Треба и стерилизација за улични кучиња. Никако не сум за еутаназија на кучиња, освен можеби исклучок да бидат преагресивни кучиња кои со други мерки не може да се смират.
Со контрола на домашните кучиња ќе се запре главниот извор на скитници. Тоа е главната поента... За другото може да се дискутира.
Јас лично сум за еутаназија па дури и заловување ако може безбедно да се изведе. Без разлика што кучињата не го заслужуваат тоа, безбедноста на луѓето мора да биде на прво место. Ретардирано е ова секојдневно луѓе да бидат касапени во сред град, а како што гледаме најранливи се жени, деца, и постари луѓе.
Но фокусирање на овој момент е дефокусирање од главниот проблем. Повторно, кога ќе се регулираат домашните кучиња тогаш проблемот со скитниците ќе биде многу полесен за решавање. Ете сега некако магично да ги снема сите џукели, за неколку месеци нови ќе се појават. Напуштени домашни кучиња... Кога луѓето нема можат без последици да фрлаат кучиња, тогаш ќе се реши проблемот. Куче ќе зимаат само тие што мислат да го чуваат.