Едноставно нема идеален процес на интервјуирање.
Може некој тебе да ти е попогоден, може некој на некој друг.
Пример, јас карактерно сум интровертен и на прашања кои "имаат неколку точни одговори" нема да шпекулирам, бидејќи во глава имам повеќе "добри" пристапи, е сеа проблемот се јавува при филтрација на "идеалното" според мене решение на лице место...
Не секогаш е битно најдоброто решение. Почни со некое, па ако видиш дека на интервјуерот не му се допаѓа премини на следното. Не секогаш интервјуерот бара специфичен одговор. Ако можеш добро да го објасниш зошто би отишол со твоето решение, тоа е тоа.
Исто на vague прашања on the spot често крахирам. Често пати ќе постават прашање од типот (лупам ептен) "How would you transfer one large file over a network optimally"... Вакво прашање има многу точни одговори, едно 10 минути прашуваш повеќе за контекст на прашањето пошто е многу нејасно... И од тој момент натака целото интервју иде у пм...
Сеа јас ја разбирам намерата на фирмата, сакаат да видат како размислува кандидатот на такви прашања и да испитаат проблем солвинг...
Но, ептен vague...
Можеби е skill issue, можеби и јас имам празнини кои претставуваат проблем. Не знам...
Од друга страна, на теорија, hackerrank и live-coding каде што ми е претставен код, или take home тестови многу боље поминувам.
Во овој случај, наместо да поставуваш прашања, можеш да ја превземеш иницијативата и да самиот да го изградиш контекстот. Ќе почнеш со: "Да претпоставиме дека владее правила Х и Y, во тој случај одиме со решение Z". Ако одиш во погрешна насока, тогаш интервјуерот ќе те поправи. Овие прашање исто како тие погоре, не секогаш го бараат најдоброто решение. Едноставно луѓето сакаат да видат како ќе се снајдеш во ситуација каде што работите не се 100% дефинирани. Ако прашував 10 минути за точен context, тогаш што ќе биде ако утре некој ти даде недоволно дефиниран таск? Дали ќе успееш сам да го скоцкаш или ќе поставиш 1000 прашања и ќе го влечкаш со недели?
Оpen-ended прашањата се едни од најбитните за мене. Тука се гледа дали некој има инженерски или програмерски пристап.
На пример, ако имаш искуство со Spring, ќе те прашам "What do you like most about Spring"? Ако почне некој да ми поставува 100 прашања од типот: "Can I talk about Spring Boot? Do you mean from a technical or a user perspective? Can I compare java with XML configuration?...", тогаш не ме ни интересира неговиот одговор.
Интересно е што ако на овие луѓе им ги цепкам прашањата, сите ќе ги одговорат точно. Пример, баш пред некој ден зборевме со еден кандидате за Depedency Injection во Spring. Кандидатот знаеше што е bean, што е IOC, како работи во spring итн. И јас му викам супер, еве кажи ми како ти би имплементирал Dependency Injection во plain java код.
Ликот се збуни скроз. Мислам, Spring е факинг java библиотека. Можеше истиот процес да го повтори.
Ама кандидатот никогаш не помислил на тоа. Тој се фокусирал да разбере како работат деталите во Spring, ама не седнал да ја разбере големата слика.
Не ме сфаќај погрешно, не викам дека ти си таков, само сакам да кажам како изгледаат работите од другата страна.
Гадно и педерски е што фирмите секогаш инсистираат техничките интервјуа да бидат во работно време, а нели, техничките интервјуа се исцрпувачки.
Е сеа или ќе поминам лошо, пошто у работно време имам интервју, или ќе треба да земам пола ден само за тоа да поминам добро и пак на крај "можеби" ќе ми дадат шанса... Мало сутра...
Имало и ситуации каде намерно те заебуваат со некои ненормални прашања ко што спомнаа горе за датабази, имало и блатантни превари каде што ти викаат "ќе ти пратиме тест со 3 прашања ала hackerrank, можеш да куцаш во C#/Java или C++", за да кога отворам има прашање од фронт енд јаваскрипт.
Ете имаше еден член кој пиша дека аплицирал на повеќе места а не добил одговор или го одбиле.
Мој совет е тоа да не го сфати лично и да продолжи да се надоградува.
You are not your job, you're not worthless if you fail an interview.
Цел овој хаос е пошто фирмите апла се гадни и ептен се иживуваат, затоа и луѓето во индустријава станаа такви. Малку замарање, сопки поставување, големи барања и тн и тн...
Види,во однос на времето за интервју, треба да сфатиш дека и тој што те интервјуира исто така е вработен. И тој човек сака да си заврши со работата во нормално време. Рачунај дека некој што прави интервјуа во големи фирми може да има по неколку интервјуа во неделата. Ако сите ги прави надвор од работно време, тогаш јебем ти позиција на intervivewer.
Во однос на фирмата, не треба да мислиш дека фирмите пробуваат да те заебат. Исто како ти што трошиш време, така и фирмата троши. Ако процесот на интервју не ти се допаѓа, тогаш супер, сфаќаш дека фирмата не е за тебе и си продолжуваш понатака. Многу луѓе не разбираат дека интервјуто не е само за фирмата да те процени тебе. И ти треба да го искористиш за максимално да ја процениш фирмата. Ќе поставиш максимално прашања до ХР,па ако поминеш техничко ќе бараш состанок со твојот иден менаџер и со твоите идни колеги. Ќе им поставиш милион прашања, се што те интересира.
Па тек тогаш ќе одлучиш дали ти се допаѓа работата или не.