Коментар .
Наназад ги прочитав ред други дека задожително било Мицковски да добие по секоја цена 61 пратеник .
Добро,се согласувам . Тој е реално сериозниот лидер во македонскиот блок после Апасиев . Што е разликата со Апасиев . Апасиев нема развиена машинерија и мнозинска подршка . Мицковски има и искрено добро ја одржува ,што е за големо браво и голем плус кај него , но што е разликата со Апасиев . Нема силно јас како лидер и лидерство . Нема радикалност . Премногу е мекуш . Во вакви моменти кога ДУИ и СДС играа со форсирање на своја политика и систем и догма ,немаш метода како да идеш контра едино ако си радикален и агресивен . Затоа скоро деценија беше ВМРО опозиција .
Во ред, Мицковски ќе добие 61 пратеник .
Ме интересираат неколку прашања и услови ?
Дали ќе спроведе судски процесирања против СДС и ДУИ ?
Дали ќе го тргне системот-рутина на партиски клиентелизам ?
Дали ќе направи ревидирање на Преспанскиот Договор ?
Дали ќе го укине договорот со Бугарија ?
Дали ќе постави услови кон ЕУ и Западот за комуникацијата и односот со Македонија ?
Стево Јакимовски вчера убава мисла кажа . Ние не сме сеуште официјална членка на ЕУ и не сме обрзани целосно да придржуваме до тоа што ЕУ го бара од нас за процесот за членство .Дека тоа се единствени критериуми за членство и нема репреговарање на други обиди ! Добро, чим така е , ние немаме целосна облигација кон ЕУ . Ако можат за задни 15 години да сменат неколку услови за членство,а БОСНА,МОЛДАВИЈА и УКРАИНА да стануваат членки а ние не , тогаш да бараме други региони за соработка . Брикс, Кина итн . Да им се постави услов на ЕУ до 2030,ако не се стартува , да си бараме чаре .
Но реалноста на терен е друга слика . Сдс сеуште се живи а Мицковски е амеба која иде и е хранет со гурабии од тате и мама . Дали ќе има 61 пратеник ? Не баш, ќе има одвај 55 пратеници . Ќе мора да има коалиција со Левица !
Друго Давкова да стане претседателка .
Добро, зошто да гласам за неа ако Мицковски е позади нејзе како спонзор ?
Еднаш народот има лошо искуство со Арсовска .
Дали има гаранција дека Давкова ќе биде независна и не е само уште еден вазал за политиките на ВМРО зошто Македонија е моментално во политичка голема криза ? Дали ќе има Данела 2,0 настан ? Персонално барам сигурност .
Според лични ставови , Ванковска,Јакимовски и Давкова се за мој глас .
Според политичко искуство Јакимовски,Давкова и Ванковска .
Комбинирано, Јакимовски,Давкова,Ванковска . Давам предност на искуството . Политиката е силно поле . Давкова и Јакимоски се искусни борци . Разликата е што Јакимовски има пракса, а Давкова е теорија во политиката . Нас како млада држава ни треба моментално политичка пракса на искуство . Зајакнување на државните институции, државна пропаганда и систем .