, знам дека сака младите луѓе, кои се полуписмени, да ги натера да гласаат за него, но тој е професор пред сѐ којшто нема ниту образ, ниту воспитание. И за некои други прашања нема нормални изјави. Загрижен сум за ВМРО-ДПМНЕ да не се случи истото со Мицковски ко во времето од 2010 година, кога Груевски се опкружи со никакви луѓе и се расипа. Ми изгледа дека сака да промени начин на размислување, начин на владеење, но не знам колку ќе може. Ние и како народ не сме добри. А СДСМ и ДУИ нема што да ги коментирам, тие се такви белосветски идиоти и болни луѓе за власт, што немам ниту еден добар збор.
Останете будни и достојни, не се расправајте за политиката толку многу, имајте јасни ставови, нека нѐ ве лажат сите, туку расудувајте и критички размислувајте. Бидејќи сме политички битија (ζώον πολιτικόν), така треба и да ја изразуваме нашата државност, политичката коректност како граѓани во Македонија и секако сите да излеземе по демократски пат да гласаме. Немојте да бидете рамнодушни, посебно не младите. Не можеме да останеме такви кога навистина е потребно гласање. Не се плашете, не ви заминуваат залудно 15-20 минути. Кога правиме секакви луди дела, го трошиме времето за коментари, за на социјални мрежи, за секакви видови на будалии, тогаш имаме и 15-20 минути да одиме и да одлучуваме. И знајте дека сами ние кроиме сѐ, никој друг.