Го гледам Васе Ефтов, да не морате вие, и навистина заслужува честитки за неговата упорност за манипулациите и трудот да покаже дека е во право и кога ќе го демантира реалноста.
Уште тврди дека анкетите кои што беа повеќе прецизни се "нарачани", во смисла лажни, а "сите" други, тие што утнаа, биле добри. Иако тие "сите" се две анкети од иста агенција, за која Васе пак лаже дека се "европски", односно демек ги правел EuropeElects.
А резултатите биле поинакви, затоа што во последните 3-4 дена, луѓето решиле да гласаат за Максо и Гордана, место Левица и СДС, а не дека рејтинзите биле такви подолг период, како што покажуваат истражувањата повеќе од една година (ИПИС, ИПСОС, МаркетВижн).
Анкетите му се само дел од тие негови анализи, но принципот му е ист за се.
Но, мора да му се признае дека за разлика од Мирка, Миленко, Чом, Кабранов, Латас, и еден куп новинари, без разлика на која страна биле, кои изгубија гледаност, влијание, тој уште има публика која го прати и му верува.
Иако ги шета од лево на десно, прави нагли вртења, од еуфанатизам, преку антиглобализам и назад, плукање по лажни вести, руско влијание, па пак си ги вика теоретичарите на заговор популарни на Балкан. Од најголем антибугарин, кој направи име карајќи се со Димитров, Бојко, до најголем подржувач на новатс политика со Бугарија, против промена на име, до најголем бранител на Преспанскиот.
И сетоа тоа му поминува и луѓето пак си го гледаат без да трепнат очекувајќи да им објасни какви се заговори се играат во светот и што ќе се случува кај нас.
Има една легендарна изјава на Ѕинго, кога Латас почнува нагло да плука по Бране и СДС, а овие му рипнале на газдата. "Латасе, казуј другпут кд ќе фаќаш нагло кривине, да ставјамо појас, испопадасмо"
Васе не фаќа само нагло кривини, ги врти луѓето како на ролеркостер, на крај не знаат низ што поминале, но им е возбудливо и чекаат ново возење.
П.С. Си игра многу опасно со одредени историски процеси кај Македонците, манипулира со нив, ги злоупотребува во дневно-политички настани и прави опасни поделби. Тука е дел од една поголема машинерија, која манипулира и ја злоупотребува македонската историја за да може да поминат сите овие политички процеси изминативе години.