Лоша звучна изолација во стан

  • Креатор на темата Креатор на темата Stormchaser
  • Време на започнување Време на започнување
Мислиш на Knauf Diamant, тој е најскап и најтежок.

Си направил како што треба но сепак е можно пак некои фреквенции да продираат, затоа сеуште нешто се слуша.

Едино што си требал да направиш е да ставиш Knauf бандаж трака (мека е) меѓу профилите и ѕид/тава/патос за да имаат мека врска.
Дихтунг трака се вика тоа и да обавезно треба да се стави
Мислам грешката му е што ставил камена волна наместо тервол
 
Дихтунг трака се вика тоа и да обавезно треба да се стави
Мислам грешката му е што ставил камена волна наместо тервол

Не му е, доста статии по нет а и тој што ми го предложи решението специфицираше баш камена волна.
 
Ставив таква трака, мајстори си го правеа си ставија се што треба, а ставив и обична волна малце, таа што е ролована, инаку камена сите ми кажаа и по интерент видов дека е подобар звучен изолатор. Инаку не не е Diamant, мислам дека се викаше Vidiphonic или нешто така слично, ми рекоа дека е подобра и по интернет на спецификациите пишуваше дека е подобра, а и поскапа беше од тие.

Едино се мислам да залепам на едниот ѕид кој е накај надворешната страна, кој усвари иде по цел ред станови, (како од таму да ми доаѓа звук), али сакам само да залепам гипс 2 реда да не се замарам со бушење и слично, али во тој сличај неможам најверојатно да ставам камена волна. или?
 
Можеш да ставиш камена волна 5цм во конструкцијата (меѓу профилите) па над тоа да идат двата реда гипс. Земи дијамант Кнауф, и исто дихт трака, акрил можеш а и не мораш.
 
Ај да ви објаснам како се прават најчесто ѕидовиве во новиве згради меѓу станови. Најчесто се става Цигла блок (зависно каква е, колку коморен) најчесто 16 или 18цм 20цм, од едната страна на циглата се става малтер 1-2цм (може и МП да биде - не треба глет), глет, поликолор, а од другата страна ставаат подконструкција за гипс, внатре камена волна 6цм и Соник Гипс Табли х1. Најчесто проблемот е што ни Кнауф не знаат како да го решат тоа се штеќерите/прекидачи и дозните за нив што се отвараат соник гипс таблите и голема веројатност да пробива звук од таму (тоа нема да го слушнеш ако пикнеш глава до штеќер). Има згради кај што е меѓу станови ставаат сендвич ѕид односно - 10цм цигла 4цм стиропор па 10цм цигла. Не сум сигурен која е боље звучна изолација од овие 2 типа, лично мислам тип 1.
Проблемот е што "стандардот" што постои насекаде е до 52-53db, а тоа е зборење малце погласно, според мене решение на веќе готов стан е да си ја "намалиш" м² на собата со тоа што ќе направиш подконструкција со камена волна и соник гипс табли. Финансиски не е малце а и плус ја намалуваш собата што нема логика...
Ја лично делам соба со фамилија што имаат 4 5 годишно дете, од нивна страна е дневна, се слуша детето како на гитара треска или пак да му се дерат ако направи глупост. Ништо не инвестирав пошто да дадам 1000евра (најв помалце) и да ја намалам собата ми е нелогично (кај се веќе мали проектирани собите, уште да ја намалам). Ако толки имаш проблем, инвестирај си и не се замарај понатака, сепак има многу причини ако останиваш подолго да живееш во станот.
 
Кај штекерите и на споевите на гипс таблите се става акустичен sealant, или акрил ако не може да се најде првово. И да, скапо е и се намалува површината на собата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom