Сето тоа е во ред, јас конкретно не реков дека нема мапи, твитери, информации. Проблемот тука е начинот на дебата, има два табора(што е нормално) но премногу наоштрено се влегува во дискусија, дури се преоѓа кон лични навреди и омаловажувања. Ете ти пример со мене, прв пат пишав тука и наместо на пораката моја членот да ме праша зошто мислиш така, повели образложи мислење, тој реагираше со средношколска доскочица, на што други членови дадоја аплауз. Е таму ова го нема.
Вчера или завчера, проследија информација околу наводниот напад со ATACMS касетна муниција на тренинг-полигон во Луганск врз руски војници. Пази, реков таму се е скоро проруско настроено и гледај дебатираат за оваа вест со сите тертипи, најнормално, најчовечки. Овде до овој момент не видов да се сподели таа вест. А пошто сакам да знам што се случува кај двете страни ќе си барам и други извори. Што би барал по туѓи форуми ако сите овие недостатоци ги нема....
Но да не ја трујам темава, оставам да биде попрегледно со информациите на членот Gags, тој е најкоректен тука.