Џабе се расправате еден со друг, за жал, не е најсјајно (не дека некогаш било) ни во Македонија, а ни странство.
Има и луѓе надвор (имам вакви роднини и пријатели) кои едвај го минуваат месецот, да не правиме муабет за собирање пари за недвижности. Финтата е што голем дел ја искривуваат реалноста и се фалат. Секој втор го сака газдата, и секој втор е газда. Реалноста е некаде на средина, газдата "го сака" оти му ја ебава мајката од рмбање, а фирмите што ги кажуваат се отвораат за 2 минути, и најмногу што ги користат е за тезги наоколу (вклучувајќи и убер). Има и исклучоци, но за жал поголем дел се од тие првите, стегнете ги малку во муабет и ќе почнат да ви кажуваат по 5 варијанти за истата работа.
Скоро разговарав со школски што е во Германија, работи во Амазон, вика дека станува ноќе од болка во нозете, од цел ден на нога и од растрчување (во мкд работеше во канцеларија). На триесет и кусур небаре студент седи со цимери и едвај останувале нешто ситно за на страна (ни жена, ни деца). Е замислете како ќе гледа фамилија во иднина на вакви пари, да не правиме муабет за покрив над глава.
Вакви, и бетер, знам и тука во Австралија. Дојдени со студентски визи, немаат барани професии, и цела година тераат за 40-60к, кога ќе тргнеш даноци нема ми за да преживееш. Има и такви што заглавиле со студентски визи и само запишуваат еден по друг факултети, срамота е да си соберат парталите и да се вратат назад.
Во странство, уште една дупешка се бруто годишни плати, на хартија изгледаат многу, а во реалност пола се за државата.
Научете вештини додека сте во Македонија, без нив нема пари никаде. Дополнително, гледајте да имате план и за вас и за партнерите, на една плата сте заебани па макар биле и ИТ. Со две плати е веќе друга приказна, па макар биле и со деца и со кредити.
Лично верувам дека секој треба да собере храброст и да проба, поарно да се изгори и да научи лекција на млади години, отколку да се прави пишман на старост. Ако видите дека не бива надвор, барем ќе станете луѓе во Македонија и ќе си почитувате тоа што е ваше.