- Член од
- 24 декември 2023
- Мислења
- 7
- Поени од реакции
- 3
Да ве замолам за совет тие што се медицински поупатени од мене. Јас имам комплексен проблем со кичмата кој може да се среди единствено со ризична операција. Бев во центар за болка и ортопедот ми препорача две медикатозни алтернативи за справување со болката. Првата е да ја лечам болката со NSAID лекови (ибупрофен, налгесин, кетонал итн) но докторот ме предупреди дека по 1-2 години континуирано примање на тие лекарства чир не ми гине или да почнам со второ предложената терапија - опиоиди, конкретно со трамадол (една 100 мг таблета со одложено дејство дневно) ама тие ствараат зависност и со текот на годините ќе престанат да делуваат па ќе морам или да ја зголемам дозата или да преминам на појак опиоид.
Незнам сега која опција да ја одберам или можеби постои некоја трета медикатозна опција. Пробав и со креми, масти и фластери ама тие слабо ми помагаат.
Секој совет ќе биде многу добредојден.
Незнам сега која опција да ја одберам или можеби постои некоја трета медикатозна опција. Пробав и со креми, масти и фластери ама тие слабо ми помагаат.
Секој совет ќе биде многу добредојден.