Ванковска уште од прв ден беше утка, кога ја објавија и се сипаа симпатизери на левица дека не е добар изборот...
Не знам од кај да почнам, сеопшта одвратност, дигнатост, латентност, просечност, нежно речниче, тешко лицемерие.
Никаков конкретен предлог за било што.
"Ќе напишеме нов Устав"..
- Каков е тој нов Устав ?
следува тука релативизирање и тн.
Општо мислам дека премалку е запознаена со ткивото на Левица, премалку ја "спремаа"...
На претходни избори ги гласав Левица, пред тоа 10 години не гласав. Нема теорија да ја гласам Ванковска едноставно...
Реално Гордана е Аристотел за Ванковска, а професорици се двете нели... Во поглед на знаење и поткованост.
Ванковска искрено капацитетот дури и и е надминат со професорска столица. И тоа и е многу.
Дури мислам дека она си го сфати ова како платформа за себепромоција колку она е елоквентна, начитана. 0 жар во кампања реално.
Само им наштети...
Проблемот со левица е економската и реал политика. Малку ептен забегуваат со некои ствари.
Имаат и они многу одвратни и латентни ликови во нивната партија, кои се носители на изборни единици.
Само декларативно и латентно се левичари, 20 души во президиум една марксистичка книга дали имаат прочитано.
Во оваа ситуација Левица е океј опција како опозициона партија, дали пак ќе ги гласам на парламентарни, искрено не знам, веројатно сега при оваа поставеност на нештата да, али во некои други времиња, тешко ...
Истата ситуација со die linke во Германија, вечита опозиција со 5-10% од гласови.