Повреден е колку што знам.
Ништо веќе, ни инкериве не фаќаат. Почнавме да губиме и кога не сум присутен во живо
Успеав да го гледам на стрим второто полувреме, а што да се каже освен дека то је то.
Не можеме да дадеме гол никако, како некоја магија да прават противничките голмани. Не заслуживме да загубиме ни со Воска, ни денес, ама тоа е што е.
Три порази со конкурентите за опстанок, со гол разлика 0-5.
Реков и претходно, џабе се критикува Омерагиќ, едноставно исти курац е кој и да игра.
Не се погоди Шушњара, Швајц потфрли тофално, Лемос се повреди, едноставно не се поклопија коцките.
Чиста среќа што Брегалница загуби, а Ѓорче прими гол и изигра нерешено. Ако победеа, толку ќе беше од нас.
Максимум може да фатиме бараж, ама за тоа не чека ПЕКОЛНА борба. Јас имам надеж дека Силекс и Тиквеш ќе ја дадат, а со Брега и Ѓорче сами ќе си ја кроиме судбината.
Со Брега играме на први мај, што значи слаба бројка на наши навивачи. Со Ѓорче решавачката за Велигден, во период кога Скопје ќе биде пусто. Нема полошо за нас од овој термин, многу ме плашат ѓорчевци.
Добро е што со Ѓорче имаме подобар меѓусебен, а Брегалница за да не премине во меѓусебните треба 2-3 разлика да не победи.
Разнишана е состојбата во тимот, не можеме да дадеме гол, а примаме ефтини голови. Навивачите прават голем притисок со очекувањата за опстанок и тоа се рефлектира катастрофално врз резултатите.
Ако не се лажам ние оваа сезона НЕ ОСВОИВМЕ НИТУ ЕДЕН БОД, кога протовникот прв дал гол.
Дури не се ни сеќавам дали некогаш сме успеале да израмниме ако први повеле противниците.
Ова е за книгата на негативни рекорди, не знам дали некогаш и се случило на некоја екипа воопшто.