Јунајтед 11 години е во rebuild мод, секоја година купува по еден 100 милионски играч и никако да го најде вистинскиот. Иако завршил втор, во ниту една од тие 11 години не биле во реална битка за титула. 11 години адреналин немаат почувствувано како е да се бориш до последна секунда за трофеј. 11 години сте во Ливерпул фаза „следната е наша“. И баш тие навивачи се најгласни за „неуспехот на Ливерпул“ овие 11 години.
Јас би посакал повторно да се повторат овие 11 години, па макар повторно би завршиле со 1 трофеј па нека биде што ќе биде.
Нормално дека се памтат титули, ама не гледам никаква основа да фанови да Јунајтед дупат други фанови. Од сите големи екипи во топ 4 лигите Јунајтед е екипа со најмалце успеси од сите, во последните 10год. Леверкузен, Лестер, Наполи се со поголеми успеси од вас.
Кај немате успеси па и играта ви е тиња 10год.
И наместо да си седите тивко во дупката вие сте најгласни тука. Глејте ги Челзи, потонаа во две години и нигде ги нема веќе да дупат, играат паметно. РАТМ ништо чудно и да е обесен негде.
Вака, прво околу Јунајтед да почнеме, иако реално нема ни што да се дебатира. Пишав и на преходната страна дека веќе 10 години сме влезени во еден барабан, каде стално бараме замени за одредени играчи, па после и на замените им бараме замени, па и на тие замени бараме замени итн, итн.. Со еден збор, Јунајтед е веќе цела декада прави "чекор напред, назад два". И со Мурињо, и со Солскјер и со Тен Хаг, кој лани имаше и повеќе од солидна прва сезона, па еве оваа е можеби ќе излезе и најлоша во поблиската историја.
Така да, нема тука што да ја тупиме. Јас го земав за пример со 115те тужби за Сити, бидејќи е факт дека дури и како такви, беа два пати втори (колку што беше Клоп со Ливерпул), ама никој од нас не се замара да ги вади како аргумент и да измислува некакви успеси на Мурињо или Сослкјер на пример..
Од друга страна, фановите на Ливерпул, предводени од Карагер, се повеќе и повеќе butthurt, посебно откако најави Клоп дека си заминува на крај на сезона и секој втор муабет се тие 115 тужби на Сити кога и почне да се зборува за титули и нивното ривалство.
За тоа "да си седиме во дупката" бидејќи тимот немал успех, очигледно ја промашуваш поентата. Не е никаква тема на разговор за тоа кој тим е подобар од доаѓањето Клоп, не е предмет ни на никаква дебата ако се земат во предвид целокупните резултати. Не е ниту ситење дека Ливерпул не освоил титула. Да, се согласувам дека неможеш да се смееш на екипа што за малку извисила за титула ако си 30 поени позади нив.
Пецкањата доаѓаат бидејќи Арнолд беше најдобар десен бек некогаш виден во фудбалот, Робертсон за доручек го јадеше Евра, Ван Дајк најдобар стопер во историјата на ПЛ. Хазард го множеа со нула во споредбите со Салах, дури ми текнува дека се вадеа статистики како Салах стигнал до ХХ голови побрзо од Роналдо, а Роналдо беше практично детиште во првите 2-3 сезони на Олд Трафорд. Па дури дел се дрзнуваа да го рангираат Клоп пред Фергусон и од тука доаѓа "ликувањето" за бројот на титули што го освои оваа генерација на Ливерпул.
Во секој случај, Клоп ќе биде легенда на Премиер Лигата и несомнено е еден од топ 5 тренери во историјата на натпреварувањето. Мое мислење е дека извади максимум од добар дел на играчи на Ливерпул и дека ги има и такви што бувално му ја должат кариерата на него. Како што ги имаше и во Јунајтед на Фергусон. Се согласувам дека ја имаше несреќата да се натпреварува со "супер-тим" како Сити и дека во некои други околности, најверојатно ќе имаше барем уште титула, две на неговото конто.
Околу фудбалот и стилот на игра нема да правам муабет, вистински "хеви метал" фудбал, како што еднаш самиот го опиша ако не се лажам. Сепак, на крај ќе остане дека многу често во клучните моменти, му изостана тој завршен удар. Но и тоа е дел од спортот.