Тазе информација, ако по утрото се познава денот тогаш се спрема бојкот на претседателските избори од страна на албанците. Што имам другари во избирачки одбори ми кажаа дека албанците болни и изнемоштени гласаат за парламентарни, а одбиваат да гласаат за претседател.
Ете ни шанса да излеземе и да покажеме дека може да избереме претседател без уцени.
Ако бојкотираат и од СДС, ќе пропаднат сигурно, но СДС и сега е прашање кога повторно ќе стигнат до 300к гласови за да се вратат на власт, со таква одлука овие 180к ќе им се успех на повторените претседателски.
Левица не знам што реши на крај. Ванковска на фб пишува дека е за бојкот, додека од партијата изгледа најавија дека ќе го земат ливчето, но нема да гласаат за никого.
Ако бојкотираат, ќе му се удри од глава тактиката на Ленин Апасиев, што полошо, тоа подобро.
Тоа се прави кога СДС, ДУИ, треба да губат легитимитет, а не да ги спасуваш.