Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Никогаш не е лошо да се промени масло...и на мотор и на мењач. Ако си наумил менувај, бидејќи си еден од ретките кој тоа би го направил а сите грешат што не го менуваат маслото во мењачот
На мотор мењам на секои 8000 отприлика. Не оставам повеќе да оди. Е за мењач некои викаат пожелно е да се смени, други дека со тоа фабричкото може да тера додека се вози.
Овака одлично функционира мењачот, нема шумови никакви, лесен е, малку во рикверц чувствувам дека е потешко кога ја ставам... Затоа и се мислев да сменам.
 
Член од
20 јануари 2023
Мислења
379
Поени од реакции
509

Мењај и не му ја мисли многу. Ако баш така добро оди може не е итно, уште некоја илјадарка. Инаку за ова пишувавме некаде на форумот, затоа кратко, иако доста ф-ки викаат дека е уљето во нивниот рачен менувач доживотно, праксата покажала дека тоа lifetime важи за до 150-200 илјади км, не повеќе. Уљето таму иако не е излжено на топлина и прљање како моторното, сепак со тек на време губи својства а и самото се губи поради микро пукнатини и поради испарување со тек на 10+ години. Повеќе пати сум имал прилика да гледам какво уље излегува од мењач, па и од диференцијал и тоа во количина од 1/3 до 2/3 од пропишаното.
Трошокот не е голем и единствена работа на која треба внимание е да се погоди типот на уље, а најдобро точно тоа што го предвидела фабриката. Ова со оглед да мењачите се поосетливи на непогодено уње отколку моторот.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали сте менувале масло на мењач и филтер, на колку км обично треба да се смени?
Ја земав со некои 160 000 (ако е точно), сега имам 185 000 поминато и треба да мењам масло за мотор, па се мислам дали и за мењач да сменам.
Јас во менувач го менувам на секое 5то менување на моторното масло, или ќе му дојде грубо 40-50к со оглед на тоа што менувам моторно масло на 8-10к километри.
На половни возила сум менувал превентивно веднаш кога ќе ги земам.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Менувајте масло во менувач (за автоматици) не се играјте. Замена ви е околу 150 евра (ако сами си ја правите), ако рикне менувачот ќе ве чини околу 5000 и повеќе можеби, зависи кај ќе ве начека.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
Автоматик мора да се смени АТФ на 50-80к, не е тоа уље технички него хидраулична течност. A рачен мењач не бара промена. Иако е препорачливо после 150к да се смени.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.026
Поени од реакции
1.521
Дали сте менувале масло на мењач и филтер, на колку км обично треба да се смени?
Ја земав со некои 160 000 (ако е точно), сега имам 185 000 поминато и треба да мењам масло за мотор, па се мислам дали и за мењач да сменам.
Na avtomatik obavezno se menva maslo i filter. Menisi i ke si tera bez problemi.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.026
Поени од реакции
1.521
Мануелен е. Заборавив тоа да пишам.
I na manualen menjac se menuva maslo. 2000 denari nema da ti napravat golema promena vo buzedot no ke imas golema dobivka ponatamu so pomali problemi na lageri na menjac i salter. Mu go prodolzvas vekot na motorot.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Ми се појави проблем со палењето.Кога е директно на сонце потешко пали,вергла повеќе пати исто и лани летото беше така ама сега стана повеќе,наутро и навечер нема никаков проблем.Некој да имал сличен проблем,дали е акумулаторот или нешто друго?Колата е пежо 306 1.6 бензинец
Ако вергла поспоро кога непали алнасерот или евентуално слаба маса на моторот. Може и нешто со свеќици, кога ги имаш сменето последно? Баш на топло/жешко највеќе пробива изолацијата или на свеќиците или на бобината.
 
Член од
7 мај 2024
Мислења
5
Поени од реакции
1
Здраво дечки !

Гледам возило Jaguar X-Type 2008 2.0d кое што навидум личи доста сочувано, кое што возило има поминато околу 200 000км и моменталниот газда вели дека е навреме сервисирано и одржувано.

Е сега, има една работа која што ме мачи а тоа е дека Check Engine свети, моменталниот газда вели дека свети поради тоа што е изваден DPF филтерот, па затоа си ги поставувам следните прашања.

1. Дали овој модел со оваа година на производство и мотор кој го носи има воопшто фабрички вграден DPF? можам да најдам дека 2.2, 2.5, итн, имаат но за 2.0 не можам релевантна информација да најдам.
2. Дали воошто може да свети Check Engine поради изваден DPF?

Секако возилото ќе го гледам со маханичар, но пред да тормозам и влечкам некој со мене сакам да ги имам одговорите на ова, за да не биде изгубено време за џабе.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
ДПФ има сигурно вграден фабрички...сите коли што не се лада-застава имаат дпф послем 2005-2006 (дизелите).

Да може да свети од тоа што е изваден дпф-от ама многу веројатно дека има и други причини. Би ти препорачал да направиш дијагностика пред да ја купиш. Ако е поштен тој што ја продава ќе се согласи. Ако ти рече не може бегај подалеку, за било која кола да е.
 
За DPF вграден фабрички прашањето ми беше бидејќи никаде не можам да најдам дека тој модел има али да, и јас имам слушнато дека сите возила после 2005/2006 имаат.
Под дијагностика подразбираш OBD ?
 
Член од
20 јануари 2023
Мислења
379
Поени од реакции
509
Здраво дечки !

Гледам возило Jaguar X-Type 2008 2.0d кое што навидум личи доста сочувано, кое што возило има поминато околу 200 000км и моменталниот газда вели дека е навреме сервисирано и одржувано.

Е сега, има една работа која што ме мачи а тоа е дека Check Engine свети, моменталниот газда вели дека свети поради тоа што е изваден DPF филтерот, па затоа си ги поставувам следните прашања.

1. Дали овој модел со оваа година на производство и мотор кој го носи има воопшто фабрички вграден DPF? можам да најдам дека 2.2, 2.5, итн, имаат но за 2.0 не можам релевантна информација да најдам.
2. Дали воошто може да свети Check Engine поради изваден DPF?

Секако возилото ќе го гледам со маханичар, но пред да тормозам и влечкам некој со мене сакам да ги имам одговорите на ова, за да не биде изгубено време за џабе.
Kolku sto jas uspeav da najdam, pogolemiot del od X-Type 2008 2.0d nemale fabricki DPF, no eden pomal broj imale (slicno e i so BMW motorot M47 2004-2006 kako i so poveke drugi marki). Ova moze da se utvrdi samo individualno, preku VIN brojot. Kaj nas ima malku Jaguar koli i nema nekoe golemo iskustvo, a ocekuvaj poprecizen odgovoe od drugite forumi kade sto si go postavil prasanjeto (Jaguar England i dr.) no sepak tesko deka nekoj precizno ke ti odgovor bez VIN-ot.
A kako sto pogore ti pisa i @argenthessis dobro e da se napravi dijagnostika, taka ke go resis i ova prasanje i eventualni drugi raboti koi mozat pritoa da se vidat.
 
Каде може да ги проверам тие работи, дали има фабрички ДПФ и слично? Имам број на шасија/вин број.
Имам некои сајтови каде што го внесов ВИН-от, ама ништо попрецизно не дава кога се работи за ДПФ.
Што се однесува до тој помал број на возила кои што имале фабрички вграден ДПФ, каде ја имаш најдено оваа информација? Simple Google Search искрено не ми помогна, па затоа и прашањево.
 
E gi zatvoriv linkovite veke. Citav po diskusii na nekolku forumi.Stavi go VIN brojot vo forumot Jaguat (kade sto ti e ova prasanje) ako ima volja se nekoj ke ti odgovori, sigurno oni tamu imaat prebaruvaci spec. za Jaguar.
Ama i ne ti e tolku bitna samata inf. dali imal DPF ili ne, dijagnostikata ke pokaze od sto e Check engine, a moze da posoci na nekolku raboti na koi treba da se obrne vnimanie.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom